Веб ТВ„Гответе со Дракче“ - 26.05.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЖештините го зголемија бројот на колапси и мозочни удариНајголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лицаЧекале автобус на автобуска постојка откако на пазарче испазариле овошје и зеленчук, но колабирале и со брза помош биле пренесени на Неврологија. Ова им се случило на неколкумина граѓани во последните 24 часа, кои се само дел од вкупно педесетина луѓе кои завршиле на ургентно одделение поради сериозни симтоми, дел и со мозочен удар, потврдуваат од Клиниката за неврологија. Зголемиот број на колапси и мозочни удари се должи на нездравиот начин на живот, а ризикот за луѓето кои се повозрасни и имаат хронични болести е доста поголем поради топлото време кое генерално влијае на општото здравје на сите, вели за Канал 5 Проф. д-р Иван Барбов, специјалист невролог. -Кога е жешко, организмот почнува да се обидува да се лади, настанува ширење на крвните садови на кожата, а поради ова, крвниот притисок паѓа. Кај сите пациенти кои имаат нормален или низок крвен притисок, тој уште повеќе се намалува. Кај пациентите со хронични заболувања кои имаат и покачен или висок притисок, жешкото време понекогаш кај нив предизвикува парадоксална реакција, покачување на притисокот, меѓутоа поопасни се ситуациите со намалување на крвиот притисок поради што пациентите знаат често да колабираат. Овој период мозочните удари ги имаме во поголем број од вообичаено навистина, сега бројот е зголемен бидејќи жешкото време делува и на другите хронични болести.- Проф. Д-р Иван Барбов - специјалист невролог И од службата за Итна медицинска помош бележат зголемен број на повици и во последното деноноќие имале 80 случаи, голем дел колапси и сообраќајки. Оттаму апелираат до граѓаните - кога ќе почуствувате жед веќе е доцна за спречување на дехидратација, затоа препораката е да се пие вода и кога не сте жедни. Најголем ризик од мозочен удар имаат лицата со висок крвен притисок, срцеви заболувања, дијабетес, покачен холестерол, прекумерна телесна тежина и физичка неактивност, како и пушачите и повозрасните лица. Иако ризикот расте со возраста, мозочните удари сè почесто се регистрираат и кај помладата популација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55Регулаторната комисија денеска одлучува за новите цени на горивата09:00Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12
Заврши првата фаза од разговорите, за неколку дена конечната одлука за реконструкција на Владата 14:59
Таткото со години го малтретирал семејството, ќерката се обидела да си го одземе животот- изречени му се мерки12:36
МакедонијаНема решение на повидок за 50-тината хонорарци во Детската клиникаМинистерката напомена дека Министерството не одбивало согласности за доктори и медицински персонал, а упати и прашање до директорот на клиниката.Министерството за финансии дало одобрение за вработување на 38 лица на неопределено време на Клиниката за детски болести, и не може да се одобруваат нови вработувања без да се води сметка за расположливите средства и потребите на останатите здравствени установи, рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање за протестите на околу 50 вработени, кои тврдат дека работат без плата и дека се неопходни за функционирањето на клиниката. Министерката напомена дека Министерството не одбивало согласности за доктори и медицински персонал, а упати и прашање до директорот на клиниката, Реџеп Мемети, како е можно пет месеци луѓето без договор да одат на работа. -Минатата година кога се побарани согласности за договори на дело, во исто време е дадена согланост и за вработување на 38 лица. Не станува збор за доктори и медицински персонал, во однос на техничкиот персонал мора да се направи усгласување со расположливите срества. Буџетот на Детска клиника не го определува Министерството за финансии, туку фондот за здравство. - Гордана Димитриевска Кочовска- Министерка за финансии Од друга страна, директорот на Клиниката за детски болести Реџеп Мемеди објаснува дека на договорците дури во април им било соопштено дека нема да им ги продолжат договорите за работа, иако уредно уште во декември минатата година било побарана согласност со уреден формулар преку Министерството за здравство. Повеќе детали најави на прес-конференија утре. -Не е точно дека од овие 50 договорци што протестираат сите се само технички персонал и администрација. Од нив 18 се медицински сестри, 4 лаборанти и еден биолог. Во однос на прашањето зошто доаѓале на работа иако имале истечени договори, ние не очекувавме дека нема да добиеме буџет за нивно продолжување, и сметавме дека како и на другите клиники, ќе им биде продолжен договорот а плати ќе добијат ретроградно. Сега овие луѓе веќе не доаѓаат на работа, а притисокот веќе се чувствува. Погодените вработени кои немаа примено ниту една плата од почетокот на годината, првиот поголем јавен револт го изразија со протест директно пред зградата на Министерството за финансии. Една недела подоцна, вработените масовно излегоа на протест пред Министерството за здравство, барајќи итна средба со министерот. Иако министерот за здравство ги прими вработените на средба, состанокот не донесе конкретно решение за нивниот неколкумесечен проблем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочна амандманската расправа за законите за јавнообвинителска и за судска службаДенеска во Собранието продолжи амандманската расправа со поднесени 105 амандмани за судската и 27 за јавнообвинителска служба. По бројните критики од судските и јавнобвинителските службеници дека новите реформски предлог закони за нивната служба не ги исполнуваат основните барања особено во делот на растот на платите и регулирање на нивната работна положба, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека ги разбира нивните дилеми и порача да се разгледаат решенија во област на финансирањето. -Државниот јавен обвинител кој што посочи дека гледа излезни решенија во поглед на финансирањето и јас мислам дека треба да му веруваме. // Значи, останувам дека во право се сите во судството и во останатите правосудни институции, дека без финансиски средства не може да се има и независно судство и ефикасно и ефективно судство. - Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија Денеска во Собранието продолжи амандманската расправа со поднесени 105 амандмани за судската и 27 за јавнообвинителска служба. Од опозицијата побараа посериозно разгледување на амандманите и предупредија дека има опасност овие два реформски закони да не ги задоволуваат европските стандарди по што би биле повторно вратени на доработка. Министерот за правда – Игор Филков пак со кратки образложенија одби поголем дел од амандманите. -Ние предлагаме да се укине правото министерот за правда да носи одредени правилници како што се предвидува сега , за унапредување, за вработување, односно тие правилници да бидат изготвувани од Судскиот совет затоа што сметаме дека и те како е опасно вакви правилници во Судската власт да зависат од дискреционото право на претставник од извршната власт. Дополнително, она што е спорно дека повторно се воспоставува директна зависност и од министерството за финансии, така да ние можеме да имаме опасни преседани каде министерството ќе одлучува за вработување и издвојување на средства за судската власт. - Јована Мојсовска, пратеничка од Левица -Добивте практично шлаканица од претставниците на синдикатите и судските службеници – многу јасно ви кажаа дека овој закон не е добар, не е е реформски и нема да доведе до зголемување на правата на судските службеници.// Не е доволно само да ни кажете дека сте против, потребно е да ни кажете како вие овој реформски закон го усогласувате со барањата на европската унија, мораме да добиеме повеќе информации, не само сила, не само ваше негирање - не се прифаќа и тоа да е единствениот аргумент. - Соња Мираковска, пратеничка од НСДП -Амандманот не се прифаќа.- Игор Филков, Министер за правда По добиените критики на минатата јавна расправа, од ресорното министерство посочија дека токму поради рокот од реформската агенда кој истекува месецов, побрзале со предлог законите. Инаку, преку овие два реформски закони, Брисел налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook