„Македонија не е Грција“ – книга од турскиот генерал Ердоѓан Ознал со факти за Македонија и Македонците - Канал 5

„Македонија не е Грција“ – книга од турскиот генерал Ердоѓан Ознал со факти за Македонија и Македонците

 „Матица македонска“ ја објави книгата „Македонија не е Грција“ од Ердоѓан Ознал, генерал на Корпус во Турската армија, познат истражувач и толкувач на балканските состојби.

„Македонија не е Грција“ – книга од турскиот генерал Ердоѓан Ознал со факти за Македонија и Македонците

Ова капитално дело за првпат е објавено во Анкара, во 1993 година, кога силно ја разбранува и грчката јавност, а „Матица македонска“ го објавува во превод на македонски јазик. Македонија не е Грција и гледано низ историјата, никогаш не била грчка. Македонскиот народ, историски и етнички, никогаш не бил грчки – тој е посебен, вековен народ. Секој народ, сам си го избира своето име. Македонскиот јазик е единствен. Грција го лаже Балканот. Историските, културните и етничките вистини на Македонците треба да се признаваат. Ова се само дел од пораките испратени со насловите на поглавјата на оваа книга мала по обем, но голема според опфатот на нејзината содржина, напишана со користење документи и податоци од архивите на Отоманската империја, вклучително и од Турскиот воен архив.

Како што е наведено во соопштението од „Матица македонска“ , во 1993 година, Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествуваше на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги и на транспаренти по ридовите на Атина, секаде читал иста реченица: „Македонија е Грција“. „Грците без престан повторуваа дека Македонија отсекогаш била грчка, дека нема македонски народ итн...“ – сведочи самиот Ознан. Иритиран, побарал збор на симпозиумот и пред 150 присутни рекол: „Македонија не е Грција“, по што настанал молк, без спротивставување од кој и да е друг учесник. Веднаш по враќањето во Турција ја пишува оваа книга којашто говори со јазикот на фактите и ја отсликува Македонија низ вековите во нејзината вистинска светлина. Всушност, „Македонија не е Грција“ е најуверлива негација на грчките небулози, пројавувани во подолг временски период и, особено, по осамостојувањето на Македонија.

- Кога ја пишував книгата бев главен на воените историчари, иако јас не сум историчар по вокација, туку воен пилот. Во Воениот архив имав на располагање 8 милиони документи од 1853. до 1974 година. Таму најдов дека од 1453 година кога султанот Мехмед Втори Фатих го освоил Истанбул, па сѐ до почетокот на XIX век, македонскиот народ бил оставен да живее под Грчката патријаршија. Бидејќи македонскиот народ бил под посебна пресија за асимилација, на 11 март 1870 на Македонците им се дозволило да формираат своја црква, што говори дека Македонците и тогаш биле посебен народ, напоменал Ознал.

Во книгата се презентирани дел од османлиските архиви за границите на Македонија во рамките на Отоманската империја, табеларни прикази за бројот на жителите, територијата како и пописот на населението од 1904 година за тоа кои народи живеаат во Македонија и колкав е бројот на жителите пооделно за секој од нив. Меѓу другото, турскиот генерал, низ податоци од Турскиот воен архив ја покажува жестоката асимилаторска политика на Грција кон Македонците.

-На пописот во 1904 година ги имаше 896.494, во 1913 година – 329.371, а на пописите во 1926 и 1940 година веднаш ги снема. Каде отиде македонскиот народ, што стана со него?“, прашува во книгата.

Притоа, Ознал пишува и за геноцидот врз Македонците од 1913-1918 година, кој го смета за многу поголем од голготата во 1948 година во Егејска Македонија, под Грција. Според турските архиви, турскиот Генералштаб располага со фрапантни податоци за масовен егзодус на Македонците од Егејска Македонија, присилно протерани во Бугарија. Ги издвојува и податоците за протерани Македонци од Егејскиот дел на Македонија по населени места: Кукуш 18.989, Серес 11.404, Зрнево 11.223, Демир Хисар 10.576, Сланик 7.285, Вардарски долен дел 7.257, Герман 5.195, Драма 4.233, Кесри 3.577, Селаник 1.782, Лерин 1.676, Лагадин 1.581, Зенес 1.442, Меглен 1.233, Воден 449, Кавала 381, Нигри 326, Бер 114, Ѓунеи 285 итн.

Ознал се осврнува и на проблемите актуелни по осамостојувањето на Македонија, поврзувајќи ги со историскиот контекст и претходниот однос на Грција кон Македонците, Македонија и македонското прашање.

- Во весникот „Напредок“ што излегува во Солун, а се печати на француски јазик, во бројот што излезе на 26 октомври 1926 година, се констатира дека егејскиот дел на Македонија целосно се погрчил. Во големата енциклопедија на Грција, на страница 410 се вели: „Со вселувањето на Грците што се иселија од Турција во егејскиот дел на Македонија извршивме еден голем патриотски долг', има забележано Ознал во книгата, за потоа да напомене и дека во 1990 година, службите за човекови права во САД јавно проговорија дека Македонците како што ги има во Република Македонија, во Бугарија и во Албанија, ги има и во Грција. Според него, иако Грција беше бесна, оваа констатација за постоењето на Македонци во оваа земја беше од голема полза светот да ја дознае вистината. Ако не постоеше овој народ и оваа нација, зошто Караманлис во 1992 леејќи крокодилски солзи на аеродромот во Солун рече дека Киро Глигоров ќе се кае за она што го вели и што го прави, прашува турскиот генерал во книгата.

„Македонија не е Грција“, како ретко која друга публикација има предизвикано реакции во Грција, со бројни написи во медиумите, со реакција, вклчително и за тоа што иако ставовите во книгата не се на официјална Турција, книгата е печатена во печатницата на турскиот Генералштаб и со тоа добива полуофицијален карактер.

Инаку, Ердоѓан Ознал има македонски корени – неговиот татко е роден во Дојран, а за време на Балканските војни со родителите бега за Турција. Генерал Ознал, во 2017 година, за првпат ја посети Македонија и ги обликоли местата за кои како дете слушал од татко му.

Во текот на месецов, меѓу другото, во „Матица македонска“ се одвива акција во која сите книги што се однесуваат на македонскиот национален идентитет се достапни по половина цена. До крајот на август, книгоиздавателството ќе објави и неколку нови изданија што се однесуваат на важни прашања за Македонија, за нејзината историја и за нејзината сегашност. „Македонија не е Грција“ е една од тие книги./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер