Милош Биковиќ преку фотографија се пошегува со неговите обожаватели - Канал 5

Милош Биковиќ преку фотографија се пошегува со неговите обожаватели

Тој  ги праша своите обожаватели дали им се допаѓа како ја преуредил бањата (фото)

 Милош Биковиќ преку фотографија се пошегува со неговите обожаватели

Актерот ужива на одмор на Малдиви, а со фановите се пошегува со фотографија од плажа.

Кога си познат актер, а притоа еден од омилените во Србија и Русија, логично е да имаш многу малку време за одмор. Ова редовно му се случува на актерот Милош Биковиќ, па тој не ја криеше среќата кога по напорното снимање замина на долгоочекуваниот одмор.

Биковиќ ужива на Малдиви, а на обожавателите им се смешка со фотографии од плажа.

- Дали ви се допаѓа како ја преуредив бањата? - се пошегува Милош.

Пред еден месец тој со својата девојка Ивана Малиќ уживаше на Бали, а сега решил да замине на Малдиви, каде ужива во погледот на отворено море и ги провоцира своите придружници на Инстаграм.

Милош пред неколку дена ја објави првата фотографија од Малдивите, на која се гледа колку ужива во одморот.

- Слика од некој лик кој потсетува на мене и оди на одмор во некој период кога тој имал слободно време. Тој лик постојано се жали дека малку одмара, а многу работи. И неговиот ИГ-профил изгледа како само да одмара и како воопшто да не работи. Но, тој уверува дека не е така, туку дека само така „ги закачува“ сликите – напишал во описот на фотографијата.

Препознатливата насмевка на актерот е забележлива и на другите фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим Хајредини

Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат.

ММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим Хајредини

Со тага и болка ја примивме веста за смртта на оперативниот директор на Алсат, нашиот колега и голем пријател, Лирим Хајредини. Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат , работеше и во невладиниот сектор а беше искусен професионалец во областа на менаџментот и маркетингот. Заедно со него како еснаф се боревме за професионализација и подобри услови на сите наши колеги во медиумскиот простор.

Вработените во националните комерцијални ТВ станици изразуваат длабоко сочуство до семејството и најблиските .

ММА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?

За прв пат по Брегзит, Европската Унија има сериозна можност повторно да расте. 

Исланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?

Додека Црна Гора е блиску до членство, Албанија брзо напредува, а Украина и Молдавија амбициозно ги почнаа процесите, Исланд по повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, повторно се враќа на голема врата. Но пред нив е референдум за две недели, на кои Исланѓаните ќе се изјаснат дали се за рестартирање на напуштените пристапни преговорите. Пред клучниот 29-ти август, нацијата е поделена, иако последните анкети покажуваат предност на проевропски настроените граѓани со 53 наспрема 47.

-Мислам дека Исланд е многу блиску до ЕУ. Некои ќе речат дека сме 75% во ЕУ. Никогаш не сме гласале за ова. Граѓаните никогаш не добија можност да се изјаснат дали сакаат целосно да се приклучат кон ЕУ или не. Ова е референдум за постигнување договор. На пример: „дали сакате повторно да ги отвориме преговорите и да ги завршиме“, а потоа штом имаме договор, ќе имаме уште еден референдум на кој ќе кажеме „да“ или „не“. , изјави Катрин Гунардотир, премиерка на Исланд.

Исланд ги напушти преговорите со Еу во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили. За само три години од 33 поглавја, успеа да отвори дури 27, а да затвори 11. Затоа, не случајно, во случај на позитивен референдум, Брисел не исклучува можност Исланд со популација од само 400 илјади жители, но стратешка положба и економија силно повзрана со остатокот на светот, во пакет со Црна Гора да стане членка на ЕУ во наредните две години.

-Сега го имате Балканот како тропа на врата, други источноевропски земји, дури и Украина. Мислам дека овој вид проширување е многу поразличен. Се работи за северозапад. Исто така со економијата, земја која има висок БПД по глава на жител, ниска невработеност, високи стандарди за социјална помош. Се справуваме добро со сите работи и веројатно ќе биде брз процес. , вели Катрин Гунардотир.

Темпото на проширување во најголем дел ќе зависи и од новите правила кои ги крои Европската Унија, поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето на клучните одлуки во блокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МПЦ-ОА: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат

МПЦ ОА ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи од каде и да доаѓаат. Реакцијата на Синодот на МПЦ -ОА доаѓа по неодамнешната изјава на српскиот претседател во Мркониќ град за тоа дека српската црква е иста и во Скопје.

МПЦ-ОА: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат

„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, стои во реакцијата.

Свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво...Со тоа се надминуваат, како што се посочува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“.

Евангелието христово, верата во воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА. Се наведува во реакцијата на мпц-оа, во која се додава дека се отфрлаат сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер