Македонија Илија Димовски вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Илија ДимовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаКими Антонели најбрз на Силверстоун! Андреа Кими Антонели е победник на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Англија.Спектакл на легендарната патека Силверстоун, на спринт-трката нова победа на Кими Антонели во 2026 година. Младиот возач на Мерцедес триумфираше пред Луис Хамилтон од Ферари и Ландо Норис од Мекларен. Луис Хамилтон ја започна трката брилијантно и по феноменалниот старт успеа да го заобиколи Кими Антонели и да ја заземе првата позиција. Екс светксиот шампион беше лидер на трката се до осмиот круг, кога младиот Кими го престигна Хамилтон без поголеми проблеми и го презеде водството во спринт-трката, со што стана јасно дека Ферари не е доволно добар за да се натпреварува со Мерцедес. Немаше значителни промени до крајот на трката, а Кими Антонели славеше пред Хамилтон и Норис, додека зад нив се пласираа Џорџ Расел, па Леклер, Верстапен, Пјастри, Лосон и Хаџар, а Линдблад заврши на десеттото место. Во шампионатот, Антонели сè уште е лидер со 179 бода, а зад него се Џорџ Расел со 136 и Луис Хамилтон со 132 бода.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
МакедонијаЃорѓиев ги осуди како неприфатливи навредите на БНТ кон Канал 5Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант,.Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант, кажа на вчерашната „Само вистина“ претседателот на Друштвото за македонско-бугарско пријателство Митко Ѓоргиев Ваквиот негов став доаѓа по низата оркестрираните напади во бугарската јавност дека Канал 5 била антибугарска телевизија, а во кои се вклучи и бугарската национална телевизија од каде тврдеа дека Бугарниот од Македонија Драги Каров бил осуден за говор на омрза по желба на Канал 5 и дека било побарано од јутуб да се отстрани бугарски поткаст насловен коридор 8. За ваквите тези Канал 5 во повеќе направи упати демант до БНТ, кој досега не е објавен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ, Мицкоски далеку пред ФилипчеВМРО-ДПМНЕ со тројна предност перед СДСМ, а премиерот Мицкоски со четири пати поголема доверба од Филипче, покажува последното испитување на јавното мислење спроведено од Маркет вижн за Мкд.мк. Најголем број од испитаниците 20,5 отсто се изјасниле дека на наредните избори ќе го дадат својот глас за партијата ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ 6,2 отсто за СДСМ, пет проценти од анкетираните би гласале за ДУИ, нешто над 4 проценти за ВРЕДИ, 3 отсто за Левица и 1.5 проценти за Дижењето ЗНАМ. 28 проценти се изјасниле дека нема да излезат на гласачките места, а околу 11 отсто не сакале да откријат за кого ќе го дадат својот глас. Процентуално од оние кои откриле речиси половина би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 15 проценти за СДСМ, 12 за ДУИ, 10 проценти за ВЛЕН. Анкетата покажува дека најголема доверба меѓу лидерите ужива Христијан Мицкоски со 23,3 проценти. Зад него е лидерот на ДУИ Ахмети во кого доверба имаат 5,5 проценти од испитаниците, додека првиот човек на СДСМ Филипче е на третото место и за него се изјасниле 5,1 отсто од испитаниците. Интересно е и што копретседателите на ВЛЕН Изет Меџити и Билал Касами заедно имаат поголем рејтинг од Ахмети – Меџити 4 проценти, а Касами 2 ипол. Според премеирот Мицкоски неговиот висок рејтинг, како и рејтингот на партијата не ги гледа како мотив за барање предвремени паралементарни избори, но не ја исклучи таквата можност доколку тоа го побараа другите партии. Во анкетата испитаниците биле прашани да се изјаснат и за евроинтеграциите, при што високи 80,3 проценти од испитаниците одговориле дека се за влез на Македонија во ЕУ со статус на земја набљудувач и без право на вето, модел за кој се погаласно се разговара во рамки на Унијата. А против ваквиот модел за членство се изјасниле само 8,4 проценти од испираниците. Од СДСМ пак реагираат дека анкетата била нарачана бидејќи власата била во паника поради тоа што можела да се справи со катастрофалната состојба во економијата. Анкета на Меркет вижн е спроведена телефонски на 1.200 испитаници во период од 10-ти до 27-ми јуни. Ваквото истражување на јавното мислење доаѓа на две години од мандатот на оваа Влада и во момент на реконтрукција на валадиниот состав и промени во осум ресори. За предложените минстерски имиња пратениците ќе се изјаснат в понеделник на пленарна седница закажана за во 11 часот. Од СДСМ пак велат дека она што власта го претставува како „освежување“ на владиниот состав, го оценуваат како чист политички театар во кој се менуваат министрите, но не и политиките. Тагови: Анкета ВМРО ДПМНЕ СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57