„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм - Канал 5

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Додека „пребогатата“ Македонија ужива во „чистата“ вода во Гостивар, „глупавите“ Финци отвораат рудници а во јуни годинава, Терафејм e започна со екстракција на ураниум на својата индустриска локација во Соткамо, општина со повеќе од 10.000 жители.

„Глупавата“ влада на Финска вложи во рудници и е мнозински сопственик во фирмата Терафејм

Она што за Македонија во моментов е незамисливо , за „регресивната и глупава“ Влада на Финска е врвен приоритет за обезбедување на предиктивна енергетски независна иднина за следните поколенија.

Компанијата Терафејм која претставува заедничко вложување е основана во 2015 година и управува со голем рударски комплекс во Соткамо, Финска, каде што се наоѓаат најголемите европски резерви на никел и кобалт. Општината Соткамо има повеќе од 10.000 жители каде главниот економски двигатели се туризмот и рударството.

Финската влада со својата рударска компанија произведува батериски хемикалии наменети за електрични возила при што користи иновативна и енергетски ефикасна технологија на т.н. биолужење. Во споредба со традиционалните методи на производство, оваа технологија овозможува значително помал јаглероден остаток.

Еден од клучните фактори за стабилноста на Терафејм е силната поддршка од финската држава, која има мнозинска сопственост во компанијата. Ваквата стратешка вклученост придонесува за создавање сигурен европски синџир на снабдување со суровини и батериски материјали, што е од особено значење за агендата за зелената транзиција на Европската Унија.

Со цел да одговори на зголемената побарувачка, Терафејм продолжува да ги проширува своите производствени капацитети. Покрај постојниот рудник, наоѓалиштето Колмисопи неодамна доби статус на стратешки проект на ЕУ. Неговото отворање е планирано до 2028 година, со што би се овозможило континуирано производство сè до 2050-тите години.

Значајна улога во остварувањето на овие цели има долгогодишната соработка со врвни производители на рударска опрема и флота која постојано се обновува и денес располага со ултраголеми багери и 16 крути кипери. Истиве секојдневно успешно работат во тешките фински временски услови, долгите зими и екстремно ниските температури.

Постојаното унапредување на продуктивноста и ефикасноста дополнително ја зацврстува позицијата на Терафејм како еден од лидерите во европската индустрија за батериски материјали.

А нашата македонија се' уште спие...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Почина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести.

Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент

Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување.

Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите.

Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје.

Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..

Бебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија

Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето.

YouTube video

Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер