ФИТР го објави јавниот повик за третиот сет мерки за поддршка на економијата

Домашните компании од денес имаат можност да аплицираат за поддршка во Фондот за инвации и технолошки развој за побрзо за закрепнување од последиците кои ги нанесе коронавирусот. 

Фондот за оваа намена има буџет во висина од 3,3 милиони евра. Компаниите кои ќе добијат 70 процентна помош од државата додека пак останатите 30 проценти треба да ги обезбедат сами.

Мерката е намената за микро, мали и средни компании чии што капацитет не изнесува над 250 вработени и чии што годишен приход не надминува 10 милиони евра во последните две години. Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, соопшти дека предвидената поддршка не е за ликвидност или за опстанување на компаниите, туку за нивно побрзо заздравување.

„Целта на овој инструмент е да се поддржи здравото ткиво на економијата кое очекуваме да биде двигател на забрзаното заздрававување./(блиц) Не даваме кредити и грантови, нема поклон пари. Средствата подразбираат поврат но не по цена на опстанокот на компанијата и работните места. Ако сме партнер во добивката, ќе бидеме партнер и во делењето на ризикот“,вели Јован Деспотовски – директор на ФИТР.

Компаниите ќе бидат должни да ги вратат средствата како процент од бруто добивката во првите три години по завршувањето на инвестицијата, додека пак финансиската поддршка е структуирана по големина на компанијата.

Микро компаниите можат да побараат најмногу 750.000 денари, средните до 1,5 милиони денари, а средните ќе можат да добијат до 3 милиони денари.

Мерката опфаќа и компании што во последните две години од работењето немале регистрирана загуба, освен старт-ап компании до три години постоење за кои условот не важи. Исто така, при бодувањето на апликантите во предвид ќе се земе регионот од кој компаниите доаѓаат. Доколку се од помалку развиен регион ќе добијат повеќе бодови, а предност е предвидена и за компаниите во чиј менаџмент има жена.

Во повикот се обезбедуваат и бруто плати за лица кои ќе бидат ангажирани во проектот, што претставува новина.

Со оваа мерка официјално започнува третиот пакет мерки на владата со кој ќе ја заживува економијата по ударот кој го нанесе ковид-19

Рокот на реализација на проектите е дванаесет месеци, додека пак аплицирањето за повикот започнува денеска, а тој ќе трае до 26 јуни, односно следниот месец.

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

притисни ентер