Иванов: Софија треба да го смени начинот на размислување во однос на Скопје

Во меморандумот за објаснување, кој беше пренесен главно преку странски медиуми, се вели дека Македонија мора да се раздели со тоталитарното минато на Југославија.

Голем број истакнати бугарски историчари не размислуваат како историчарите во заедничката комисија утврдена со Договорот за добрососедство, вели универзитетскиот професор Михаил Иванов, кој е еден од потписниците на писмото поддржано од голем број истакнати бугарски интелектуалци контра содржината на меморандумот на Софија испратен до земјите членки, во однос на историјата и јазикот.

Иванов кој бил советник на поранешниот претседател Жељу Желев во изјава за бугарското национално радио ја критикува визијата на историчарите од комисијата и како што вели нивниот обид таа да се наметне како политичка позиција

-Во меморандумот за објаснување, кој беше пренесен главно преку странски медиуми, се вели дека Македонија мора да се раздели со тоталитарното минато на Југославија. Но, исто така, мора и ние да се разделиме со нашето тоталитарно минато, со нашиот начин на размислување. Треба да се направи детална анализа на ситуацијата. Не би сакал тоа што се прави да биде на штета на бугарскиот дух, култура и меморија

Инаку, односите Скопје-Софија одново се на тест по последната средба на министерот Османи и резервата на премиерот Заев дека во декември може да не се одржи пристапната конференција, што е во фокусот и на медиумските анализи во Софија.

Министерката Шеќеринска денеска изјави дека договорот со Бугарија не беше само за решавање на проблемите туку и за градење на доверба и на добрососедски односи

-Вложуваме во добрососедските односи, очекуваме тоа да го направи и бугаријадефинитивно одлуките што ќе се носат до крајот на годината ќе влијаат позитивно или негативно на тие односи и тоа нема да бидат само нашите билатерални односи, туку ќе влијаат на регионот. Очекуваме токму државите што ги отвораа вратите, сега да ја покажат истата волја, интерес и желба да помогнат регионот да тргне напред, рече министерката Радмила Шекеринска.

Евентуалното вето за Македонија би било спротивно на декларираната поддршка на Софија за евроинтегрирањето на западен Балкан.

Бугарскиот премиер Борисов неодамна во телефонскиот разговор со премиерот Заев беше дециден дека Софија нема да го блокира почетокот на преговорите, а дека двајцата премиери ги охрабруваат историчарите да ги затворат отворените прашања. Заев викендов оцени дека предлозите на Захариева до Османи не биле ниту европски, ниту добросооседски, но беше уверен дека сепак со Борисов ќе дојдат до решение..

Посетата на Заев се очекува да се одржи пред 10 ноември, кога во Софија, Македонија и Бугарија заеднички ке претседаваат со Берлинскиот процес, под покровителство на Берлин.

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот

СДСМ секогаш била на страната на работниците.

„СДСМ како единствена авентична социјалдемократска партија секогаш била на страната на работниците, а нашите социјалдемократските политики ги заштитија граѓаните и ја спасија земјата од колапс за време на кризите во изминатите години“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот Првомајски пикник што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој потенцираше дека за време на владеењето на СДСМ значително се унапредиле работничките права и се подобрил животниот стандард на граѓаните.

„СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Нешто што беше незамисливо до пред само седум години. Незамисливо беше затоа што претходната власт на ДПМНЕ ги третираше и продаваше нашите работници низ светот како евтина работна сила. Верувале или не, со тоа привлекуваа инвестиции“, рече Ковачевски.

Ковачевски потсети дека токму СДСМ е партијата која обезбеди недела да биде неработен ден и ги зголеми пензиите и платите во суштинските сектори како здравство, образование и безбедност. Никого не оставивме сам да се бори со последиците од кризата, водејќи се од принципите на солидарност и правда, истакна Ковачевски.

„Кога ги носевме антикризните мерки, ние решивме да се однесуваме одговорно. Правилно го распределивме ограничениот буџет и ги вративме парите кај граѓаните кога беше најпотребно. Обезбедивме 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што го заштитивме животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и ги зачувавме работните места.“

Лидерот на СДСМ на сите граѓани на Македонија им го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и најави дека партијата останува верен сојузник и поддржувач на работниците.

Зградата на Еврокомисијата осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок. 

Палатата „Берлемон“ во Брисел во која се наоѓа седиштето на Европската комисија минатата ноќ беше осветлена во чест на 20-годишнината од т.н. големо проширување на ЕУ, кога на 1 мај 2004 година во членство во Унијата беа примени 10 земји од Источна Европа.

- Со проширувањето во 2004 година, ЕУ стана поголем политички, економски и културен ентитет, создавајќи повеќе можности за граѓаните низ нашата Унија, наведе Европската комисија во објава на Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок.

- Историското проширување во 2004 година донесе нови можности и поголем просперитет за граѓаните низ нашата Унија, објави Фон дер Лајен на Икс.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел пак оцени дека со проширувањето во 2004 година го означи и повторното обединување на поделениот континент.

На 1 мај 2004 година во членство во ЕУ беа примени Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка, со што Унијата од дотогашните 15 се зголеми на 25 члена, поради што приемот на овие 10 членки уште се нарекува и големо проширување. /МИА

Првомајски штрајк и протести во Грција

Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата на новинарите.

Најголемите грчки синдикати денеска закажаа штрајк и протести за одбележување на Денот на трудот, иако официјално со министерска одлука првомајскиот празник е поместен за следниот вторник поради Велигден, јави дописничката на МИА од Атина.

Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата на новинарите, со што Грција од пет часот утрово ќе биде без вести и информативни емисии.

Штрајкот ќе создаде проблеми и во поморскиот сообраќај во земјата, со оглед на тоа што бродовите 24 часа ќе останат закотвени на пристаништата.

Возовите ќе сообраќаат со намален возен ред, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, бидејќи автобусите, тролејбусите, трамвајот и метрото ќе имаат неколкучасовни прекини на работата.

Паралелно, синдикатите закажаа и протести во Атина, традиционално, како и секоја година за одбележување на Денот на трудот. /МИА

притисни ентер