Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
2Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула
3Николоски: Имаме договори со Хрватска, Швајцарија и Романија,во октомври очекувам договор со Словенија
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
1Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Култура„На север од егејскиот свет" – нова книга на археологот Драги Митревски Книгата е базирана на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор. „Македоника литера" ја објави книгата „На север од егејскиот свет" од Драги Митревски, која е сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Како што соопшти издавачката куќа, книгата е целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. – Книгата е базирана на севкупните досегашни археолошки откритија од териториите на денешните модерни држави на тој простор, обединувајќи ги на едно место во цврсто документирана научна целина, која преставува драгоцен прилог за балканската археологија и културна историја. Таа е плод на тридецениското проучување и документирање на сите археолошки податоци што произлегуваат од теренските истражувања на локалитетите од бронзеното и железното време на територијата на целата т.н. среднобалканска зона, соопшти „Македоника литера". Во предговорот на книгата авторот Митревски пишува дека белезите на материјалната и духовна култура на заедниците на север од егејскиот свет, според археолошките наоди, во многу сегменти се блиски меѓу себе, но и во речиси ист однос, како кон истовремените појави на југ во егејскиот басен, така и кон културите на север, во карпатско-подунавскиот басен. -Оттаму се поставува прашањето дали тој регион да се посматра како северна периферија на т.н. егејски свет, како јужна периферија на карпатско-подунавскиот свет или како засебна етнокултурна структура. За одговор на ова прашање неопходно е да се сумираат сите податоци што произлегуваат од археолошките истражувања во последните 100 години, од денешните територии на Јужна Албанија, Северна Македонија, Северна Грција и Јужна Бугарија, вели авторот на книгата која е илустрирана со стотина фотографии. Д-р Драги Митревски е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за археологија. Ги предава предметите Праисториска археологија, Протоисториска археологија и Методологија на археолошките истражувања. Автор е на десет монографии и 80 трудови публикувани во различни домашни и странски стручни списанија. Реализирал триесетина археолошки проекти меѓу кои најзначајни се повеќегодишните истражувања на локалитети: Вардарски Рид – Гевгелија, Скопско кале, Уланци – Градско и Билазора – Свети Николе. Корисник е на странски стипендии како Фулбрајтова стипендија за постдокторска работа на Бостонскиот универзитет, САД и германска стипендија за истражувања во Ромиш – Германскиот централен музеј во Мајнц. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои и највисоката државна награда за дострели во науката и образованието „Св. Климент Охридски", како и промоцијата во почесен член на Бугарската академија на науките. -Митревски е еден од најавторитетните археолози на Балканот за периодот на бронзеното и железното време. Тој лично учествувал во најголем број од истражувањата во последните 35 години во споменатиот регион од Балканот, било како непосреден раководител, како стручен консултант или како гостин во стручната екипа, особено на локалитетите во Република Македонија. Сето тоа му овозможува научна и стручна компетенција за овој проект, со кој се заокружува доволно документирана слика за културниот развиток на наведената територија во споменатиот период, соопшти „Македоника литера". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно местоСветската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“. Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент. „Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм. Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос. Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЗабаваФото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одморЕден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ. Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ. Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму. – Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии. Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед. Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.Тагови: Роџер Федерер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот. Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски. Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби. Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола. Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан. За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook