„Гответе со Дракче“ - 19.05.2026 - Канал 5

„Гответе со Дракче“ - 19.05.2026

„Гответе со Дракче“ - 19.05.2026
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС

Јон Фрчкоски, синот на истакнатиот идеолог на СДС којшто, со последните совети, партијата предводена Венко Филипче со сигурност ја турка кон политичка маргинализација, на прес-конференција излезе да брои која фирма колку тендери добила.

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои Јон Фрчкоски ги наброја редовно добивале тендери од министри, директори и градоначалници од СДС

Во ред е Јон, за броење доби пролазна оценка, но за да добие повисока ќе мора малку да се потруди и заедно со нивниот таканаречен антикорупциски тим, да почнат и да ги набројат сите тендери коишто истите тие фирми ги добиле од државните институции во време на власт на СДС, како и од општини предводени од нивни градоначалници.

Тоа што мали Фрчко сака да го претстави како некакво си откритие, е јавно достапни и секој заинтересиран може да го види со мал труд истражувајќи на официјалниот сајт на електронскиот систем јавни набавки.

Сите споменати фирми се компании кои долго време работат, регуларно се пријавуваат на јавните набавки и согласно најповолната понуда ги добиваат тендерите.

Дека тука нема ниту скандал, ниту некакво откритие на АКТ на СДС зборува и фактот што истите овие компании, МГ Проект Дооел Скопје и МБМ Архитекти Дооел Скопје учествувале на јавните набавки и добивале тендери уште во периодот на власт на СДС.

Така, БМБ Архитекти од 2023 година добивала тендери од Министерството за образование, Министерството за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Собрание на Република Македонија, АД МЕПСО, Државна видеолотарија, Општина Центар и други државни институции како универзитетски клиники и факултети.

Додека состојбата кај МГ Проект е уште подобра, односно за време на власт на СДС од нивни државни функционери и градоначалници фирмата добила многу повеќе тендери.

МГ Проект редовно добивала тендери од градоначалниците на СДС во Центар, Струмица, Делчево, Валандово, Богданци, Крива Паланка, Крушево и други, како и од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за Култура, Министерство за образование и наука, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и други институции додека СДС ја предводеше македонската влада.

На СДС и Јон им препорачуваме, да се обратат до нивното раководство, поточно претседателот Венко Филипче, кој му го чува столчето на неговиот ментор Зоран Заев, и нека го прашаат од каде му се парите за луксузни хациенди на Водно, како и за златна виза и стан во Дубаи.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Две дипломатски возила попладнево се опожарени пред бугарската амбасада во Скопје.

Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Неофицијално, МВР трага по непознат сторител, кој среде бел ден прво потпалил едно, а од огнот било зафатено и друго возило... Ивана Стојановска е пред бугарската амбасада, ја вклучуваме со повеќе детали.. Ивана, што се знаеме за инцидентот..

Во видеото погледнете го целиот извештај

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бензините поскапуваат за 1,5, односно 2 денари за литар, дизелот за 0,50 денари

За два денари поскапува бензинот Еуросупер 98, за денар и половина Еуросупер 95-ка, додека дизелот поскапува за половина денар по литар.

Бензините поскапуваат за 1,5, односно 2 денари за литар, дизелот за 0,50 денари

Регулаторната комисија за енергетика ја објави новата одлука за цените на нафтените деривати, според која, од полноќ дизелот ќе се продава по 87,50 денари за литар, додека бензините ќе чинат 87,50, односно 90 денари за литар.

Одлуката доаѓа во моменти кога завршува кризната состојба во земјава, со што престанува да важи и владината мерка за намалени акцизи на нафтените деривати, а од утре пак истекува и попустот од два денари по литар што го одобруваше ОКТА. Сепак премиерот Христијан Мицкоски потсетува дека одлуката на РКЕ се темели на движењата на цените од изминатата недела и очекува веќе од следната значително да се намалат цените горивата во земјава, согласно актуелните состојби на светските берзи.

-Следната недела очекувам значајно намалување бидејки од денеска цените на берзите на нафтата и нафтените деривати драматично опаднаа, ги следев патувајки кон Битола негде 82,83 долари за барел се движат така што веќе следната недела очекувам поголемо и позначајно намалување, инаку и понатаму остануваме земја која што има најниска цена на бензините и дизел горивата во регионот. Ако овој договор меѓу САД и Иран што го објавија пакистанците е финален и конечен и се става крај на оваа неколку месеча војна која ја предизвика најголемата енергетска криза во последниот милениум, тогаш можеме да бидеме прилично среќни како се справивме во овие предизвикувачки времиња, не очајувавме,- - Христијан Мицкоски- претседател на Влада .

Ценовниот притисок врз горивата започна пред околу три месеци, кога ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвика нагло поскапување на нафтата на светските берзи. Во тој период македонската влада прогласи кризна состојба во енергетиката и воведе мерки за намалување на ценовниот шок, меѓу кои и намалени акцизи и ДДВ за нафтените деривати.

Според премиерот Мицкоски и покрај турбуленциите на светскиот пазар, Македонија останала меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот. Тој посочи дека тоа особено се чувствува во пограничните градови, каде дел од бензинските станици бележеле и до 50 проценти поголем промет..+

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер