ЕМА: Популарниот лек за слабеење може да предизвика трајно слепило - Канал 5

ЕМА: Популарниот лек за слабеење може да предизвика трајно слепило

Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро познатиот Оземпик, се поврзани со зголемен ризик од развој на ретко очно нарушување што може да доведе до трајно губење на видот.

ЕМА: Популарниот лек за слабеење може да предизвика трајно слепило

Лековите за слабеење и дијабетес што содржат семаглутид, вклучувајќи го и добро познатиот Оземпик, се поврзани со зголемен ризик од развој на ретко очно нарушување што може да доведе до трајно губење на видот, објави денес Европската агенција за лекови (EMA).

EMA ја заврши истрагата за несаканите ефекти

Оваа информација доаѓа откако Комитетот за безбедност на лекови (PRAC) на EMA заврши едномесечна истрага за можна врска помеѓу семаглутид и развојот на болест позната како неартериска предна исхемична оптичка невропатија (NAION), пишува Politico.

Тоа е состојба предизвикана од намален проток на крв во оптичкиот нерв, што може да предизвика оштетување на нервите и неповратно губење на видот. Според резултатите од истрагата, NAION сега се смета за „многу редок несакан ефект“ на лекови што содржат семаглутид, вклучувајќи ги Оземпик, Вегови и Рибелсус. Ова значи дека може да влијае на до еден од 10.000 пациенти кои ги земаат овие лекови.

PRAC објави дека е забележан двоен ризик од развој на NAION кај луѓе со дијабетес кои земаат семаглутид во споредба со оние што не го користат.

Нови предупредувања во информациите за производот

EMA побара информациите за производот да се ажурираат за да вклучат предупредување за овој многу редок несакан ефект. Европската комисија ќе донесе конечна одлука за измена на одобрението.

Лековите базирани на семаглутид, особено Оземпик и Вегови произведени од данската фармацевтска компанија Ново Нордиск, добија огромна глобална популарност во последниве години - не само поради нивната ефикасност во третманот на дијабетес тип 2, туку и поради нивниот ефект врз намалувањето на телесната тежина, што доведе до нивна широка употреба надвор од нивната оригинална индикација.

Се користи сè повеќе и повеќе

Објавата доаѓа во услови на растечка јавна дебата за безбедноста на лековите за слабеење, чија употреба е популаризирана од бројни познати личности, дополнително поттикнувајќи ја побарувачката на европските и американските пазари.

Според правилата на ЕУ, семаглутидот моментално е одобрен во неколку различни формулации, вклучувајќи Оземпик (за дијабетес), Вегови (за дебелина) и Рибелсус (орална верзија за дијабетес), сите од кои ја делат истата активна состојка.

Оваа нова проценка на ризикот ја истакнува потребата од внимателно следење на можните несакани ефекти кај лековите што се користат кај многу широка популација, предупредува Европската регулаторна агенција. ЕМА во моментов не препорачува прекин на употребата на лекови, но ги повикува лекарите и пациентите да бидат повнимателни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин.

Рути: Сè уште не е јасно дали мирот е близу

„Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин.

Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори.

„Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер