Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
2Пропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“
Емисии„На чекор до рајот“ на Канал 5„На чекор до рајот“ не е само серијал туку покана да застанеш, да забавиш, да се потсетиш. Зашто понекогаш, најголемите чуда не се на крајот од светот туку веднаш тука, чекор подалеку од секојдневието. Чекор што вреди да се направи.„На чекор до рајот“ е документарен серијал што отвора врати кон најавтентичните приказни скриени зад селските порти, планинските патеки и древните обичаи. Патуваме низ места каде културата сè уште дише, традицијата се негува со гордост, а вкусот на домашната храна носи спомени што не си ги знаел дека ги имаш. Секој чекор е средба со луѓе што зрачат со топлина, со занаетчии чии раце раскажуваат, со рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација. Ова не е само патување низ просторот туку и низ времето кон корените, кон вредностите, кон сето она што нè прави тоа што сме. Ќе го слушнеме звукот на старата песна, ќе го почувствуваме мирисот на тазе испечен леб и ќе видиме како обичниот ден во едно мало место може да изгледа како вечност. Од високите планини до тивките езера, од глинени садови до шарени носии, секоја епизода е честичка од мозаикот наречен македонска душа. Серијалот го поврзува минатото со сегашноста, а локалното го издигнува на ниво на универзална убавина.Тагови: „На чекор до рајот“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетмина тинејџери загинале возејќи во спротивен правец за да снимат видео на Тик-ТокПет тинејџери загинале во Ирска додека се снимале себеси за Тик-Ток како возат во спротивна насока на автопат.Трагичната сообраќајна несреќа, која повторно го отвори прашањето за опасниот тренд на објавување снимки од диво возење на социјалните мрежи, се случила на 16 август, кога момчињата на возраст од 15 до 18 години маскирани со автомобил „БМВ“ се обидувале да предизвикаат полициска потера. Нивиното возило се судрило со „Хјундаи“ во кој патувале три сестри и едно дете, кои биле сериозно повредени.Тагови: Ирска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПропаднаа преговорите САД-Канада: Трамп ги активира царините од 50%, Карни најави царини „долар за долар“Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50% што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи.Канадскиот премиер Марк Карни синоќа соопшти дека одлучил да ги прекине преговорите. - Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање кредибилитетот на кој било договор, рече Карни и објави дека Канада ќе воведе еквивалентни царини „долар за долар“ за американскиот увоз. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека царините, кои се однесуваат на канадската стока во вредност од околу 20 милијарди долари, стапуваат во сила денеска.Тагови: канада САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп го нарече Ормускиот теснец американска територијаАмериканскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај.Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави дека теснецот во моментов го гледа како американска територија и додаде дека сè уште не знаат дали победиле. Во текот на говорот, тој се пошегува и околу нападите врз Иран, велејќи дека е петок навечер и дека имаат многу време. Американската централна команда соопшти на социјалните мрежи дека воените сили досега пренасочиле 68 комерцијални бродови со цел почитување на блокадата. Администрацијата на Трамп врши финансиски притисок врз Иран преку ограничување на пристапот до водниот пат кој граничи со Иран и Оман и низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската нафта што се пренесува по морски пат.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter