„Чаша топла вода со лимон е глупост“: д-р Филгуд открива „магичен лек“ за слабеење - Канал 5

„Чаша топла вода со лимон е глупост“: д-р Филгуд открива „магичен лек“ за слабеење

Со потоплите денови, сè повеќе луѓе размислуваат за начинот на исхрана и диетите. 

„Чаша топла вода со лимон е глупост“: д-р Филгуд открива „магичен лек“ за слабеење

Постојат бројни диети кои на луѓето им нудат брзи решенија, а Саша Плеќевиќ, попознат како доктор Филгуд, во утринската програма на ТВ Прва коментираше некои од познатите диети.

„И баба ти знаела дека ако не вечераш, ќе ослабеш, или ако само ја намалиш количината на храна. А, автофагија, или 20 часа не јадеш, четири јадеш, тоа е грешка. Грешка е и да не јадеш 18 часа, а да јадеш шест. Светската здравствена организација вели дека првиот оброк е во 8 ч. наутро, вториот во осум навечер, треба да си легнете помеѓу десет и единаесет часот навечер. 12-14 часа си без храна, тоа е идеално. А, со автофагијата, каде за 4 часа јадете 200 пати повеќе отколку што ви е потребно во текот на денот, ќе се здебелите. Најдобро е да имате урамнотежена исхрана, три до четири, максимум пет оброци дневно и да се бидете без храна 12 часа“, вели д-р Филгуд, наведувајќи и некои други лоши страни на автофагијата.

„Луѓето прегладнуваат, не можат да издржат, не е здраво. Ако не јадете 20 часа, а јадете четири часа, вашиот организам се успорува по одредено време. После, иако јадете помалку, ќе се дебелите бидејќи вашиот организам штеди“.

За популарната кето диета, која вклучува зголемен внес на протеини, д-р Филгуд вели дека е „најлошото нешто што човек може да си го направи себеси“.

„Сега ќе бидам контрадикторен... Јас велам дека шеќерот е најголемиот непријател на нашето тело, но не во мали и умерени количини. Сè во умерени количини е здраво, но во поголеми количини шеќерот создава сало и доведува до мозочен удар, срцев удар, висок крвен притисок итн. Но, верувајте, ниедна клетка не функционира без шеќер...

Ако јадеме само протеини и масти, тоа е кето диета. Така го принудувате вашето тело да функционира на нешто за кое не е создадено. Друга работа, многу масти во исхраната или протеини, предизвикува дијабетес, бидејќи мастите ги блокираат клетките, не дозволуваат шеќерот да влезе во клетката. Апсолутно, тоа е најлошо нешто, па уште ако не пиете вода, тоа ги затнува бубрезите и се добива кетоацидоза , а тоа е ужас“.

Д-р Филгуд исто така рече дека популарниот пијалок, чаша топла вода со лимон, кој многумина го препорачуваат за слабеење, е глупост.

„Чаша топла вода со лимон е глупост. Дали еден лимон или пола лимон на празен желудник го менува ацидобазниот статус? Не. Тоа само повторно го активира панкреасот, односно инсулинот. Наместо тоа, пијте чаша вода на собна температура“.

Откако ги прокоментира популарните диети и објасни зошто не се добри, д-р Филгуд откри магичен лек за слабеење, со чија помош секој може да изгуби три до пет килограми за еден месец.

„Луѓе, бидете умерени. Умереноста и физичката активност се магичен лек за слабеење. Гарантирам дека секој од вас ќе изгуби од три до пет килограми за еден месец, тоа е здраво слабеење“, рече тој, додавајќи дека еден од најголемите проблеми е тоа што луѓето јадат брзо и не ја џвакаат храната доволно.

Тој потсети дека се потребни околу 20 минути за мозокот да добие сигнал дека сме сити, затоа џвакањето на храната е многу важно - ако џвакаме подолго, ќе јадеме подолго, а со тоа и ќе изедеме помалку бидејќи до мозокот ќе стигне сигналот дека сме сити.

извор

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

На крајот од денешниот протест, јавниот ред и мир повторно беа нарушени.

Почна хаосот во Париз: Маскирани демонстранти кршат и ограбуваат (ВИДЕО)

Во Париз, полицијата за немири користи палки за да ги растера групите маскирани млади луѓе кои ги кршеа прозорците на автосалоните на авенијата Кур де Венсен, јавува Би-Би-Си. Воздухот беше исполнет со густи облаци солзавец, а полицијата исто така интензивно користеше водни топови.

Претходно, протестот беше целосно мирен, а повеќе од 100.000 луѓе маршираа по рута што минуваше далеку од центарот на градот.

Полиција: 410.000 луѓе протестираа денеска во Франција

Вкупно 410.000 луѓе учествуваа во протестите низ Франција во саботата, вклучувајќи 110.000 во Париз, изјави за АФП француското Министерство за внатрешни работи. Излезноста беше малку помала од минатата недела, кога 550.000 луѓе излегоа на улиците.

Од друга страна, според податоците на синдикатот што ги организираше пријавените собири, 800.000 луѓе учествуваа во протестите во саботата низ целата земја, од кои 250.000 беа во главниот град. Судири избувнаа во неколку градови, вклучувајќи ги Париз, Лион, Рен, Нант, Бордо, Ница и Марсеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и врнежливо време со температура до 20 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

10 Попова Шапка, 14 Крушево, 16 Лазарополе, 18 Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Берово, Маврови Анови, 19 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Виница, 20 Битола, Велес, Штип, 21 Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, 22 Демир Капија, 23 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини имаше појава на магла. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладнево ќе се задржи променливо облачно, а до крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од самитот во Црна Гора каде намерно не се гледа премиерот на Косово, Албин Курти!

Рама намерно го отстрани Курти од фотографијата од Самитот во Црна Гора (ФОТО)

Рама на својот официјален Фејсбук профил објави две фотографии од Самитот на лидерите од Берлинскиот процес што се одржа во Милочер кај Будва, пренесе Телеграф. Официјалната фотографија од самитот, кој го отворија црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и германскиот канцелар Фридрих Мерц, ги прикажува лидерите од регионот како стојат еден до друг. Курти може да се види и како стои во првиот ред недалеку од Рама, но албанскиот премиер објави уште една фотографија, зголемена, но Курти веќе го нема.

Фотографијата е отсечена токму таму каде што се наоѓал.

Албанските медиуми, меѓу кои и Бота Сот, наведуваат дека тоа не е случајно и дека се знае дека односите меѓу Рама и Курти се лоши со години, а таквиот гест на албанскиот премиер, како што велат, е едноставно продолжение на нивните несогласувања. Голема бура, сепак, се крена и во коментарите под фотографиите, каде едни го критикуваа Рама за спорната фотографија, а други го оправдаа неговиот потег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер