„Лирска вечер" на „Охридско лето" со македонски солисти - Канал 5

„Лирска вечер" на „Охридско лето" со македонски солисти

Во рамки на музичката програма на Фестивалот „Охридско лето" за вечерва е предвидена „Лирска вечер" со домашните уметници, сопраните Милена Арсовска и Гонца Богоромова Краповски, како и бас-баритонот Иван Наумовски.

„Лирска вечер" на „Охридско лето" со македонски солисти

Сопранот Милена Арсовска е една од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера. Дипломира соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Милена Арсовска дебитира во Македонската опера и балет каде што настапува во продукциите на оперите: „Волшебната флејта", „Свртување на шрафот", „Италијанка во Алжир", „Рита"... Дебито во Театарот во Виена доаѓа во 2010 година со настап во оперетата „Лилјакот" и „Суор Анџелика" а понатаму настапува во театрите во Магдебург, Националниот театар во Вајмар, Националната опера во Прага и Острава, како и на повеќе реномирани фестивали. Арсовска редовно настапува на концертните сцени во Виена, а концертните турнеи ја водат низ Европа, Јапонија, Кина и САД. Нејзините снимени изданија ја вклучуваат живата снимка на „Чичестерови псалми" од Леонард Бернштајн со Камерниот оркестар на Виена, а нејзиниот глас е искористен и во музиката за македонските филмови „Големата вода" и „Војната заврши".

Македонскиот сопран Гонца Богоромова Краповски своето професионално деби го остварува во 2006 година со Македонската филхармонија, по што, како солист и камерен музичар продолжува со концертната активност во земјата и странство. Соработува со еминентни музички ансамбли и уметници: оркестарот на Пловдивската државна опера, Камерниот оркестар на Македонската филхармонија, Минхенскиот камерен оркестар. Соработката со македонските композитори ги донесува на сцена премиерните изведби на композициите „Песни за љубовта и смртта" од Панде Шахов, циклусот песни „Надеж" од Дамјан Темков и „Смртта е син прозорец отворен кон денот" од Бојана Петровиќ-Алексова која е и посветена на Богоромова. На македонската оперска сцена дебитира со улогата на Церлина во Mоцартовата „Don Giovanni", а на меѓународната оперската сцена дебитира со улогата на Магда во операта „La Rondine" на Пучини, на покана на Државната опера од Стара Загора, Бугарија. Своето меѓународно концертно деби го остварува со „Wien Klang Sinfonietta" од Виена на концертна турнеја во Кина.

Македонскиот бас-баритон Иван Наумовски ги завршува своите дипломски студии по соло пеење со највисоки оценки на ФМУ во Скопје, во класата на проф. м-р Марија Муратовска, а магистрира на Универзитетите во Грац и Виена. Како студент е освојувач на три балкански натпревари во: Македонија, Црна Гора и Косово. Иван бележи многубројни настапи во земјава со оркестарот на МОБ и Македонската филхармонија, и на рецитали во различни градови како што се: „Скопско лето", „Денови на македонската музика", „Интерфест" и „Есенски музички свечености". Низ неговата соло кариера, Иван бележи настапи во: Норвешка, Австрија, Хрватска, Германија, Чешка и др. Во 2015-та ја добива престижната македонска награда „Виртуози" во категоријата „млад уметник", а во 2016 дебитира во МОБ на отворањето на „Мајските оперски вечери" со главната улога во истоимената опера „Евгениј Онегин". Скорешните ангажмани ги вклучуваат улогата на Дон Фернандо во концертна изведба на „Фиделио", и како солист во бетовеновата Деветта симфонија. Во 2020-та настапува со Симон Трпчески на сцената во Македонската филхармонија на фестивалот ДММ, и се наоѓа во финалето на натпреварот во Инсбрук, Австрија.

Концертот ќе се одржи под диригентска палка на маестро Паскал Галоа, чија уметничката кариера вклучува повеќе активности. Покрај исклучително плодна активност како енигматичен и енергичен виртуоз-фаготист и познат педагог, во последно време се афирмира и како успешен диригент но и особено креативен уметнички директор. Како еден од најпризнатите мајстори на фаготот, Галоа го инспирираше италијанскиот композитор Лучано Берио да ја напише и да му ја посвети Секвенцата XII (1995), дел од легендарната серија со која значително се прошируваат хоризонтите на инструменталните техники и експресивниот дијапазон на инструментите кои Берио ги одбра за овој циклус. Во листата на истакнати композитори кои создале дела специјално за Галоа се и Пјер Булез со неговиот „Дијалог на двојната сенка"(2007) и Волфганг Рим, чија композиција „Псалм" за фагот и оркестар е премиерно изведена од Галоа и оркестарот на Баварската државна опера под водство на Кент Нагано.

Во значајните „музички моменти" што ги иницираше Галоа се вбројуваат и концертите во чест на 85-тиот роденден на Пјер Булез, осмислени од Галоа како уметнички директор, со учество на швајцарскиот кларинетист Јорг Видман во парискиот Музеј на уметности и занаети. По поводот на 95-тиот роденден на Анри Дитије, Галоа организира музичко одбележување во Палатата Лозон во Париз.

Галоа има реализирано бројни снимки како солист, камерен музичар и диригент, со исклучителен ентузијазам за нова музика, вклучувајќи дела од Булез до Куртаг; од Берио до Нојвирт. Етаблиран веќе подолго време како активен протагонист на париската музичка сцена, во 2015 година го создава фестивалот Музикал де Киброн во Бретања, како оригинална форма на испреплетување на традиционалното и современото творештво. Активно работи како диригент со голем број ансамбли и оркестри, вклучувајќи ги и Оркестарот на Бретања, Интернационалниот ансамбл за нова музика во Њујорк, ансамблот „Праг-Модерн" и ансамблот „Меитар" во Израел.

Концертот е во катедралната црква „Света Софија" со почеток од 21 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.

ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови.

СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ.

На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело.

И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Додека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин.

Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос.

Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф.

Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување.

ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување.

Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка.

Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта.

За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици.

Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга.

Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места.

Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи.

Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните.

Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството.

Клековски треба да поднесе оставка.

Скопје, 20.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници.

„ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере.

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“.

Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер