„HalkEco Хронометар 10KM" ќе се ќе се одржи на 13 јуни - Канал 5

„HalkEco Хронометар 10KM" ќе се ќе се одржи на 13 јуни

Првата Хронометар атлетска трка „HalkEco Хронометар" 10KМ, која е во организација на Сојузот на спортови на Скопје и Атлетскиот клуб „Работнички" од Скопје и со поддршка на Халкбанк како генерален покровител, ќе се одржи идната сабота (13 јуни).

„HalkEco Хронометар 10KM" ќе се ќе се одржи на 13 јуни

Организаторите информираат дека заради моменталната состојба со коронавирусот, атлетската трка ќе биде организирана со почитување на препораките од Владата и протоколите донесени од Комисијата за заразни болести.

На трката, чиј старт е под мостот „Гоце Делчев" на кејот на Вардар, ќе има ограничен број учесници (360) кои својот стартен број ќе го добијат на домашна адреса. За време на трката, учесниците ќе мора да ги почитуваат мерките за заштита, што вклучува носење заштитна маска пред стартот, односно и по целта, но не и за време на трчањето.

– Бидејќи се работи за хронометар, односно точно мерење на времето на поминување на одредена зададена должина од патеката, а за да се запази препорачаното растојание меѓу учесниците, секој натпреварувач ќе има различно време на старт. Па така, првиот натпреварувач ќе стартува во 06:30 часот, а последниот во 09:30 часот. Временскиот интервал на старт помеѓу секој натпреварувач ќе биде 30 секунди, информираат организаторите.

Маја Наумовска Савеска, директор на дирекцијата за корпоративни и маркетинг комуникации во „Халкбанк" истакна дека „Трката HalkEco Хронометар 10KM" ќе биде сосема различна од сите трки кои се организираат поради примена на мерките за заштита од КОВИД-19 согласно државните препораки и протоколи, а кои ќе важат и за натпреварувачите и организаторите.

– За време на трката нема да има публика, а групирање на натпреварувачите пред и по трката нема да биде дозволено. Сите лица кои ќе бидат вклучени во организацијата ќе носат заштитни маски и ќе ги почитуваат мерките за држење дистанца, а ќе биде организирана и редарска служба. Долж патеката ќе има освежување и медицински екипи на велосипед, во зоната на старт/цел ќе бидат поставени мобилни чешми и средства за дезинфекција на раце, а на целта ќе има и амбулантно возило. Имајќи ја предвид природата на самата трка и фактот што таа претставува доказ дека ваквите спортови и во вонредни услови може, но и треба да се практикуваат на вака организиран и креативен начин во согласност со сите препорачани мерки за севкупна заштита, Халкбанк преку својата ХалкЕко активност со особено задоволство се јавува како значаен поддржувач на истата, објаснува Наумовска Савеска.

За најдобрите 5 тркачи во машка и женска конкуренција предвидени се парични награди, а дополнително „Халкбанк", за учесниците ќе обезбеди подароци.

Трката го носи називот на апликацијата HalkEco на Халкбанк, чија цел е да придонесе за формирање здрави навики и зачувување на животната средина. За секоја активност: трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, следуваат подароци и други бенефиции. Истовремено, на овој начин се обезбедуваат дрвја за кои „Халкбанк" презема обврска да ги засади, со што корисниците заедно со банката придонесуваат за почиста и поздрава околина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Наглите температурни промени земаат сериозен данок, па така во ноември просекот на колапси на јавни места останува висок со пет до шест лица дневно. 

Временски шокови и во ноември: Просекот на колапси на јавни места ист како во летните месеци

Времето не бира кого ќе кутне, наглите температурни разлики земаат данок во здравје, па колапс на улица повеќе не е слика само за летните горештини, бидејќи и во ноември просекот на колабирања е ист како во август – пет до шест лица губат свест на јавни места во текот на 24 часовната смена на службата за Итна помош. И овој период, атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот влијаат врз здравјето, па најчесто на удар се хронично болните, за нив наглите промени знаат да имаат посилни последици, вели д-р Елена Карева Пиловска. Од Итната медицинска помош нотираат дека освен за колапси, имаат повеќе интервенции за случаи на срцев удар, но и повици кога граѓаните се жалат на слабост, вртоглавица, тресење и конфузија, што се симптоми на хипогликемија, или „паѓање на шеќерот“.

