„Еурактив“: Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово - Канал 5

„Еурактив“: Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово

Германија планира строго да се придржува кон планот за укинување на визите за косовските граѓани при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година.

„Еурактив“: Париз и Берлин со различен став околу визната либерализација за Косово

И покрај најавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Париз и Берлин би можеле да разгледаат одлагање на стапувањето во сила на безвизниот режим за Косово доколку Приштина не се насочи кон намалување на тензиите со Србија, Германија планира строго да се придржува кон планот за укинување на визите за косовските граѓани при патување во ЕУ од 1 јануари 2024 година, наведува „Еурактив“.

Ова, според порталот, по се изгледа значи дека Макрон не се консултирал со властите во Берлин, кога минатата недела го изнесе ставот на Париз како заедничка позиција на двете најголеми земји во ЕУ.

Франција и Германија досега имаа синхронизиран пристап кон Косово, излегувајќи со заеднички ставови и изјави и заедно работеа на најновите предлози за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, неформално наречени „француско-германски план“.

Макрон изјави дека чекаат „јасна посветеност“ од двете страни, вклучително и нови локални избори, враќање на Србите во институциите и општо смирување на ситуацијата, но отиде и чекор понатаму и постави ултиматум - дека Франција и Германија се посветени и направија чекори кон отворање на визната политика и други економски прашања, кои ќе бидат преразгледани доколку двете страни не водат одговорна политика, наведува „Еурактив“.

Но, од германското Министерство за надворешни работи, за порталот посочиле дека Германија ќе ги почитува прописите усвоени од ЕУ во април 2023 година, според кои, косовските државјаните во иднина ќе бидат ослободени од условот за поседување виза за краток престој во Шенген зоната.

- Оваа одлука ќе стапи во сила на 1 јануари 2024 година. Тоа значи дека од тој датум сите држави од Западен Балкан ќе бидат подеднакво ослободени од условот за виза за краток престој во Шенген зоната, се наведува во одговорот на германското МНР.

Во меѓувреме, известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, побара визната либерализација да не биде поврзувана со дијалогот Белград-Приштина.

- Граѓаните на Косово ја заслужуваат одамна задоцнетата визна либерализација. Сакаме да бидеме јасни - безвизниот режим не е и не треба да биде поврзан со дијалогот со Србија. ЕУ мора да го исполни ветувањето, дозволувајќи им на граѓаните на Косово слободно да патуваат од 1 јануари 2024 година, рече Фон Крамон.

На најавата на Макрон реагираше и косовската претседателка Вјоса Османи, која изјави дека доколку се одложи визната либерализација, дијалогот Белград-Приштина ќе биде уништен засекогаш.

- Би рекла дека ова е начин да се уништи дијалогот еднаш засекогаш. Ако некој сака да го прекине дијалогот, тогаш нека преземе такви мерки, кои се казнени мерки против народот на Косово. Тие не се против ниту еден лидер, не се против политика, тие се против народот на Косово. А таквата невидена казна, која беше голема неправда за народот на Косово, ќе резултира со крај на дијалогот, рече Османи.

Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел минатата недела на прес-конференцијата по завршувањето на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на Унијата во шпанскиот град Толедо, најави дека на 14 септември ќе организира средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, што би требало да преставува продолжување на разговорите меѓу двете страни на високо ниво, кои неколку месеци беа во застој. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.

Тошковски на „Мото Илинден урбан драјв“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот.

Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот.

„Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски.

Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила.

Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува.

„Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Шкотските навивачи  ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.

Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот

Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи?

Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер