1Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
Технологија„Google“ направи хаос: 77% од страниците се погодени!Во средината на септември 2025 година, „Google“, без предупредување, го оневозможи „URL“ параметарот „&num=100“, кој овозможуваше прикажување на 100 резултати на една страница за пребарување.Иако на прв поглед изгледа како технички детаљ, оваа промена предизвика значително нарушување во „SEO“ заедницата, влијаеше на работењето на бројни алатки и ги искриви податоците во аналитиката. Се проценува дека влијае на околу 77% од страниците. Параметарот „&num=100“ беше основа за софтвер што ги следи позициите на пребарувањето, бидејќи дозволуваше скенирање на 100 резултати одеднаш. Со неговото отстранување, собирањето податоци станува десет пати посложено: • Пред: 1 барање = 100 резултати • После: 10 барања = 100 резултати Ова значи повеќе барања до серверите на „Google“, зголемени трошоци за инфраструктура и поголема сложеност на собирањето податоци. Последиците вклучуваат неисправни контролни табли, недостасувачки податоци за рангирање и нецелосни „SERP“ извештаи. Се очекува повисоките оперативни трошоци на алатките да се пренесат на корисниците преку зголемени цени на претплата. Некои алатки веќе го намалија следењето на првите 20 резултати за да ги ублажат зголемените трошоци. Ефекти врз „Google Search Console (GSC)“ Промената влијаеше и на првите податоци во рамките на „GSC“. Многу сопственици на страници забележаа пад на импресиите на работната површина, со истовремено зголемување на просечната позиција на страницата. Ова се случи затоа што ботовите за следење на рангирањето повеќе не можат да генерираат импресии за позициите 11-100 на една страница. Претходно, кога параметарот беше активен, дури и страниците на последните позиции бележеа импресии. Овој ефект доведе до намалување на вкупниот број на импресии и откри дека претходните податоци беа значително „контаминирани“ од активноста на ботовите. Причини за промената Иако „Google“ официјално не ги објасни причините, експертите веруваат дека клучните мотиви се: •Отежнување на автоматското собирање податоци од SERP. • Заштита на инфраструктурата: намалување на оптоварувањето на серверите. • Контрола на податоци: поттикнување на користење на „GSC“, наместо надворешни алатки. • Одбрана од конкуренција со вештачка интелигенција: намалување на способноста на алатките или моделите да го користат индексот на „Google“ за автоматско генерирање одговори. Извор: Б92Тагови: Google хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦената на бензините се зголемува за 2 денари по литар, дизелот поскап за 1 денарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,55% во однос на одлуката од 26.10.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек кај бензините за 0,793%, кај дизелот има зголемување за 0,409%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,695% и кај мазутот има зголемување од 2,546%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4400%. Во Одлуката на РКЕ е применета владината одлука за намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% и е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Од 3.11.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 100,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 110,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 55,573 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,300 ден/кг и сега ќе изнесува 55,573 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
Европа Двајца загинати во пожар во магацин во Трст (ВИДЕО)Маж и жена загинаа во пожар што избувна во напуштен магацин во sтарото пристаниште во Трст. Противпожарните екипи ги пронајдоа телата на првиот кат од трикатниот објект.Првичните сознанија укажуваат на тоа дека пожарот настанал откако група мигранти запалиле оган внатре во објектот. Додека пламените јазици се ширеле, поголемиот дел од групата успеал да побегне, но две лица останале заробени внатре. Пожарникарите влегле во зградата опремени со апарати за дишење за да го изгаснат пожарот и да ги пребараат просториите. За време на интервенцијата, се урнала дрвена подна конструкција, но ниту еден пожарникар не бил повреден. Надлежните сè уште не го соопштиле идентитетот на жртвите, ниту пак ги потврдиле точните околности под кои тие настрадале. #Trieste, incendio nella notte in un magazzino al Porto Vecchio: #vigilidelfuoco al lavoro con 2 squadre, durante le operazioni di spegnimento rinvenuti 2 corpi privi di vita. Esclusa la presenza di altre persone coinvolte, intervento concluso poco dopo l’alba con le operazioni di bonifica dell’area #2novembre — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) November 2, 2026 Тагови: Трст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook