ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
3 Ако климата ви работи цела ноќ, правите голема грешка, последиците ќе ги почувствувате веќе следното утро
Веб ТВ„Гответе со Дракче“ - 16.04.2026Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЏани Инфантино: „Сакаме Светско првенство со 64 репрезентации“Првиот човек на светската фудбалска асоцијација, Џани Инфантино ја најави можноста за проширување на Светското првенство на 64 репрезентации, што би можело да донесе нови можности за помалите земји.Пред самиот крај на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека во блиска иднина на турнирот би можеле да учествуваат дури 64 екипи. Проширување за 16 репрезентации би можело да се очекува уште за следниот турнир, кој ќе се игра во дури шест земји на три континенти. Како што е познато, домаќините Уругвај (домаќин на првото Светско првенство во 1930 година), Аргентина (светски шампион во 2022 година) и Парагвај (каде што се наоѓа седиштето на Јужноамериканската фудбалска конфедерација – КОНМЕБОЛ) ќе бидат домаќини на по еден натпревар на почетокот на турнирот, додека останатите натпревари ќе се играат во Мароко, Португалија и Шпанија. Дали ќе ги има уште повеќе отколку на ова Светско првенство? „Турнирот со 64 репрезентации е секако тема што ќе се разгледува и за која ќе се дискутира во надлежните комисии по ова Светско првенство“, изјави Инфантино во интервју за швајцарскиот „Bluewin“ и додаде дека турнирот е наменет за целиот свет, а не само за Европа и Јужна Америка. „Секоја земја треба да има право да сонува за настап на Светското првенство. Може да се види дека квалитетот на репрезентациите е исклучително висок и постојано расте низ целиот свет. Ако не им се даде можност на помалите земји, тие ќе ја изгубат мотивацијата за напредок.“ Првиот човек на јужноамериканскиот фудбал, Алехандро Домингез, изјави дека негов сон е дури 64 репрезентации да се натпреваруваат на Светското првенство во 2030 година, додека УЕФА е против тоа. Исто така, селекторот на Гана, Карлос Кеироз, протестираше и рече дека квалификациите го изгубиле своето значење. Сепак, поддржувачите на турнирот со 64 репрезентации велат дека би било „пофер“ бидејќи само првото и второто место од групите би продолжиле понатаму, односно нема да имаме ситуација како на ова Светско првенство со трети места и дополнителен пласман. Инфантино претходно се обиде да го воведе Светското првенство две години, што беше одбиено.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајкаСпоред МВР инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга.Шокантен настан ја потресе јавноста, син со нож го убил татка си, кој претходно ја нападнал неговата мајка триесет и едногодишниот скопјанец вчера бил приведен откако претходно во полициската станица „Бит-Пазар“ било пријавено дека со нож му нанел убодни рани на својот 52-годишен татко Според МВР инцидентот се случил синоќа околу 22часот и 35 минути кога во семејниот дом таткото кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга. По ова синот му нанел убодни рани на својот татко.полициски службеници, по преземените мерки, го привеле синот , а неговата 54-годишна мајка била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ е укажана лекарска помош.по наредба на јавен обвинител, телото на таткото е предадено на обдукција, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 06.07.2026 до 10.07.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водата во Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter