Британка готви по 80 оброци дневно за болните во самоизолација (ФОТО)

Софи Мерс  поминува до десет часа на ден во готвење бесплатни оброци за да им ги доставува на оние кои не можат да ги напуштат своите домови поради пандемијата на коронавирус.

Софи, која вообичаено работи во администрација во локално училиште, започнала да работи од дома кога бил прогласен карантин, но исто така решила да стори нешто за да и помогне на заедницата. Нејзината идеја за бесплатни оброци наскоро се претвори во масовна мисија . Нејзиниот сопруг Гери организира и пакува оброци за разнесување, а потоа тим од осум доброволци им доставуваат храна на оние што имаат потреба.

Мештаните донирале храна и пари за да ги покријат трошоците за подготовка на топли оброци, како што се супи, чорби и колачи.

"Се започна пред неколку недели. Некој рече дека има семејство на кое му треба оброк, па затоа јас зготвив храна за нив и така започна. Сега подготвувам оброци за 80 луѓе. Мојата кујна не е голема, тоа е само нормална, семејна кујна. Гаражата се претвори во магацин со неколку фрижидери и замрзнувач. Луѓето ме воодушевија со нивните донации од сè што ми треба “, рече таа.

„Не сметам дека работам ништо посебно, јас само готвам“, рекла скроманата Софи.

притисни ентер