При нагло заладување се стеснуваат крвни садови што може да доведе до покачен крвен притисок и оптоварување на срцето, објаснуваат лекарите и апелираат дека хронично болните кои секако се почувствителни на промените на време да ја земаат својата терапија, а претходно редовно да го мерат притисокот.

Сепак, главната препораката до сите граѓани е да се води поголема грижа за општата состојба, бидејќи само со здрави навики, спортувања и грижа за себе може да се влијае организмот полесно да ги поднесува временските шокови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Секој ден се повеќе СДС личи на расипана грамофонска плоча за ширење на лаги и дезинформации. 

ВМРО-ДПМНЕ: Разликата меѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард

Народната банка и гувернерот се тие кои носат одлуки за банкарскиот систем, а не премиерот и Владата. Не е вистина дека било кога и било каде гувернерот Славески кажал дека одлуката за Алта банка ја донел Мицкоски.

Така да, ова е уште една лага на СДС и со цел да се шири паника и да се прави саботажа со банкарскиот систем на земјава.

Таквата саботажа на СДС, ја потврдува нивната неконструктивна улога од која штета имаат бизнисите, економијата и граѓаните. Премиерот не носи банки. Но очигледно, тие се поучени од времето кога братот на експремиерот Вице Заев, со неговите бизнис партнери земаа кредити без покритие од Еуростандард банка, со што ја уништија банката и ги украдоа граѓаните. Е тоа е криминал.

Разликата помеѓу Алта банка и Еуростандард е тоа што Заевци ја украдоа банката, а во случајот со Алта, проблемот е увезен односно престана да постои нејзината матица која е во друга држава. Но за среќа, решение ќе има и граѓаните нема да се дозволи да бидат оштетени, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Во наредните три месеци уште 20 институции се приклучуваат на системот за електронско управување со документи. 

Уште 20 институции влегуваат во системот за електронска архива

Наместо шетање и чекање по шалтери и канцеларии со куп документи во рацете, со неколку клика граѓаните ќе можат да си ги завршат административните обврски – министерството за дигитална трансформација најави дека уште 20 институции во наредните три месеци ќе се приклучат на централниот систем за електронско управување со документи и електронска архива. Министерот Стефан Андоновски вели дека се повеќе институциите ги разменуваат податоците интерно, наместо граѓаните тоа да го прават физички, а месечните трансакции за размена на податоци, од 700.000 во 2024, изнесуваат 5,2 милиони до октовмри годинава.

„Ова е важна промена во начинот на кој што работи државата, барањето можеби некогаш стигнува електронски, но ако потоа се печати, се носи од канцеларија до канцеларија, се чува во фиока или се чека физички потпис, постапката останува бавна. Со ЕДМС работиме на целиот тек на предметот, прием, распределување, постапување, потпишување и електронско архивирање. За раководителот тоа значи јасен увид каде се наоѓа предметот, за вработениот, работата му е поорганизирана, а за граѓанинот побрзо постапување. “

Во меѓувреме, според министерот, дигиталниот паричник, односно М-Услуги станува се повеќе популарен кај граѓаните, односно, личните документи, како и дел од јавните услуги веќе се префрлаат на телефоните. Апликацијата е водечка во преземања во категоријата „утилитис“ во Македонија и до денеска ја презеле речиси 29,500 граѓани. Андоновски вели ова е само старт на апликацијата, која заеднички, со забелешките на граѓаните ќе се унапредува.

„М-Услуги“ е на врвот на листата на најпреземани апликации во Македонија, што е потврда за големиот интерес на граѓаните и бројот на корисници кои ја преземаат.“

Андоновски вели дека напредокот е нотиран и од ЕУ. Ограничениот напредок од 2021 до 2024 година, во изминативе две години, според него, е евидентен, и во последнава година е оценет како добар напрадок од ЕК, а зад тоа, вели стојат, законски измени, воспоставени системи и услуги, но и претстои многу работа.

„Европската комисија констатира добар напредок во поглавјето 10, дигитална трансформација и медиуми, истовремено, нивото на подготвеност за прв пат на државата во овој дел е подигнато од умерено ниво, на меѓу умерено и добро ниво на подготвеност. Ова е значаен резултат за Македонија.“

Секоја нова електронска услуга носи и одговорност за нејзината сигурност, каде граѓаните очекуваат податоците да им бидат заштитени, па од таму, се работи на соодветна сајбер-безбедност, односно формиран е тим кој работи организирано, се обучува постојано согласно барањата на технологијата, со цел навремено препознавање на заканите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер