„Кризата“ на хирургија се префрли и на другите болнички центри, медицинскиот кадар си заминува

Поради колапсот на операционите сали на Клинички од кои дел во меѓувреме работат со надворешни компресори, огромен дел од товарот премина во Осми септември и Градската болница.. 

Кризата на Хирургија трае веќе цел месец, а во тој период од ГОБ 8ми септември заминале 15тина здравствени работници. Велат дека и натаму се преоптеретени, иако дел од хируршките сали се отворија и работат со помош на надворешни компресори. Додека од Заеднички служби планираат да ја сменат компресорската станица до Нова година, состојбата со хируршките сали веќе натерала дел од персоналот да си замине во странство или во приватните болници, за што од Здрасвтвените синдикати порачаа да биде едно од првите прашања кое треба да го разгледа новата Влада.

„Треба да се изнајде некое трајно решение, затоа што пред се во изминатиот период кај нас голем број на медицински персонал, медицински сестри, болничари, па и администрација си заминуват во приватното здравство, во странство.“

„Едно темелно изготвување на мастер план за самиот центар, како да се структуираат, како да се организираат, каква опрема да се набави, какви компресори, во склоп на тоа централна стерилизација со посебни лифтови.“

Здравствените синдикати од новата гарнитура меѓудругото очекуваат и повисоки плати, промена на Законите во интерес на задржување на стручниот кадар кој постојано е во одлив, особено во руралните средини и трансформација на договорите на здравствените работници кои работат со договор на дело. За сите овие барања чекаат прием од новиот Министер за здравство, веднаш по формирањето на Владата.

„Работат за минимална плата, немаат пензиско осигурување и би требало тие да се приоритет и веднаш по формирање на новата влада, да се направи нешто со новиот министер, заедно со приватните доктори и со јавното здравство за да им се реши ситуацијата бидејки ќе не снајде уште еден егзодус од од 1000 до 2000 вработени коишто работат повеќе од 5 години.“

Независниот синдикат на здраствените работници и Здружението на приватни лекари потпишаа и меморандум за соработка. На Конфедерацијата на слободни сидикални организации се приклучија над 2500 доктори, медицински сестри, административци, а целта е како што велат здружена борба за подобро здравство.

Хоџај: Курти и Вучиќ го користат северот на Косово за да ја задржат власта

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

Потпретседателот на Собранието на Косово и Член на Претседателството на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Енвер Хоџај, во врска со ситуацијата на северот на државата и прашањето за Заедницата на општини со српско мнозинство, вели дека премиерот Албин Курти во овие три години владеење делувал „целосно спротивно на меѓународните трендови и геополитичките промени“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџај, кој е и поранешен министер за надворешни работи на Косово, изјави дека косовскиот премиер го искористил северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт.

- Со војната во Украина, со војната во Газа, со евентуална војна во Тајван, меѓународниот поредок се распаѓа и господинот Курти дејствуваше целосно во спротивна насока од меѓународните трендови, од геополитичките промени, а пред се решил во име на една политика да го користи северот на Косово како платформа за консолидирање на својата власт, се цитира Хоџај од приштинскиот портал „Телеграфи“.

Според поранешниот шеф на косовската дипломатија. денес ситуацијата на северот на земјата им помага на Курти во Приштина и на српскиот претседател Александер Вучиќ во Белград да останат на власт.

Хоџај нагласи дека кога неговата партија била на власт, никогаш не ја искористила ситуацијата на северот на земјата за политички популизам.

- Ние (ПДК) дејствувавме во однос на северот на Косово, демонтирајќи паралелни структури, борејќи се против криминалот и организираниот криминал на северот на земјата, правејќи сé за да ја заокружиме државноста на Косово на северот на земјата, интегрирајќи ја српската заедница. Никогаш не сме ја искористиле ситуацијата на северот на Косово за политички популизам. Ова што се случува на северот на земјата не е во прилог на националниот интерес на косовската држава, рече Хоџај./МИА

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

притисни ентер