Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
2Средба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од лани
3Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици
Автомобилизам„Dacia Sandero“ е најпродаваниот автомобил во ЕвропаНајпродаван модел во Европа годинава во април е „Dacia Sandero“ со вкупно 18.659 примероци, што претставува зголемување од 44% во однос на април 2022 година.Потоа следуваат –„Volkswagen T-Roc“ (16.746 единици), „Opel/Vauxhall Corsa“ (16.578 единици), „Renault Clio“ (15.592 единици) и „Peugeot 208“ со продадени 15.026 примероци. „Tesla Model Y“ останува најпопуларниот електричен автомобил со 10.553 продадени примероци во април, доволно за да ја задржи позицијата на најпродаваниот нов патнички автомобил во Европа и во првите четири месеци. Следните најпродавани ЕВ во април се „Volkswagen ID.4“ со 6.452 атомобили (зголемување од 125% во однос на април 2022 година) и „Volkswagen ID.3“ со 5.913 продадени возила, што претставува зголемување од 259% во споредба со април минатата година .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во ЛотаријаПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, за првпат беше спроведен во Кривичниот суд. Ексдиректорот на државна лотарија Перпарим Бајрами не призна вина на денешното судско рочиште како првоосомничен за проневера на 9,7 милиони евра во оваа државна Институција. Бајрами за првпат седна на обвинителната клупа, откако по речиси две години бегство на 9 септември на граничниот премин Блаце самиот и предаде на полицијата. Неговиот адвокат Еленко Миланов по денешното судење рече дека листата на докази е веќе подготвена – не сакаше да открие на кои аргументи точно ќе се темели одбраната, но рече дека меѓу материјалните докази е и добиено позитивно мислење од Министерството за финансии во однос на набавката на терминали за државна лотарија. – Станува збор за материјални докази со коишто ќе докажуваме одредени факти за оспорување на овао бвинение. Денеска во суштина и не се случуваше многу во судницата, со тоа што можам да кажам дека постоеше коректно однесување и од судот и од обвинителството во делот на начинот на изведување на доказите. Во однос на сите овие постапки, на сите барања, дури и за правото да може да се приредува самостојно постпјат мислења од министерството за финансии, коишто се позитивни. Покрај Перпарим Бајрами, на денешното рочиште вина негираше и последноообвинетиот Башким Авдиу, кој на претходното рочиште бараше превод на обвинителниот предлог од македонски на албански јазик. Ова сега значи дека сите осуммина обвинети се чувствуваат за невини и во наредниот дел до постапката најавија дека тоа и ќе го докажуваат. Покрај Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и проневера на нешто помалку од 10 милиони евра во државна лотарија обвинети се уште седум лица, меѓуу кои и поранешнииот прв вицепремиер Артан Груби, како и поранешниот генерален секретар на владата Методија Димовски. Случајот ќе продолжи во среда на 23 септември со изведување на материјалните докази на обвинителството. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаСредба на Министерството за финансии, УЈП и Царинската управа – буџетските приходи за 8% повисоки од ланиБуџетските приходи заклучно со август изнесуваат околу 3,75 милијарди и се за 8 проценти повисоки во однос на истиот период лани, додека даночните приходи бележат раст од 8,2 проценти.Овие податоци биле разгледани на средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со директорите на УЈП и Царинската управа, Елена Петрова и Бобан Николовски. Од Министерството оценуваат дека буџетот засега се реализира согласно планираната динамика, без позначајни отстапувања. Средбата доаѓа само неколку дена откако Димитриеска-Кочоска не ја исклучи можноста за нов ребаланс или прераспределба на средства поради случувањата на глобалните пазари и влијанието на кризата врз цените на енергентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрвав напад во Пакистан- најмалку 16 загинати во експлозија во џамија (ВИДЕО)Најмалку 16 лица, вклучувајќи пет полицајци, беа убиени во напад врз џамија во северозападен Пакистан откако возило натоварено со експлозив се удри во неа. Висок полициски службеник во Пешавар ја потврди веста, според Би-Би-Си. Борби на местото на настанот Нападот се случил во округот Кохат, во покраината Хајбер Пахтунхва, каде што сè уште се водат престрелки меѓу напаѓачите и безбедносните сили. Еден официјален претставник изјави дека еден напаѓач е убиен и дека се во тек спасувачки операции. Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари испрати „најдобри желби за брзо закрепнување на повредените во експлозијата“ во официјално соопштение. Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападот. Премиерот Шехбаз Шариф, исто така, ја осуди експлозијата. An explosion at a mosque during Friday prayers has left at least 5 dead and 33 injured in Kohat district, Khyber Pakhtunkhwa province, Pakistan. As rescuers continue to search for more people, Police say they are still collecting evidence as to what might have caused the explosion. — Iftikhar Firdous (@IftikharFirdous) September 18, 2026 Активноста на милитантите во граничните области на Пакистан нагло се зголеми во последните месеци, а цел беа армијата и полицијата. Исламабад тврди дека милитантите користат безбедни засолништа во Авганистан за обука и планирање напади во Пакистан. Талибанската влада во Авганистан ги негира обвинувањата и вели дека милитантното насилство е внатрешен проблем на Пакистан.Тагови: Пакистан џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook