Живот„Еко Герила": Шар Планина да се прогласи за Национален парк Невладината организација „Еко Герила" денеска повика Шар Планина за да биде прогласена за Национален парк.Според нив, завршена е постапката за валоризација на тимот на експерти кои дале позитивна оценка за постапката. – Екипата на експертите даде препорака дека оваа територија треба да биде прогласена за Национален парк за да се заштитуваат флората и фауната, различните природни ресурси, вклучувајќи и различни минерали но и плановите за развој на секоја засегнатата општина под територијата на Шар Планина. Ја повикуваме Владата да ја достави одлуката на експертите пред пратениците и да ја прогласат Шар Планина за Националниот парк, со цел да се официјализира оваа одлука и да ги почитуваат оценките и заклучоците на експертите за внатрешното зонирање на паркот, истакна Аријанит Џафери од „Еко Герила" на денешната прес-конференција. Од организацијата посочуваат дека постојат страни кои сакаат да го спречат прогласувањето на Шара за национален парк. -Според наши информации постои некаков облик на притисок од страна на интересните групи вклучени во изградбата на мали хидроцентрали субвенционирани од даночните обврзници кои бараат да го спречат прогласување на Шар Планина за Националниот парк додека не ги реализираат своите проекти и да ги уништат околината и реките на Шара. Овој вид на притисок или лобирање од страна на хидро-мафијата не треба да биде земен предвид од граѓаните и Владата, вели Џафери. Прогласување на национален парк ќе значи давање предност на природната разноликост, велат од „Еко Герила". -Тие треба да дадат приоритет на заштитата на разни растителни и животински видови на планината Шара, заштитата на водните ресурси за жителите на подрачјата околу планината, а исто така и заштитата на шумите од масовната сеча. Интересите на граѓаните и жителите на заштитеното подрачје треба да бидат приоритетни во однос на интересите на мафија на хидроцентралите која уништува природни ресурси со државни субвенции, односно со пари на граѓаните, рече Џафери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook