„Модерна“ ангажирала ФБИ агент за да го следи Ѓоковиќ поради неговиот став за ковид- вакцините - Канал 5

„Модерна“ ангажирала ФБИ агент за да го следи Ѓоковиќ поради неговиот став за ковид- вакцините

Податоците за бројот на заразени со ковид, мутациите на болеста и начините за заштита од неа се уште се пренесуваат низ медиумите, но тие веќе не се во центарот на вниманието.

„Модерна“ ангажирала ФБИ агент за да го следи Ѓоковиќ поради неговиот став за ковид- вакцините

А сепак, денеска „протече“ информација која доста го шокираше целиот свет, особено во американските медиуми.

Според „Њујорк пост“, познатата фармацевтска компанија која се занимава со производство на вакцини во борбата против коронавирусот, Модерна, ангажирала поранешен агент на ФБИ да направи извештај во компанијата за познати личности со висок ризик кои имаат негативен став за вакцинацијата.

Меѓу оние на листата најмногу се издвојуваат имињата на Новак Ѓоковиќ, Илон Маск и Расел Бренда. Секој од нив јавно ја критикуваше задолжителната вакцинација.

Како што се наведува во текстот на „Њујорк пост“ во Модерна, се работело на формирање тим од функционери и „оддел за дезинформации“ кои треба да го следат нивото на јавното расположение во однос на процесот на вакцинација.

Меѓу другото, во еден од извештаите што е нарачан и на кој би требало да работи поранешниот агент на ФБИ се вели дека „Ѓоковиќ, крунисан анти херој по победата на УС Опен“. Да потсетиме. По две години отсуство од турнирот во Големото јаболко поради забраната за лица кои не се вакцинирани, Ноле победи на овогодинешниот УС Опен. Модерна беше против Ѓоковиќ да се натпреварува и оваа сезона бидејќи тие беа еден од спонзорите на натпреварувањето, но нивната желба не беше исполнета.

Поради коментарите во јавноста и на социјалните мрежи по триумфот на српскиот ас, во кои многумина ја исмејуваа компанијата, сметаат дека тоа го нарушило угледот на компанијата и затоа ги презеле горенаведените чекори.

Да потсетиме, Ѓоковиќ никогаш не посочи дека е против самата вакцина, туку дека се залага за слобода на избор и отворено беше против наметнување задолжителна вакцинација.

-Никогаш не бев против вакцините, ги примав како дете, но секогаш ја поддржував слободата на избор на она што го внесувате во вашето тело. Принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам што повеќе да бидам во хармонија со моето тело – изјави еднаш Ѓоковиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Шпанскиот шампион Барселона и европскиот првак  Пари Сен Жермен постигнаа начелен договор за трансферот на 26 годишниот  репрезенативец на Шпанија, Феран Торес во Париз. 

Барса и ПСЖ се договорија, Феран заминува во Париз

Со тоа, еден од шпанските херои од Светското првенство е пред преселба во Париз, во зделка вредна вкупно 55 милиони евра.

Двата европски гиганти се договорија за клучните услови по интензивни преговори, пренесува каталонскиот медиум „Спорт“. ПСЖ мораше да ја зголеми понудата Преговорите не беа едноставни.

ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси, но каталонскиот клуб го одби предлогот. Барселона јасно стави до знаење дека бара загарантирана сума од најмалку 50 милиони евра. Парижаните потоа го зголемија фиксниот дел од понудата.

Според последните информации, договорената формула предвидува моментална исплата од 50 милиони евра плус уште 5 милиони евра во потенцијални бонуси – што е минималниот праг што Барселона беше подготвена да го прифати.

Преговорите ги водеа спортските директори Деко и Луис Кампос, а заминувањето на Торес сега се смета за прашање на време. Се очекува напаѓачот да се прости од своите сегашни соиграчи во тренинг-кампот во среда.

Една од клучните фигури во целиот договор е тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Тој има многу високо мислење за Торес – бидејќи добро го познава од шпанската репрезентација – и токму тој му го претстави проектот и му ја објасни улогата што ја планира за него во Париз.

Иако ПСЖ веќе ги има Усман Дембеле, Квича Кварацхелија и Дезире Дуе во нападот, Луис Енрике сакаше дополнителна ширина во составот и играч способен да ги покрие сите три напаѓачки позиции. Торес одговара на овој профил, бидејќи може да игра на двете крила, како и во средината на нападот.

Тој веќе е навикнат на барањата на системот на Енрике и одлично се снаоѓа при напаѓање на слободниот простор. Интересот на ПСЖ не е нов; француските и шпанските медиуми уште во јули известуваа дека парижаните веќе стапиле во контакт со тимот на Торес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат.

СДСМ: Пет недели труење во Гостивар - Мицкоски ниту еднаш не отиде, оди на одмор

Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња.

Деца, стари, болни - сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода.

Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари.

Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар.

Не само што не дојде.

Тој замина на годишен одмор.

Единственото што го направи во овој период беше да го нарече сопствениот народ „талог“ и да продолжи со кампања на поделби и сеење омраза - по методите на Ванчо Михајлов и Александар Вучиќ.

Додека граѓаните пијат вода од шишиња и чекаат да престане труењето, премиерот е на одмор и ја напаѓа сопствената јавност.

Ова е односот на оваа власт кон луѓето.

Кога има лента за сечење - доаѓаат. Кога има криза што ги погаѓа обичните граѓани - исчезнуваат и напаѓаат.

Пет недели.

Ниту една посета.

Годишен одмор.

И кампања против сопствениот народ.

Тоа е сè што треба да се знае за приоритетите на Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО.

Скопје, 12.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една година

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во телевизиско тгостување рече дека проблемот со свлечиштето на патот кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода е комплициран и бара поголема експертиза.

Николоски: Очекувам свлечиштето на патот кон населбата Теферич да биде санирано за една година

Николоски рече дека затоа министерството ќе ја преземе обврската да го санира.

„ Имајќи предвид дека се работи за проблематика што е мошне сложена, за проблематика каде што е потребна голема стручност, сметавме дека е добро тоа да го преземе министерството за транспорт, со експертите што ги имаме и на тој начин да се санира проблемот. Рече Николоски.

Тој нагласи и дека тендерот за изведувач сè уште трае, а по изборот на изведувач ќе започнат работите на терен и очекува за една година проблемот со лизгањето на земјиштето да биде решен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер