Експлицитна фотографија на една од најубавите жени во бивша Југославија(фото) - Канал 5

Експлицитна фотографија на една од најубавите жени во бивша Југославија(фото)

Според многумина, ѝ нема рамна ни денес! 

 Експлицитна фотографија на една од најубавите жени во бивша Југославија(фото)

Тања Бошковиќ се смета за една од најубавите жени во некогашна Југославија. Таа сега е на прагот од 8-мата деценија, годините оставиле трага на нејзиното лице, но многумина би се согласиле дека убаво ѝ прилегаат и дека не се променила драстично.

На социјалните мрежи се појави фотографија од нејзината младост, стара 40 г. На неа се гледа дека убавината, држењето, ставот, отсекогаш ја краселе оваа актерка. Нејзините обожаватели забележаа дека таа старее природно и достоинствено, дека речиси ништо не променила, а брчките на нејзиното лице ѝ даваат одредена црта на сериозност. Многумина прокоментираа дека таа би требало да им биде пример на многу млади девојки.

Своевремено, актерката ја откри тајната за својата убавина и испрати силна порака до младите девојки: - Жал ми е за убавите девојки кои имале потенцијал, но направиле толку многу операции и сега личат на пластични виршли. Што се однесува до мене, цел живот се смеам и секаде одам пеш, тоа е тајната на мојата убавина – одговорила познатата актерка.

Обожавателите не останаа неми на изгледот на Тања Бошковиќ од почетокот на нејзината кариера, каде таа позирала без шминка, со мокра коса и во бордо бикини.

- Извонредна убавина, неверојатно тело! Убедливо најдоброто тело досега на филмското платно во Југолавија и Србија! Благодарност до Лордан Зафрановиќ што ја стави гола на плакатите секаде низ Пула и Белград во 1978 година, кога Белград навистина беше свет, а Тања беше меѓу трите најубави жени во светот, веднаш до Урсула Андрес! – е само една од реакциите на Инстаграм профилот на Домашна кинематографија („damaca_kinematografija“) на Инстаграм.

Можеби причината е што Тања во постот, молитвата и планинарењето нашла мир како ретко кој. Таа своевремено се осврна и на фактот дека е меѓу ретките личности кои можат да се пофалат со исклучително здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

Шеснаесет маратонци, од кои 11 во машка и пет во женска конкуренција, учествуваат на 39. Охридски пливачки маратон, што денеска се плива во водите на Охридското Езеро.

Шеснаесет маратонци пливаат на 39. Охридски пливачки маратон

25 километри долгата патека Климе Савин од Свети Наум до градското пристаниште во Охрди го пливаат маратонци од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина.

Боите на Македонија ќе ги бранат Александар Илиевски, Петар Цеков, Леонид Мишевски и Росана Гошева.

Покровители на маратонот се Општина Охрид, Министерството за спорт и претседателката Гордана Силјановска Давкова, додека технички организатор е пливачкиот клуб „Охридски Бранови 2008“ од Охрид.

Наградниот фонд на годинашниот маратон изнесува 15 илјади долари, а паричните награди ќе бидат распределни соодветно за најдобрите пливачи во двете категории.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено...

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.

Во Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригада

На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците.

Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ.

Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер