„Часовникот отчукува“ за Русија- ЕУ воведува нови санкции, доколку Путин не ги испочитува - Канал 5

„Часовникот отчукува“ за Русија- ЕУ воведува нови санкции, доколку Путин не ги испочитува

Европските земји ќе почнат да подготвуваат нови санкции против Русија доколку Кремљ не почне да се придржува до 30-дневниот прекин на огнот во војната со Украина до крајот на денешниот ден, соопшти германската влада.

„Часовникот отчукува“ за Русија- ЕУ воведува нови санкции, доколку Путин не ги испочитува

Портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин изјави дека „часовникот отчукува“ за Русија да почне да го почитува прекинот на огнот, а во спротивност се соочува со санкции , објави Ројтерс.

Лидерите на четири европски земји, Франција, Германија, Велика Британија и Полска, за време на посетата на Киев во саботата ја повикаа Русија на безусловно примирје кое почнува од денес и ќе трае 30 дена.

Украинската војска соопшти дека Русија извршила десетици напади по должината на фронтот во источна Украина денес, како и повеќе од 100 напади со беспилотни летала во текот на ноќта.

Рускиот претседател Владимир Путин имплицитно го отфрла прекинот на огнот откако предложи директни разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул во недела наутро на 15 мај.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи со предлогот, наведувајќи дека сака лично да се сретне со Путин.

Кремљ не одговори на овој последен предлог. Путин и Зеленски не се сретнале од декември 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер