Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
2Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
3СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
МакедонијаМицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужуваПремиерот Христијан Мицкоски пред пратениците во македонското собрание. „Почитуван претседател на Собранието, Почитувани пратеници, Почитувани граѓани, Пред вас стои предлог за разрешување на дел од министрите. Веднаш да ви кажам, сите до еден се луѓе со достоинство, луѓе со своја чест и пред се чесни луѓе. Сите ние и перцепцијата за нас ја градиме од одлуките кои ги носиме. Тоа сме ние со сите свои предности, маани, и со своето разбирање за состојбите. Од првиот ден кога ја презедовме одговорноста кажав дека оваа Влада нема да биде влада на комфор, туку влада на резултати. Нема да биде влада во која функциите ќе се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува. Тоа не беше политички слоган. Тоа беше принцип. И денес покажуваме дека тој принцип важи подеднакво за сите. Функцијата никогаш не била и никогаш нема да биде цел сама по себе. Функцијата е средство преку кое му служите на народот. Довербата што граѓаните ја дадоа пред две години не му припаѓа ниту на премиерот, ниту на министрите, ниту на која било политичка партија. Таа доверба им припаѓа единствено на граѓаните. Ние сме само привремени чувари на таа доверба. И затоа имаме обврска постојано да се преиспитуваме. Да проценуваме дали можеме повеќе. Дали можеме подобро. Дали можеме побрзо. Влада што престанува да се преиспитува, почнува да стагнира. А влада што стагнира, ја успорува и државата. Нашата цел никогаш не била само да управуваме. Нашата цел беше да менуваме. Да ги менуваме институциите, навиките. Да ја менуваме политичката култура. Да покажеме дека во Македонија конечно може да постои власт која нема да се плаши да носи одлуки, дури и кога тие не се лесни. Затоа денес не гледајте на оваа реконструкција како на крај на нечија работа. Го велам затоа што граѓаните заслужуваат јасно да ја видат разликата. Разликата меѓу политика што се задоволува со изговори и политика што носи резултати. Разликата меѓу оние што ветуваа промени и оние што денес секојдневно ги реализираат. И токму затоа, пред да ги предложам новите министри, чувствувам обврска да им се заблагодарам на луѓето кои во изминатиот период чесно, посветено и одговорно ги извршуваа своите функции. Затоа што во оваа Влада не постои заборав за вложениот труд. Постои почит кон резултатите. И постои убедување дека секој што чесно работел за државата заслужува благодарност. Една од најважните лекции што ја научив низ политиката е дека зрелоста на една Влада не се гледа само во тоа како избира луѓе, туку и во тоа како се разделува од нив. Во политиката најлесно е да се заборави. Најлесно е да се препише секој успех само на актуелниот момент, а секој предизвик на оној што бил пред нас. Јас нема да го правам тоа. Затоа што секој човек кој чесно, професионално и со чувство на одговорност ја извршувал својата должност заслужува почит. Денес не се збогуваме со луѓе кои не работеле. Напротив. Денес им оддавам признание на луѓе кои во различни околности, во различни ресори и со различни предизвици дадоа свој придонес во реализацијата на програмата за која граѓаните ни ја дадоа довербата. И вие од опозицијата ќе зборите со флоскули и невистини, а јас со конкретни бројки и резултати. На Зоран Љутков сакам искрено да му се заблагодарам за работата што ја направи во Министерството за култура. Кога ја презеде функцијата, ресорот беше оптоварен со наследени долгови, недоволни средства и институции кои предолго работеа во неизвесност. Денес состојбата е суштински поинаква. Буџетот за култура е зголемен од 768 милиони денари во 2023 година на повеќе од 1 милијарда и 70 милиони денари во 2026 година. Буџетот за туризмот е зголемен од 58 милиони на 187 милиони денари, што претставува повеќе од тројно зголемување. Исплатени се наследени долгови од 273 милиони денари, а дополнително се обезбедени 149 милиони денари за програмски активности, проекти и поддршка на културните институции и општините. Но најголемиот резултат не се бројките. Најголемиот резултат е што културата повторно стана државен приоритет. Што уметниците повторно добија партнер во институциите. Што културното наследство повторно доби внимание какво што заслужува. И за тоа му благодарам. Благодарност упатувам и до Цветан Трипуновски. Ресорот земјоделство беше еден од најтешките што ги наследивме. Не само поради состојбите во секторот. Туку поради изгубената доверба кај земјоделците. Доверба што не се враќа со зборови. Туку со дела. Во првите месеци од мандатот беа исплатени речиси 4 милијарди денари заостанати обврски. Од јули 2024 година до денес се исплатени повеќе од 15 милијарди денари финансиска поддршка. Ставивме крај на праксата земјоделците со месеци, па и повеќе од една година, да чекаат за своите субвенции. Од сектор што бележеше просечен пад од 4,4 проценти, денес зборуваме за повторен раст. Но најважно е што државата повторно стана партнер на земјоделецот. Тоа беше суштинската промена. Благодарност упатувам и до Игор Филков. Во Министерството за правда беа подготвени 33 реформски законски решенија за период од само две години. Реформите во правосудството никогаш не се лесни. Тие не носат брзи политички поени. Но тие ја одредуваат довербата во државата. И затоа секој чекор направен во оваа област е важен чекор за иднината. Благодарност и до Азир Алиу, кој раководеше со еден од најсложените ресори во Владата. Здравството е систем што секој ден носи нови предизвици. Тоа е ресор во кој секој успех изгледа мал, а секој проблем изгледа огромен. Токму затоа ја ценам неговата работа и неговата посветеност. Благодарност и до Фатмир Лимани, кој чесно и одговорно го извршуваше својот мандат и даде придонес во работата на Владата. Со Фатмир с епознаваме долго време, сме работеле, работиме и ќе работиме. Почитувани пратеници, Ова не се зборови на формална благодарност. Ова е принцип. Во оваа Влада никој не се брише од историјата затоа што денес завршува една функција. Ниту, пак, некој ќе биде вреднуван според тоа дали останал или си заминал од кабинетот. Единственото мерило ќе остане она што го оставил зад себе. Тоа е политичката култура што сакаме да ја изградиме. Култура во која функцијата не е награда. Не е сопственост, ниту право стекнато засекогаш. Туку привремена должност. Должност што секој ден повторно мора да се заслужува. И токму затоа денес, со искрена благодарност за нивната работа, ја отвораме следната етапа. Не затоа што го негираме сработеното. Туку затоа што сакаме врз тоа што е направено да изградиме уште повеќе. Почитувани пратеници од опозицијата, Денес ќе нè убедувате како треба да се води држава. Но пред да ни делите лекции, погледнете што оставивте зад себе. Ја презедовме државата со разнишани институции, нарушени јавни финансии, закочени капитални проекти, изгубена доверба кај граѓаните и чувство дека државата повеќе нема сила да ги штити сопствените интереси. Имате поранешни министри кои се дел од вашата пратеничка структура, обременети со скандали и сомневања за сторен криминал додека ја извршувале функцијата која ја извршувале. Во вашето владеење премногу често националните интереси беа ставани во втор план. Донесувавте одлуки за кои голем дел од граѓаните сметаа дека се спротивни на националното достоинство и идентитет. Наместо да ја обединувате државата, оставивте длабоки политички и општествени поделби. Промената на уставното име на државата останува една од најконтроверзните политички одлуки во поновата историја. Ние не сме овде за да го менуваме минатото. Но сме овде да не дозволиме повторно да се повтори. Затоа денес ја градиме државата од темелите. Ја враќаме довербата во институциите. Ја стабилизираме економијата. Инвестираме во земјоделството, културата, здравството, инфраструктурата и локалниот развој. Работиме секој ден за да можеме повторно да биде држава што одлучува со самодоверба, што ги штити своите интереси и што се развива со јасен правец. Разликата меѓу нас и вас е едноставна. Вие ја потрошивте довербата што ја добивте. Ние секој ден работиме повторно да ја заслужиме довербата на граѓаните. И токму затоа, денес граѓаните нека судат според нашите дела, а не според зборовите. Токму затоа сакаме да зборуваме за резултатите кои што ги оставивте и резултатите кои што ги остваруваме. Тие се најдобриот одговор на секоја критика и најсилниот доказ за разликата помеѓу две политики и две визии за Македонија. На крајот, ова не е избор само меѓу две политички партии. Ова е избор меѓу две визии за Македонија. Едната визија ја видовме. Визија во која државата беше ослабена, институциите заробени од партиски интереси, а довербата на граѓаните потрошена. Визија во која премногу често личниот интерес беше над државниот, а националните прашања оставаа длабоки поделби што и денес ги чувствуваме. Другата визија е онаа што ја градиме денес. Држава во која институциите му служат на народот, во која чесниот труд се вреднува повеќе од привилегијата, во која законот важи подеднакво за сите и во која успехот се мери според резултатите, а не според политичките врски. Ние не бараме граѓаните да ни веруваат на збор. Бараме да ги споредат двете визии. Да го споредат она што беше со она што денес се создава. Да ги споредат годините на застој со годините на обнова. Верувам дека Македонија заслужува повеќе. Заслужува држава што ќе биде силна, достоинствена и успешна. Држава што нема да живее од минатото, туку ќе ја гради својата иднина со работа, чесност и одговорност. Тоа е онаа татковина во која верувам. Тоа е Македонија за која работиме. И тоа е Македонија што, заедно со нашиот народ, ќе ја направиме посилна отколку што ја затекнавме.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаОбраќање на претседателот Гаши на Дебата со средношколци и пратенициЌе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Почитувана амбасадорке на Обединетото Кралство, Ваша Екселенцијо, г-ѓа Маја Сивањанам, Почитувани претставници на Институтот за комуникациски студии, Почитувани пратеници, Драги млади, Ќе започнам со едно прашање што многу често ми го поставуваат во изминативе две години: Кој е најголемиот предизвик да се биде претседател на Собранието? Секогаш велам дека одговорот на ова прашање не е едноставен, бидејќи оваа одговорност подразбира бројни предизвици, но несомнено еден од најголемите е поврзан со начинот на кој нашите постапки и изјави се комуницираат, толкуваат и перципираат во јавниот простор. Во време кога вниманието на јавноста сè почесто го привлекуваат негативните вести, кога една изјава може да биде извадена од контекст, да биде протолкувана поинаку од она што навистина било кажано, па дури и да биде искривена, станува сè потешко граѓаните да направат јасна разлика меѓу објективните информации и нивните толкувања, како и меѓу фактите и обидите за манипулација. Се разбира, не го започнав ова обраќање за да зборувам за моите предизвици како претседател, туку за да ја истакнам важната улога што ја има точното и објективно информирање во разбирањето на реалноста и во развојот на демократијата. Затоа што денес се соочуваме со еден парадокс: имаме повеќе информации на располагање од кога било досега, но тоа не значи дека поседуваме и повеќе знаење, будност и способност за критичко расудување. Младите се особено изложени на влијанието на дигиталниот простор, бидејќи социјалните мрежи одамна не се само средства за комуникација и забава, туку и важни извори на информации и обликување на нивните ставови. Затоа, заштитата од дезинформации, во суштина, е заштита на демократијата и на нашата слобода да расудуваме независно. Токму тука започнува значењето на медиумската писменост и суштината на денешната дебата. Целта не е да им кажеме на младите што да мислат, туку да ги оспособиме самостојно да размислуваат; да не им определуваме кому да веруваат, туку да ги оспособиме како да ја проценуваат веродостојноста на една информација. Една од првите поуки во оваа насока ја наоѓаме во учењето на кинескиот филозоф Конфучие: „Да не им веруваме на зборовите без претходно да ги провериме и да не заземаме страна пред внимателно да размислиме”. Драги млади, Вие кои сакате да го промените светот, системот и општествените неправди, запомнете: не можеме да промениме нешто за кое не сме целосно свесни, а целосна свесност стекнуваме единствено преку целосното информирање. Во духот на Џон Лок: „Оној што суди без да биде информиран од сите можни извори, неизбежно е да донесе погрешни заклучоци“. Затоа, не ја мерете вистината според бројот на позитивните реакции, не ја мешајте популарноста со веродостојноста и не дозволувајте брзината на информациите да ја замени длабочината на вашето размислување. Застанете, прашувајте, проверувајте и барајте аргументи. Дури и разумното сомневање, кога нè води кон вистината, е знак на слободен ум. Затоа што на едно демократско општество не му се потребни граѓани кои веруваат или критикуваат сè, туку граѓани кои знаат правилно да расудуваат и критички да размислуваат. Собранието, во оваа насока, има важна улога. Како дом на сите граѓани и институција во која тие се претставени, тоа треба да биде пример за транспарентност, аргументирана дебата и отчетност. Исто така, сметам дека Собранието треба да биде отворена врата за општеството, особено за младите, кои не се само носители на иднината, туку и активни чинители на сегашноста. Токму затоа, особено ми е драго што заедно со Британската амбасада, Институтот за комуникациски студии и Клубот на млади пратеници, преку овој настан придонесуваме оваа способност да се негува, да се заштитува и да стане дел од нашата демократска култура. Нашата заедничка обврска е да создадеме услови младите да стекнуваат знаења, да развиваат критички пристап и да имаат доверба во сопственото расудување. На нашата држава ѝ се потребни млади луѓе кои знаат да ги преиспитуваат работите, одговорно да дејствуваат во општеството и да имаат капацитет да придонесуваат кон позитивни промени и напредок на државата. Ќе го завршам моето обраќање со цврсто уверување дека: „Вистинската слобода не се состои само во правото да го изразиме тоа што го мислиме, туку и во способноста слободно да размислуваме пред да поверуваме во она што ни се кажува и да станеме робови на дефиницијата на реалноста што ни ја наметнува некој друг“. Ви благодарам и ви посакувам плодна дискусија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Автомобилизам„McLaren“ подготвува нов суперавтомобил, а првата трага се појави на неочекувано местоСе шпекулира дека новиот „McLaren McL 820“ ќе пристигне како наследник на моделот „750S“.„McLaren“ би можел да го претстави наследникот на својот суперавтомобил „750S“ уште следната година – иако производството на „750S“ моментално е планирано да продолжи до 2027 година. Можното име на новиот модел беше откриено сосема случајно, благодарение на скулптура од птицата киви, изложена во лондонскиот „Covent Garden“. Кивито е традиционален симбол за „McLaren“, поврзан со новозеландското потекло на основачот на компанијата, Брус Мекларен. Сепак, токму ознаката „McL 820“ – испишана со портокалови букви на скулптурата – го привлече вниманието на списанието „Autocar“. Доколку овие претпоставки се покажат како точни, името би можело да укажува на нов суперавтомобил со приближно 820 коњски сили – околу 70 коњски сили повеќе од сегашниот модел „750S“. Се очекува новиот „McLaren“ да биде опремен со „V8“ мотор со два турбополначи, за разлика од „V6“ моторот кај „Ferrari 296 GTB“, кој развива 830 коњски сили. Сепак, компанијата сè уште официјално нема потврдено ниту името, ниту техничките спецификации на новиот модел. Нова ознака и враќање на мануелниот менувач Префиксот „McL“ веќе се појави кај моделот „McL 6GT“ – суперавтомобил од ограничена серија со цена од приближно 1,5 милиони долари. Овој модел исто така привлече внимание бидејќи поседува мануелен менувач – прв од ваков вид во понудата на „McLaren“ уште од легендарниот модел „F1“ од 1990-тите години. Промените во компанијата опфаќаат повеќе од само нови модели и ознаки. „McLaren“ сега е во сопственост на инвестицискиот фонд „L'imad“ со седиште во Абу Даби и поминува низ поширока корпоративна реорганизација. Исто така, постојат планови за развој на „SUV“ возило, дизајнирано да им конкурира на модели како „Lamborghini Urus“ и помоќните верзии на „Porsche Cayenne“. Понатаму, „McLaren“ има намера да изгради втора фабрика во Обединетото Кралство и да започне со производство на сопствени мотори, со што ќе стави крај на досегашната зависност од компанијата „Ricardo“. Засега, „McL 820“ останува неофицијална можност, но еден детаљ на скулптура во Лондон поттикна шпекулации во врска со следното големо ново издание на „McLaren“. Извор: Б92Тагови: McLaren Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалТен Хаг: Испаѓањето на Манчестер Ј. од Премиер лигата не е невозможно сценариоИспаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг.Испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг, кој предупредува дека кризата на „Олд Трафорд“ би можела да добие сериозни размери доколку тимот продолжи да бележи лоши резултати. Холандскиот стручњак, кој помина две и пол години на клупата на Јунајтед, истакна дека квалитетот на клубовите во англиското првенство е толку изедначен, што ниту еден тим не е безбеден од борбата за опстанок. – Во Премиер лигата тоа е секако можно, бидејќи сите тимови се едноставно многу силни. Имаат квалитетни состави и добри тренери. Ако еднаш завршите на погрешната страна и западнете во маѓепсан круг, ситуацијата може да стане навистина многу тешка – изјави Тен Хаг во интервју за „ESPN“. Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза и моментално е веднаш над зоната за испаѓање. Иако до крајот на сезоната има уште многу натпревари, позицијата на еден од најтрофејните англиски клубови предизвикува сè поголема загриженост. „Црвените ѓаволи“ не испаднале од највисокото ниво на англискиот фудбал уште од 1974 година, но продолжувањето на слабите резултати би можело да ја загрози и таа традиција. Сепак, Тен Хаг ја искористи можноста да се осврне на својот престој на „Олд Трафорд“, истакнувајќи дека неговиот тим постигнал многу добри резултати и покрај бројните проблеми. – Сметам дека завршивме повеќе од добра работа со Јунајтед. Тешко дека можевме да направиме многу подобро. Пред нашето доаѓање, клубот немаше освоено трофеј шест години, а ние игравме на „Вембли“ шест пати, стигнавме до две финалиња во ФА Купот, освоивме два трофеја и завршивме на третото место. Тој призна дека за време на неговиот мандат имало и тешки периоди, но потсети на високите барања во Премиер лигата и конкуренцијата со која се соочува секој клуб. Тен Хаг доби отказ во октомври 2024 година, по што Манчестер Јунајтед продолжи со потрагата по стабилност.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook