Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
Балкан„Францускиот предлог“ втор ден „талка“ низ процедуралните лавиринти во Бугарија Францускиот предлог и билатералниот протокол се загубија во процедурите и калкулациите на политичарите во Бугарија. По вчерашниот неуспешен обид на Комисијата за надворешна политика да се изјасни со некаков став. Позицијата на официјална Софија за земјава сепак, пред самитот на ЕУ ја кажа бугарскиот премиер Петков, кој истакна дека нема ниту хипотетичка можност за нешто да се промени до крајот на самитот. Петков повтори дека одлуката треба да е во рацете на народното собрание и кажа дека според него францускиот предлог е најдобриот кој Бугарија до сега го добила, а упати и остри критики кон опозицијата, но и кон Претседателот Радев кого го нарече кукавица. -Има ли хипотетичка можност, сепак нешто да се случи до крајот на советот? / Не, нема хипотетичка можност бидејќи јас стојам на мојот збор. / Ако си Претседател на место ќе го свикаш консултативниот совет, ќе ги викнеш сите служби, ќе ги викнеш сите партии, седнуваме сите заедно, разгледуваме и излегуваме. Но, не пак, тоа било на Владата, било на Премиерот, маските паднаа, смачено ми е од плашливци. Јас ќе си го запазам моето ветување пред бугарскиот народ и се надевам дека ќе имаме една отворена дискусија бидејќи е историски момент кој не треба да го испуштиме. Тој предлог (францускиот) е многу убав, прашањето е да се направи на вистински начин.- Кирил Петков – Премиер на Бугарија. Спорно за политичките партии во бугарскиот парламент се процедурите, односно дали францускиот предлог и билатералниот протокол треба да поминат во комисијата за надворешна политика или на пленарна седница во Собранието. И додека ја блокираат работата на комисијата, пратеничките групи на ГЕРБ и на ДПС доставија два нацрти до народното Собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. Токму на решение во Собранието повика и екс премиерот Борисов кој го повика Петков да не ја урива и Владата во Македонија. -Да не ја урнеме и Владата на Македонија и да нанесеме штета. Ако тоа се случи вие господине Петков сте сојузник на Митрофанова, тој го искористи името на амбасадорката, вие сте сојузник на Путин на Балканот. Затоа Ве молам, наредете и на вашата партија да го внесе предлогот, да биде водечка, ние ќе ја поддржиме.- Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ. Довчерашниот коалициски партнер на Петков пак бугарската социјалистичка партија најави дека нема да поддржи било каков предлог за решение на спорот со Македонија. -Позицијата на Бугарската социјалистичка партија е дека додека не бидат исполнети обврските кои се во договорот од 2017 година и декларацијата на бугарскиот парламент од 2019 година, БСП за Бугарија нема да поддржи каков и да е предлог. Но, тоа не значи дека разгледувањето во бугарскиот парламент треба да запре. Тоа не значи дека бугарските граѓани треба да бидат информирани. / Ние нема да бидеме тие кои ќе ги предадат бугарските национални интереси.-- Георги Свиленски – Претседател на парламентарна група на БСП. Во меѓувреме, Еврокомесарот Вархеји преку социјалната мрежа твитер порача дека Унијата ги зема доста сериозно бугарските грижи и тие сега се дел од преговарачкиот процес. Моментот за сериозни одлуки како што напшиша Вархеји е сега, и Западен Балкан треба да е дел од ЕУ. Вархеји го повика и бугарскиот парламент да ја исполни својата обврска и да го изгласа предлогот за Македонија и Албанија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook