„М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI - Канал 5

„М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

Компанијата „М Кар“, увозник и дистрибутер на брендовите BMW и MINI за Македонија и Косово го одбележува својот 5-ти роденден, создавајќи успешна приказна на пазарот за премиум автомобили. 

„М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

Од 2015 година компанијата бележи континуиран раст, при што од затворено дилерство со посветеност и грижа кон корисниците, постепено ја врати довербата и го достигна приматот – број 1 во премиум сегментот во Македонија за 2020 година, пред своите клучни конкуренти Мерцедес и Ауди.

„Со напорна работа, посветеност и визија во текот на овие 5 години успеавме брендовите BMW и MINI да ги етаблираме на највисока позиција на македонскиот пазар. Со континуирано исполнување на најновите стандарди на групацијата BMW, поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на брендовите кои ги застапуваме и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар секогаш цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите клиенти. Нашата стратегија е секогаш да го ставиме клиентот во фокусот на апсолутно секој вработен во нашата компанија, се трудиме на персонализиран третман, овозможувајќи уникатно искуство, како и предвидување на потребите и надминување на очекувањата на клиентот. Иако нашите инвестиции во образованието, дигитализацијата и модернизацијата на нашите услуги се значајни, мислам дека причината зошто оваа година успеавме да бидеме број 1 во премиум сегментот во Македонија и покрај пандемијата и отежнатите услови за работа, лежи токму во овој пристап како и силните продукти и подршката од принципалите, а тоа го прави нашиот успех уште повреден за нас како тим“.- истакна генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски.

Уште во втората година од своето постоење, во 2016 година компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“. Оваа награда претставува престижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.

Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми. Некои од позначајните настани организирани од страна на М Кар во изманитиве 5 години се:

„BMW Generation X roadshow 2016г.“ – неколкудневен настан во соработка со групацијата BMW каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја тестираат xDrive технологија на најновите модели од BMW X семејството на возбудлива off road рута;

„М Car отворени врати 2016г.“ - каде пошироката јавност имаше можност да се запознае со целото работење на продажниот - сервисен центар како и да ги тестира најновите BMW и MINI модели;

„Бизнис Атлет 2017г.“ – уникатeн вечерен настан во М Кар за промоција на новиот BMW Серија 5 Седан;

„Самит 100“ 2017г. - официјален превозник на бизнис самитот

„Дигитален самит за земјите од Западен Балкан 2018“ - официјален превозник на делегациите на самитот.

“The Boss is Back” 2018г.– дневно, премиум искуство за промоција на новиот BMW X5;

2019г. Соработка со музичката легенда Влатко Стефановски, кој креираше афтентично BMW звучно лого за кампања за новиот BMW Серија 3 Седан.

Новиот BMW Серија 3 Седан официјален автомобил на „Fashion Weekend 2019г.“

GKL+ 2019г. - престижна 7 степена гала вечера за промоција на три водечки BMW модели од луксузниот сегмент: првиот BMW X7, новиот BMW 7 и сосема новиот BMW 8 Coupe, каде специјален гостин на настанот беше Влатко Стефановски.

Едно од останатите достигнувања на М Кар во изминатите години, вредно да се спомне е домаќин на BMW Football Importers Cup во 2019 година BMW Football Importers Cup е фудбалски натпревар за импортерите на BMW од регионот Африка, Карибите и Источна Европа, кој минатата година се одржа во Националната Арена Тоше Проески. Овој настан веќе неколку години традиционално се оддржува во различна земја од овој регион. Во 2019 година се оддржа по четврти пат во Скопје, по организираните натпревари во Минхен, Загреб и Белград во изминатите три години.

На настанот присуствуваа претставници на највисокото раководство на BMW Group за регионот, имено д-р. Томас Рин, генерален директор на BMW Group за регионот: Африка, Карибите и Источна Европа, како и останати претставници на високиот менаџмент од BMW Group и импортерите на BMW.

Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и MINI Electric.

По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. 

Босанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени

Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години?

Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата.

Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила.

Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт.

Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума.

Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач.

Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот.

Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено.

Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф.

Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!

Холанѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно

Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години.

„Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан.

Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година.

Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал.

Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож.

Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство.

Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило.

Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста.

Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно.

Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.

Бран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите

Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos.

Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови.

Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз.

Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата.

Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата.

На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември.

Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат.

Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември.

Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“.

Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата.

Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер