3СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
Здравје„Оземпик пенис“: Мажите кои го користеле Оземпик за слабеење пријавиле дека им се зголемува машкостаКако што расте популарноста на лековите како Оземпик и Маунџаро, сè повеќе се пријавуваат несакани ефекти. Светот има нов „рецепт“ за брзо слабеење, но творците на овој лек јасно нагласиле дека тој сепак не е наменет за тоа – туку дека губењето на тежината е само последица од неговата употреба. Сепак, како и да е, од ѕвезди од шоу-бизнисот во Америка па сè до обичните луѓе, сите го посакуваа овој лек за да ослабат без мака. А иако слабеењето е очигледно, изгледа дека кај мажите се одразува и на друг план, бидејќи неколку мажи кои земаат Оземпик споделиле на интернет дека лекот имал интересен ефект врз нивното "долу". Можеби ќе ве интересира: ЕМА: Популарниот лек за слабеење може да предизвика трајно слепило Оземпик е GLP-1 лек наменет за пациенти со дијабет тип 2, бидејќи го намалува шеќерот во крвта и создава чувство на ситост подолго време. Инјекцијата го забавува варењето, што помага луѓето поретко да чувствуваат глад, што природно води до слабеење. Сепак, како што би кажале и познати личности како Џереми Кларксон, постојат многу несакани ефекти на кои треба да се внимава кога се зема овој лек – како што е таканареченото „Оземпик лице“, еден од најчестите ефекти. Но, „Оземпик пенисот“ ги збунува некои мажи – иако тие не се разочарани (освен можеби оној што веќе има голем). Некои корисници пријавуваат дека по неколку месеци земање на лекот, забележале зголемување таму долу. Но, изгледа дека тоа е повеќе визуелен ефект – откако ќе се изгубат маснотиите околу тој предел, пенисот може само да изгледа поголем. Иако еден уролог веќе изгледа ја отфрлил оваа гласина, друг лекар од САД излезе со свое мислење и објаснување за тоа што всушност се случува во интимниот предел. Што кажа докторката за „Оземпик пенис“? Говорејќи на својот Јутјуб канал, д-р Џен Кодл објаснува: „Знаеме дека Оземпик и некои слични лекови – GLP-1 агонисти – се многу слични. Овие лекови се користат за дијабетес, слабеење, срцеви болести и друго. Ако ги користите за срцева болест или дијабетес, веројатно сепак ќе изгубите килограми. Мажите кои ги земаат овие лекови велат дека им се зголемил пенисот – но дали тоа навистина е несакан ефект? Јас не сум запознаена со никакви податоци кои укажуваат дека овие лекови предизвикуваат зголемување на пенисот. Мислам дека со губење на тежината, пенисот само изгледа поголем. Можеби ќе ве интересира: Сите го пиеме, а не знаеме како делува: Научниците конечно открија што навистина прави парацетамолот! Многу лекари веќе имаат зборувано дека кога се губи тежина, пенисот визуелно изгледа поголем. Масниот слој околу скротумот, стомакот што се превлекува преку него, масното ткиво на бутовите – кога сето тоа се намалува, пенисот изгледа подолг и поистакнат.“ Значи, иако Оземпик реално не зголемува , може да биде „вин-вин“ ситуација – пенисот изгледа поголем, и слабеете. Се разбира, само ако тоа го правите на правилен начин и со лекарски надзор. Извор: Лед БајблТагови: здравје Мажи Оземпик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалХаос во селекцијата на Франција, Мбапе и Зидан во конфликт?!Односите во таборот на француската фудбалска репрезентација наводно се сериозно разнишани, а во центарот на вниманието се новиот селектор Зинедин Зидан и капитенот Килијан Мбапе, пренесуваат локалните медиуми. Иако официјалната причина поради која напаѓачот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот од Лигата на нации против Италија е проблем со грбот, телевизискиот водител Сирил Ануна тврди дека повредата не е единствената причина за ваквиот развој на настаните. Гостувајќи во емисијата „Tout beau, tout neuf“, Ануна истакна дека постојат несогласувања меѓу селекторот и првата ѕвезда на тимот, како и дека Зидан нема намера да го толерира неговото однесување. Наводниот конфликт датира уште од првото собирање на националниот тим под водство на Зидан. Новиот селектор тогаш одлучил да го премести Мбапе на левата страна од нападот, додека улогата на централен напаѓач му ја доделил на Усман Дембеле. Оваа тактичка замисла наводно не наишла на одобрување кај капитенот на „триколорите“, со оглед на тоа што во дресот на Реал Мадрид, во последно време, тој главно игра како најистурен напаѓач. Покрај тоа, Хануна наведува дека Мбапе не бил задоволен ниту од својата физичка подготвеност, поради што не сакал да ризикува и да настапи против Италијанците. „Зидан нема да биде толку попустлив кон него како што беше Дидие Дешамп. Мбапе се однесуваше како разгалена ѕвезда, велејќи дека има многу повреди и дека не знае дали ќе игра. Зидан му одговорил дека тогаш нема ни да игра“, изјави Хануна. Според дополнителните тврдења на овој водител, ситуацијата во националниот тим е прилично напната, а односите меѓу Мбапе и одредени соиграчи, исто така, не се на најдобро ниво. Хануна заклучува дека Зидан одлучил веднаш да воспостави јасен авторитет и му соопштил на капитенот дека тој нема да биде во составот за натпреварот против Италија, напоменувајќи дека би можел да се врати во тимот за следниот натпревар против Турција. Пораз од Италија Во 5. коло од Лигата на нации, Франција беше поразена од Италија во Милано. Резултатот на натпреварот беше 3:1, а Италијанците победија по пресврт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter