Јоксимовиќ: Чувствувам болки секое утро - Канал 5

Јоксимовиќ: Чувствувам болки секое утро

„Чувствувам болки секое утро, ниеден лек не ми помага“ – Јоксимовиќ проговори за здравствените проблеми со кои се соочува 

 Јоксимовиќ: Чувствувам болки секое утро

Актерот Саша Јоксимовиќ отишол на неколку прегледи, а на последниот ги шокирал лекарите кога виделе како изгледа неговиот желудник.

Актерот Саша Јоксимовиќ уште од детството мака мачи со здравствениот проблем поврзан со желудникот, како што вели, овој проблем го има уште од школските денови и веќе ниеден лек не му помага.

Гостувајќи во емисијата „РТС ординација“ тој објасни какви симптоми има и што му кажале лекарите кога отишол на преглед во обид да го реши овој проблем.

- Мојата ситуација е таква што и во моментов ме боли желудникот. Наутро ме боли. Тоа е чувство на непријатност, тапа болка одвнатре. Ниту еден лек не ми помага. Порано лековите имаа ефект, а сега не. Често се наоѓам во ситуација да морам да примам инфузија во која има коктел од разни лекови за да ми се смири стомакот... Седум-осум пати „голтав“ сонда, па ми открија хеликобактер пилори. Последен пат кога бев таму, докторите ми рекоа дека такво нешто досега не виделе, дека мојот желудник личи на лубеница. Целата крв, слуз ми се спушта низ желудникот и тогаш ми дијагностицираа воспаление на долниот дел од хранопроводникот и гастритис – изјави актерот.

Проблемот, како што вели, го добил од лоша и сува храна. Алкохол не пие, но со оглед што ниеден лек не му помага, некогаш зема голтка ракија, па му се чини дека непријатноста поминува.

Јоксимовиќ денес е популарен по неколкуте истакнати улоги, но и повремените водителски ангажмани. Сепак, на овој пат до славата честопати го споредуваа со неговиот брат, пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер