„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди - Канал 5

„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди

 Првичните оценки за новото продолжение на успешната спортска драма за Адонис Крид се исклучително позитивни, иако овој филм - „Крид 3“ (Creed III) без легендарниот „Роки“ т.е. без Силвестер Сталоне.

„Крид 3“ и без Сталоне веќе урива рекорди

Средиштен лик во новите три дела на приказната е младиот Адонис глумен од Мајкл Б. Џордан, но и Сталоне играше прилично важна споредна улога во претходните два дела... Мајкл Б. Џордан, исто така, сега првпат ја презеде режисерската палка, сценариото е на Кинан Куглер и Зек Бејлин, а Сталоне е наведен само како еден од продуцентите.

Во „Крид 3“, името на Роки се спомнува неколкупати, но не се објаснува што му се случило. Во што е суштинскиот проблем? - Сценариото на крајот било многу мрачно и сега веќе наликува на трилер, а не на спортска драма. Сталоне никако не се согласил со тоа.

- Тоа е многу тажна состојба затоа што многу добро знам како можеше да испадне овој филм. Тие го однесоа во сосем поинаква насока отколку што јас би ја одредил. Филозофијата на Џордан и неговите сценаристи е сосем поинаква. Им посакувам сѐ најдобро, но јас сум сентиментално момче. Сакам моите херои во филмовите да се тепаат, но не сакам да бидат мрачни. Мислам дека на луѓето им е доста од мрачни нешта, изјави Сталоне еднаш.

Џордан сепак, во друга прилика, нагласи оти „Сталоне е ДНК-та на приказната“.

Меѓутоа, се чини, несогласувањата со Џордан не се единствениот проблем. Сталоне е во судири и со колегата-продуцент Ирвин Винклер, и тоа повеќе од 40 години. Поради последниве случувања, наводно, акциониот ветеран никогаш веќе нема да го глуми Роки. Сталоне пред извесно време на Инстаграм објави слика од Винклер во лик на змија со нож наместо јазик...

„Многу добар портрет на големиот продуцент на 'Роки' и 'Крид', Ирвин Винклер. Откако Ирвин 47 години ги контролираше 'Роки' и 'Крид', мислам дека ми е редот барем да го добијам она што остана од мојата франшиза и потоа да им го пренесам на неговите деца, кои се единствените наследници. Мислам дека тоа би бил убав гест од 93-годишник“, напиша Сталоне до сликата, а потоа ја избриша објавата.

YouTube video

Со светска заработка од над 100,4 милиони долари за четири дена, „Крид 3“ го собори рекордот во однос на претходните делови и нивните премиерни викенди. Првичната оценка на ИМДБ е 7,4 / 10, од над 11.000 оценувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски треба да пристигне во Србија на 8 август на својата прва посета.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Оваа информација беше потврдена за Киев Индепендент од висок украински функционер, пишува Киев Индепендент.

Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и односите со Западот.

Дипломатски односи

Русија историски е еден од клучните дипломатски сојузници на Србија, а земјата е исто така во голема мера зависна од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на воената парада за Денот на победата во Москва минатата година, но оваа година не присуствуваше на церемонијата.

Во исто време, Вучиќ ја оствари својата прва официјална посета на Украина во јуни 2025 година и учествуваше на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Тој повторно беше во Киев на 15 јули оваа година како дел од делегација на европски лидери по повод Денот на државноста на Украина.

Според некои извештаи, Србија индиректно ја снабдувала со оружје Украина, но Вучиќ јавно ги негираше овие тврдења во мај 2025 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заборавете ги џиновските екрани и вештачката интелигенција – возачите го сакаат ова

Што најмногу сакаат купувачите кај нов автомобил? Греењето на седиштата е на прво место.

Заборавете ги џиновските екрани и вештачката интелигенција – возачите го сакаат ова

Производителите на автомобили сè повеќе инвестираат во напредни технологии и дигитални системи, но истражувањето на „AutoPacific“ покажува дека купувачите сè уште најмногу ги ценат практичните карактеристики што ги користат секој ден.

Во анкета спроведена меѓу повеќе од 19.000 возачи кои планираат да купат автомобил во следните три години, дури 47 проценти од испитаниците рекле дека греењето на седиштата е нивната најпосакувана опрема во ново возило, пишува „Motor1“.

Веднаш зад него се предните и задните сензори за паркирање (45%) и автоматското сопирање при возење наназад (44%).

Исто така, голем интерес постои за електрично прилагодливи предни седишта, помош при промена на лента, адаптивен темпомат со одржување на лента, предупредување за возила што се приближуваат од страна при излегување од паркинг место, безжично полнење на телефон и вградена камера.

На листата на најбарани опции се наоѓа и погон на сите тркала, што е важно за 39 проценти од испитаниците.

Анкетата, исто така, покажа дека возачите сè повеќе им веруваат на напредните системи за помош. Дури 62 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат проблем да го остават својот автомобил да извршува одредени задачи, како што се задржување на возилото во лента или автоматско паркирање. Ова е повеќе отколку во претходните години, што покажува дека довербата во современите безбедносни технологии продолжува да расте.

Извор: Б92

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.

Унгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредување

Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура.

Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби.

Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш.

Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите.

Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат.

Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер