АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
1АД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработените
Балкан„Политика": Шовинизам за предизборни потреби во БугаријаВистинска шовинистичка фарса во режија на вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, го возбуди Балканот последните денови. „Вистинска шовинистичка фарса во режија на вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, го возбуди Балканот последните денови. Пред неполн месец, овој бугарски политичар и непоправлив шовинист, доктор по историски науки, ги нарече Србите „окупатори" на Македонија и јавно се побуни против наводното зајакнување на српското културно влијание во таа земја, и уште еднаш деновиве се „прослави", а по се судејќи и се засрами, пишува денешна „Политика", јави дописникот на МИА од Белград. -Тој им посака среќен 8-ми март на жените во Бугарија преку социјалните мрежи, објавувајќи честитка со силуета на мајка со дете и пораката: „Традиција, семејство, вредности". Честитката беше нацртана и испишана на мапата на земја што не постои, односно на „Голема Бугарија", на која беа припоени Македонија, дел од Грција и јужна Србија, вклучувајќи ги Ниш и Врање, пишува во текстот белградска „Политика". Поради оваа честитка и објавената мапа што ја покажува непостоечката, а за многумина националистички и хегемонистички настроени Бугари и нереализирана држава „Голема" или „Санстефанска Бугарија", на постапката на бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер на оваа земја официјално реагираше државниот врв на Македонија и претседателот Стево Пендаровски, кој меѓу другото кажа „дека бугарскиот министер за одбрана го крши Договорот за добрососедство. Бројни реакции и спротивставувања на ваквите „идеи" на бугарскиот политичар имаше и во Грција, наведува Политика. Сосема е јасно дека Красимир Каракачанов „живее во концептот од 19 век", кога имаше обиди териториите на Србија, Македонија и Грција да бидат во границите на „независна Бугарија", кои остана неисполнет и неостварен сон за Софија. Весникот пишува дека во рамките на границите на Красимир, бугарските претензии кон српските и македонските територии беа реализирани само во два кратки периода и во најцрните години на 20 век, за време на Првата и Втората светска војна, кога како окупатори и со отворена намера за бугаризација на граѓаните, припадниците на бугарската армија извршија големи злосторства врз цивилното население, кои не се забораваат. -По овој шовинистички излив на вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов, „Политика" на бугарскиот Конзулат во Ниш, му постави неколку прашања за тоа како и во колкава мера ставовите на Каракачанов од честитката на 8 март, но и говорите пред тоа, како што се изјавите за Србите како „окупатори на Македонија", влијаат на дипломатските односи меѓу Србија и Бугарија. Додека „Политика" ги чека одговорите на ова бугарско конзуларна преставништво, доц. Д-р Дејан Антиќ од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, познат српски историчар, за овој весник изјави дека на овие потези не треба да им се дава големо значење. Потезите на Красимир Каракачанов треба да бидат ставени во контекст на предизборната кампања што се спроведува во Бугарија пред парламентарните избори закажани за април годинава и не треба да им се дава големо значење. Но, не треба да се молчи, и поради домашната и европската јавност, мора да се каже дека неговата реторика за прашањето за југот на Србија и Македонија се заснова на историски фалсификати и фантазмагорија од невидени размери. Ниш и Врање никогаш не биле бугарски градови, освен за време на окупацијата во Првата и Втората светска војна, односно во периодот 1915-1918 година и 1941–1944 година, периоди на големи злосторства врз српското население од страна на бугарските вооружени сили, изјави д-р Антиќ. Територијалните претензии над Србија често се чувствуваат во изјавите на бугарските политичари, вели овој научник, нагласувајќи дека станува збор за „фантазмагорија". -Факт е дека во Бугарија има политичари чијашто национална мисла и патриотизам се темелат на погрешната „Санстефанска идеја", во која бугарскиот народ беше убеден на крајот од двете светски војни. Сепак, тоа не им пречи на членовите на бугарската ВМРО-БНД да ја искористат оваа утописка идеја заради собирање евтини политички поени, како што тоа го прават сега пред изборите во нивната земја. Затоа велам дека не треба да се обрнува посебно внимание на говорите на поединци, како што е Красимир Каракачанов, бидејќи ваквите воинствени изјави не придонесуваат за мир и стабилност на Балканот. Напротив, јасно е дека Србите и Бугарите треба да се свртат кон економската соработка и иднината, изјави доц. Д-р Антиќ за „Политика".оКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД ЕСМ со демант до СДСМ: Нема доцнење на платите во ЕСМ, компанијата ги осудува обидите за внесување немир кај вработенитеПлатата за вработените во АД ЕСМ ќе биде исплатена во законскиот рок. Тековните административни усогласувања во компанискиот систем за исплата на личниот доход, се должат на едновремените барања од над 140 вработени за ажурирање и промена на нивните лични податоци, што наметна потреба од дополнително време за нивна техничка обработка и верификација до 06.11., со цел да се обезбеди сигурна и точна распределба на средствата. Работењето на АД ЕСМ, кое изминатите две години минува низ интензивен процес на финансиска и техничко-технолошка консолидација, не треба во ниту еден случај да се поврзува со државниот Буџет, затоа што средствата за плати компанијата самостојно ги обезбедува без субвенции, за разлика од периодот 2021-2024 година. Компанијата најостро ги осудува обидите на одредени политички партии за саботажа на енергетскиот сектор односно преку тенденциозно и лицемерно користење на вонредните административни прилагодувања - да создаваат лажен наратив и да внесуваат немир помеѓу вработените. Во контекст на платите и надоместоците за вработените, би сакале да потсетиме дека е почнат процесот за зголемување на платите во АД ЕСМ согласно неодамна потпишаниот Колективен договор со репрезентативните синдикати. Исто така, на почетокот на јули е исплатен регресот за годишен одмор за 2026 година во 100% вредност, а последните две години вработените ја добиваат декемвриската плата пред почетокот на Новогодишните празници. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28