„GTA Online“ добива бесплатна надградба следната година - Канал 5

„GTA Online“ добива бесплатна надградба следната година

„Rockstar“ ги потврди плановите за надградба на графиката за „GTA Online“.

„GTA Online“ добива бесплатна надградба следната година

Во текот на 2022 година, „Rockstar“ ја објави „Grand Theft Auto V: Expanded and Enhanced“ за конзолите „Xbox Series X/S“ и „PlayStation 5“. Некои од графичките подобрувања во кампањата се додадени и на „GTA Online“.

За жал, оваа верзија на играта никогаш не стигна на компјутер, но подобрувањата на „GTA Online“ конечно би можеле да се пробијат до платформата за компјутерски игри.

Во неодамнешното соопштение, „Rockstar“ ги потврди плановите да овозможи функции како „Ray-Tracing“, подобрени текстури, погуст сообраќај и друго за „GTA Online“ на компјутер.

Ажурирањето ќе биде бесплатно достапно во рамките на „GTA Online“, така што корисниците нема да треба да купуваат ново издание на играта.

„Rockstar“ ќе има многу работа во 2025 година, бидејќи студиото планира да ја објави „Grand Theft Auto 6“ во втората половина од годината. Играта прво се очекува за конзолите „Xbox Series X/S“ и „PlayStation 5“, а подоцна ќе пристигне и на „PC“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштат.

Засилени контроли за брзина во рамки на ROADPOL Operation Speed: За една недела откриени 1.576 прекршоци за брзо возење

Во периодот од 3 до 9 август 2026 година, сообраќајната полиција при Министерството за внатрешни работи спроведе засилени акциски контроли на територијата на државата, насочени кон откривање и санкционирање на прекршоците поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Контролите беа реализирани во рамки на ROADPOL Operation Speed, паневропска координирана оперативна активност на сообраќајните полициски служби на земјите членки на ROADPOL.

Во текот на акцијата, полициските службеници континуирано ја следеа и мереа брзината на движење на возилата, со посебен фокус на патните правци и локации каде што, согласно сообраќајно-безбедносните анализи, постои зголемен ризик од сообраќајни незгоди предизвикани од несоодветна и неприлагодена брзина.

При контролите беа констатирани 1.576 прекршоци поврзани со пречекорување на дозволената брзина.

Со учеството во ROADPOL Operation Speed, сообраќајната полиција продолжува со активностите за унапредување на безбедноста на патиштата, превенција на сообраќајните незгоди и зајакнување на меѓународната полициска соработка во рамки на ROADPOL.

Овие активности се дел од континуираните напори на Министерството за внатрешни работи за намалување на бројот и последиците од сообраќајните незгоди, зголемување на дисциплината во сообраќајот и создавање побезбедни услови за сите учесници во патниот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

На 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ ќе се изврши почесна артилериска стрелба 

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

СДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно без снимка за „разговорите под радарот“ на министерот Муцунски

Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“.

Денес излегоа пред камерите.

Покажаа медиумски наслови.

Кажаа многу зборови.

Само едно нешто повторно не покажаа: снимката.

Затоа уште еднаш, сосема едноставно:

СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“.

Не наслов.

Не интерпретација.

Изјавата.

Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер