Шоу биз„Кис“ ги продаде своите авторски права за над 300 милиони долариХард-рок групата „Кис“ го продаде својот каталог песни, заштитниот знак и интелектуалната сопственост на шведската компанија „Попхаус ентертејмент груп“. Зделката е проценета на нешто повеќе од 300 милиони долари.На почетокот на декември, во Њујорк - од каде што оваа американска група и произлезе, „Кис“ го изведе последниот концерт од нивната проштална турнеја. Ова не е прв пат бендот да соработува со музичката компанија, чиј соосновач е Бјорн Улвеус од „АББА“. Кога излегоа на сцената за нивниот последен настап во „Медисон сквер гарден“, на крајот од концертот, актуелните членови на „Кис“ - основачите Пол Стенли и Џин Симонс, гитаристот Томи Таер и тапанарот Ерик Сингер, претставија дигитализирани „копии“ од себе. Најсовремената технологија е создадена од компанијата за специјални ефекти на Џорџ Лукас - „Индастријал лајт енд меџик“ во соработка со „Попхаус“. Овие две компании неодамна ги здружија силите и за шоуто „АББА војаж“ во престолнината на Велика Британија, Лондон. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски БачилаДенес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.На 10 август 2001 година, при активирање на мина на патот кон Љуботенски Бачила, животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Го чуваме споменот и за Ацо Ангеловски, кој во 2000 година го загуби животот во Арачиново, како припадник на полициските сили. Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации. Вечна им слава на бранителите!- напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ТенисВидео: Ѓоковиќ се подготвува за Америка на ЈадранотНајтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот турнир од серијата „Мастерс 1000 “ во Синсинати, за кој се подготвува на вообичаената локација.Како и секоја година, Ѓоковиќ поголем дел од летните месеци го минува во Црна Гора, а така е и сега. Неколку дена пред настапот на турнирот од серијата „Мастерс“ во САД, најуспешниот гренд-слем шампион во историјата се подготвува на брегот на Јадранското Море. Откако во саботата уживаше на концертот на Владо Георгиев, во неделата е снимен како тренира во Портонови, во Бока Которска. Finally Novak is back to the court practice🎾 When the 23, 25 years old youngsters are all "injured" and rest🤨🙄 Our 39 years old father is still hard training in the hot and humid weather in 🇲🇪 #Djokovic #GOAT pic.twitter.com/YEJIUlylTv — NovakAnalysis (@NovakAnalysis) August 10, 2026 Мастерс-турнирот во Синсинати започнува во сабота, а по повлекувањето на Јаник Синер, Ѓоковиќ ќе биде втор носител, зад Александар Зверев. Ѓоковиќ трипати победил во Синсинати, последен пат во 2023 година.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожаритеЖешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите Жешкото време и ветрот ги зголемуваат ризиците од брзо ширење на пожарите – Центарот за управување со кризи го вклучи црвениот аларм откако земјата веќе се денови се наоѓа во портокалова фаза, а високите темепратури се очекува да продолжат и следната недела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05