„GTI“ верзијата од новото „Polo“ доаѓа во јуни - Канал 5

„GTI“ верзијата од новото „Polo“ доаѓа во јуни

„Volkswagen“ наскоро ќе претстави редизајнирана верзија од својот модел.

„GTI“ верзијата од новото „Polo“ доаѓа во јуни

Германските произведувач објави дизајнерски цртеж од рестилизираниот модел „Polo GTI“, како најава за претстојната премиера на овој автомобил.

Освежената „GTI“ верзија ќе пристигне неколку недели откако „Volkswagen“ го престави редизајнот на „Polo“, кој сега потсетува на „Golf 8“.

Затоа и на цртежите од „GTI“ верзијата може да се видат елементи од дизајнот на „Golf GTI“. Се истакнуваат новите фарофи и ЛЕД дневни светла, а во однос на претходните верзии овој автомобил е се преобликуван преден браник во кој вешто се вклопени магленките.

Погонот најверојатно нема да се менува, па освежениот „Polo GTI“ ќе го користи познатиот 2.0 турбо бензински мотор со 200 коњски сили.

Овој мотор е комбиниран со шестостепен автоматизитран менувач со двојно квачило, со чија помош овој автомобил од 0 до 100км/ч забрзува за 6,7 секунди, а максималната брзина му е 237 км/ч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско.

Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода

Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.

СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес

Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Денеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.

12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовско

Најкритично се уште е во Мариoво.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер