Фудбал„Дејли Меил“: Англија сега треба да биде домаќин на следното Светско првенствоСоопштението на претседателот на ФИФА Сеп Блатер дека се повлекува од функцијата, во лондонските медиуми одново ја покрена темата за „легалноста“ на изборот на Русија и на Катар за домаќини на идните две светски фудбалски првенства, во 2018 и во 2022 година.Лондонски „Дејли Меил“ порача денеска дека Англија би требало сега да биде домаќин на следното првенство за три години. Според овој весник, близок до владејачките британски конзервативци, во новонастанатите услови, европските држави во 2018 година, треба да организираат натпреварување на кое ќе треба да поканат некои од јужноамериканските земји. За едно такво натпреварување, што би требало да биде еден вид „мини Мундијал“ , најдобро место за одржување е Англија, поради условите што таа веднаш може да го понуди, проценува „Дејли Меил“. Ваквиот предлог на весникот, доаѓа по изјавата на претседателот на англиската Фудбалска асоцијација (ФА), Грег Дајк, дадена минатиот викенд, дека УЕФА и европските земји треба да го бојкотираат Светското првенство во Русија, доколку на чело на ФИФА остане и понатаму Сеп Блатер. Барањето на Дајк беше веднаш отфрлено од ФИФА, а подоцна и од ЕУ, од каде е порачано дека не се размислува за бојкот на Мундијалот во Русија, па тој денеска зборува само за изборот на Катар. „Не сум сигурен и убеден кога станува збор за катарската организацијата на Светското првенство во 2022 година„- рече Дајк во Лондон. Блокот противници на изборот на ФИФА, првпат Русија да биде организатор на едно светско првенство, што го предводат Англичаните, проценува дека руската организација засега е „релативно сигурна“ најмногу поради временскииот фактор. Остануваат помалку од два месеци до жрепката за квалификациите за „Русија-2018“ како и само три години до почетокот на првенството. Тоа е време кое е недоволно да му се даде кому било да се подготви за еден така голем спортски настан, а освен тоа, организацијата на еден Мундијал чини се поскапо..Последното првенство во Бразил, минатата година, чинеше четири милијарди долари. Но сегашната ситуација во Европа, покажува дека во „вонредни услови“ само Англија и Германија би можеле да „ускокнат“ и да ја преземат организацијата од Русија, затоа што само овие две земји се комплетно подготвени, без никакви дополнителни подготовки да организираат еден Мундијал во фудбал. Засега не се знае дали мотивите на „Дејли Меил“ за обнова на иницијативата за организација на СП во Англија, се принципиелни, затоа што и натаму има сомневање во „чесноста“ на изборт за Русија (и за Катар), или пак е политичка. Овој весник, како и медиумите блиски до владејачките конзервативци, од порано „војуваат“ со Русија и посебно со претседателот Владимир Путин, околу неговата внатрешна политика, а сега и поради украинската криза, за која се обвинува Москва. Но „Дејли Меил“ на од него замисленото, контра-првенството, не ги сака ниту африканските и азиските земји, чии фудбалски федерации застанаа зад Блатер, при неговата последна кандидатура за претседател на ФИФА и покрај барањато од УЕФА тој да се повлече. Не се знае, дали во ваквото сценарио на весникот, ќе се вклучат Германија, Франција, Шпанија и Италија.На гласањето во Цирих, во декември 2010 година, за изборот на организатор на СП во 2018, ниту една од овие земји не гласаше за кандидатурата на Англија, па англиската понуда остана само со подршката од асоцијациите во Велика Британија и беше елиминирана уште во првиот круг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаБран штрајкови се најавени во Италија за овој месец- запираат возовите, автобусите и авионите Италијанските синдикати повикаа на национален штрајк во железничкиот, автобускиот и воздушниот транспорт за 20 и 21 ноември, на кој ќе му претходат неколку прекини на работата и протести на локално ниво.Генералниот штрајк, свикан од Италијанската општа конфедерација на трудот (CGIL), ќе ги опфати сите транспортни сектори, и јавни и приватни, во текот на целиот ден на 20 ноември, објави денеска ADNkronos. Во исто време, неколку закажани протести и локални штрајкови од следната недела се закануваат да го нарушат транспортот, создавајќи тешкотии за жителите на неколку италијански градови. Утре Џенова ќе биде погодена од штрајк во транспортот организиран од синдикатот Cub Trasporti, додека синдикален протест ќе се одржи во Козенца на 10 ноември, што ќе го наруши и јавниот превоз. Во Милано, штрајк на групацијата ATM е свикан за 13 ноември, што ќе доведе до прекини во јавниот превоз во тој град, како и во Монца и Бријанца, а истиот ден, јавниот превоз во Венеција исто така ќе биде засегнат во текот на целиот ден поради прекин на работата. Штрајкови се планирани и во транспортниот сектор во Бари и Неапол во текот на ноември, соопшти агенцијата. На национално ниво, критични денови за транспортот, од јавниот превоз до железницата, ќе бидат 20 и 21 ноември, кога штрајкот ќе влијае на железничкиот товарен транспорт, локалниот јавен превоз и железничкиот патнички транспорт, од 21 часот на 20 ноември до 20 часот на 21 ноември. Што се однесува до секторот за воздушен транспорт, се очекуваат прекини за патниците што летаат на 22 ноември, кога вработените во неколку компании во Фиренца и Пиза ќе штрајкуваат, додека работниците во компанијата Енав во Варезе исто така ќе штрајкуваат. Покрај транспортниот сектор, прекин на работата е повикан и за италијанските работници во кол-центрите да штрајкуваат на 11 ноември. Синдикатите заеднички ја повикуваат владата да „обезбеди сериозна индустриска политика за секторот, како и да ги заштити работните места и приходите на работниците“. Национален штрајк е закажан и за 16 ноември за приватните даватели на здравствени услуги, социјалните претпријатија, како и за регионалните и локалните власти, потсети агенцијата. Во исто време, училиштата и универзитетите ќе бидат во центарот на широк протест во текот на денот на 20 ноември, свикан од синдикатите и здруженијата на работници во образованието на Италија.Тагови: италија штрајкови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook