Најголем број од загинатите се најдени во нивните автомобили . Спасувачите се уште наоѓаат тела , а од автомобил извлекле и четворица преживеани . Целата област околу надвозникот на автопатот А10 е евакуирана , зашто се стравува дека од силното невреме може да падне уште некој надвозник.
Поранешниот голман на Каљари раскажува како останал живе и без ниедна гребнатина , кога возејќи , се урнал надвозникот.
Капело раскажува дека паднал од 30 метри височина и автомобилот застанал врз урнатините. Нема ниту една гребнатинка и вели дека само чудо го спасило.
Во моментот на несреќата на надвозникот имало 30 до 35 автомобили и три камиони . Акцијата за спасување на луѓето од смачканите возила продолжува.