Шоу биз Леди Гага го теши Бредли Купер??Во екот на разделбата на најубавата двојка во Холивуд, Ирина Шајк и Бредли Купер, популарниот актер се обидува да најде утеха во рацете на мегапопуларната пејачка Леди Гага со која играше во филмот „Ѕвездата е родена“.-Бредли и се обраќа на Леди Гага секогаш кога му е потребен совет, иако знае дека во овој момент тоа не е добро. Едноставно не може да се запре, наведува извор близок на ѕвездата. Иако шпекулациите за нивната наводна љубов и понатаму кружат во таблоидите, двете ѕвезди наводно барем засега одржуваат врска на „платонско ниво“. -Тој е целосно восхитен од неа и мисли дека таа е најпаметната и најпрекрасната личност на целиот свет, дополнил истиот извор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукање во училиште на Филипините: Загинаа три деца, а осум се повредениТројца ученици загинаа денес при пукање во училиште во градот Банга, во јужниот дел на Филипините, вклучително и 16-годишникот осомничен за извршување на нападот , додека осум други лица се повредени, соопшти градоначалникот на градот.„Сите жртви се ученици на возраст од 14 до 17 години. Четворица од повредените се во критична состојба“, изјави за Ројтерс Алберт Паленсија, градоначалникот на Банга. Медиумите претходно известуваа, повикувајќи се на локални претставници, дека најмалку едно лице загинало, а четворица биле ранети. A shooting at a #highschool in the southern #Philippines on Friday left at least three young people dead and six others injured, including the gunman, a local official said.https://t.co/vcffTSCPs2 — Deccan Chronicle (@DeccanChronicle) September 18, 2026 Инцидентот се случил во Националното средно училиште „Банга“ во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините, според гувернерот на Јужен Котабато, Реиналдо Тамајо. Наредникот на полицијата Реџи Фадерон претходно изјави дека има повеќе повредени и оти полицијата ги утврдува деталите. Пред точно еден месец, најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени при пукање во училишниот комплекс во градот Замбоанга, на југот на Филипините – поточно во кампусот на средното училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“. X VIRAL VOLT (@ViralVolT1) on X Age-restricted adult content. This content might not be appropriate for people under 18 years old. To view this media, you’ll need to log in to X. Learn more Според градоначалникот, осомничениот, ученик во седмо одделение, влегол во училиштето на 18 август вооружен со пушка и пиштол, отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа си го одзел животот.Тагови: пукање Филипините Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалСелекторот на Србија го објави составот: Душан Тадиќ се враќа во репрезенатцијатаСелекторот на најдобрата фудбалска селекција на Србија, Вељко Пауновиќ, го објави спидсоко на фудбалери за претстојните четири натпревари во елитната А група од Лигата на нации на УЕФА. Србија најпрво ја очекуваат два натпревара на домашен терен во Белград против Грција и Холандија, по што следуваат исклучително тешки гостувања против Германија во Минхен и повторно против Холандија во Ајндховен. Главна вест во врска со составот е официјалното враќање на поранешниот капитен Душан Тадиќ во националниот тим, како и повикувањето на бројни дебитанти и целосна реконструкција на нападот. Нови имиња на списокот се Петар Шукачев и Лазар Николиќ од Војводина Нови Сад, како и Стефан Џодиќ од шпанска Алмерија. Во нападот, повикани се помладите играчи Михајло Цветковиќ и Јован Милошевиќ, заедно со повратникот Дејан Јовељиќ. Селекторот Пауновиќ ќе се потпре на следните играчи за претстојните репрезентативни предизвици: Голмани: Вања Милинковиќ-Савиќ, Ѓорѓе Петровиќ, Филип Станковиќ. Одбрани: Страхиња Павловиќ, Страхиња Ераковиќ, Срѓан Бабиќ, Никола Симиќ, Коста Недељковиќ, Алекса Терзиќ, Петар Шукачев, Лазар Николиќ. Играчи од средниот ред: Александар Станковиќ, Немања Максимовиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Саша Лукиќ, Немања Гудељ, Вања Драгојевиќ, Лазар Самарџиќ, Андрија Живковиќ, Филип Костиќ, Стефан Џодиќ, Василије Тасвиќ, Душин Костов. Напаѓачи: Душан Влаховиќ, Лука Јовиќ, Дејан Јовељиќ, Михајло Цветковиќ, Јован Милошевиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВознемирувачко видео: Возач во Пробиштип прегази кучиња покрај патотСнимка е објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како возач со кола гази кучиња покрај патот кај Лиса Гара, на патот кон Марчено, во Пробиштип.На видеото кое го објави ТВ Стар на фејсбук, се гледа дека едно од кучињата е прегазено, а според информациите, животното угинало. Се очекува реакција на МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter