3Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер
Автомобилизам„Ford Bronco“ доаѓа во Европа!Семејството „Bronco“ на „Ford“ повторно се шири. Додека стандардните „Bronco“ и „Bronco Sport“ се веќе достапни во САД, а „Bronco EV“ е достапен само во Кина, наскоро доаѓа нов „plug-in“ хибрид - само за Европа.Според „Automotive News Europe“, „Ford“ ќе претстави нов компактен „SUV“ во 2027 година кој ќе го носи името „Bronco“. Овој модел ќе биде помал од сегашниот модел Kuga/Escape и сосема различен од „Bronco“ што се продава „преку барата“. Ќе се произведува во фабриката на „Ford“ во Валенсија, каде што моментално се склопува „Kuga“. Во однос на позиционирањето, новиот модел ќе се вклопи помеѓу „Puma“ и „Kuga“, со помодерен дизајн прилагоден на европската побарувачка за „урбани“ „SUV“ возила. Доаѓа како „plug-in“ хибрид, иако има гласини дека „Ford“ подготвува поширока „multi-energy“ понуда. Засега нема индикации дека ќе пристигне целосно електрична верзија. Европскиот „Bronco“ не е само уште еден „SUV“ во гамата. Моделот претставува важен стратешки чекор во оживувањето на производството во Шпанија, бидејќи Валенсија е под лупа веќе некое време поради реструктуирање. Прекинувањето на производството на модели како што се „Mondeo,“ „Galaxy“ и „S-Max“ остави празнина што „Bronco“ сега треба да ја пополни. Моментално, во шпанската фабрика се произведува само „Kuga“, така што новиот „Bronco“ би можел да донесе нов импулс и да го зголеми обемот на производство, а тоа доаѓа во време на големи промени за „Ford“ и јасно ја покажува насоката во која се движи компанијата во Европа. Извор: Б92Тагови: Ford Bronco Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министерГрадоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook