Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
1Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
3Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Култура„Браќа Манаки“, омилена дестинација на филмските авториГодинава во Битола доаѓаат гости од 10, од вкупно 12, филма од главната конкуренција.ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор со огромно задоволство истакнуваат дека годинава во Битола доаѓаат гости од 10, од вкупно 12, филма од главната конкуренција. Ако погледнеме во минатото, овој пат имаме рекордна посетеност на директорите на фотографија и на другите автори од централната селекција. Податокот, исто така, потврдува дека наградите Камера 300 сѐ повеќе ги привлекуваат сите домашни и светски филмски творци да дојдат во Битола и на лице место да ја откријат магијата на најстариот фестивал на филмската камера, „Браќа Манаки“. Ако кон спиокот ги придодадеме добитниците Хозе Луис Алкаин (добитник на високата награда Златна камера 300 за животно дело), Ањес Годар (прва жена-кинематографер добитник на специјалната Златна камера), бравурозната српска актерка Мирјана Карановиќ, реномираните претставници на меѓународните жири комисии, потоа гостите од другите еминентни фестивалски програми како и од дополнителните настани, очигледно е дека Битола од 14 до 20 септември одново ќе биде пулсира во ритамот на филмот. Дел од досега најавените гости: Од Дечко бе доаѓа кинематограферот Филип Кирсамер, кој досега снимил 18 филма во различни формати. Бил оператор на камера на втората екипа на филмот В како Вендета. За Дечко бе ја доби наградата Лола, што е највисока филмска награда во Германија, како и 30 други награди по германските фестивали. Настојува да биде зад камерите на режисери-дебитанти. Од Снежана ќе пристигне Франчиско де ла Рика, еден од водечките кинематографери во баскиското крило на шпанскиот филм. Омилен снимател е на режисерот Алекс де ла Иглесија со кого потпишале десетина филмови. Зад себе има 37 наслови, меѓу кои и холивудскиот Оксфордски убиства со Илајџа Вуд и Џон Харт. За Филмот Снежана ја добил награда Гоја. Од Куќа со кула претставник ќе виде Римвидас Леипус, литвански кинематографер со меѓународно искуство. Снимал со еминентниот литвански режисер и кинематографер Шарунас Бартас, но и со белгиско-американскиот авторски тандем Петер Бросенс-Џесика Вудворт. Куќа со кула е добитник на наградата East of West на Карлови Вари и главната награда на Талинскиот фестивал. Од Танго либре ни доаѓа кинематограферката од Брисел, Виржини Сент-Мартин, потписничка на 41 филм, омилена директорка на фотографија на режисерот Фредерик Фонтејн, еден од најактивните белгиски режисери, снимала со актерката Изабел Ипер, а раководела со камерата и на првите два филма на македонската филмска авторка Теона Митевска. Од филмот Петтата сезона ќе присуствува американската режисерка Џесика Вудворт, 40-годишна авторка на филмови со етнолошка заднина кои се наградувани (Алтиплано, Кадак) и снимани на егзотични места на планетата. Го снимила првиот театарски филм Урга сонг во Монголија. Филмот со кој доаѓа има освоено главна награда во Гент, Фипресци и специјална награда од жири на Ваљадолид, додека пак во Венеција ги освоила наградите Грин дроп и Јанг синема. Од Ило Ило ќе допатува Французинот Беноа Солер, кинематографер кој досега снимил 14 кратки филмови и многу реклами. Ило Ило му е прв долгометражен игран филм, снимен со режисер од Сингапур. Од Запри го растрепереното срце доаѓа Диего Ромеро, кинематографер роден 1975 година. Од филмографија има 17 кратки и играни филмови. Проектот кој го претставува беше номиниран во официјалната конкуренција во Кан. Од Полска доаѓа филмот Папуша со Кшиштоф Птак, кинематографер што ќе остане запаметен како првиот полски сниматели што користел дигитална камера во филмот Порнографија. Има потпишано 41 наслов со водечките полски режисери: Вајда, Сколимовски, Барански, Колски и многу други. Освен што е професор на факултет, има освено и многу награди. Од светската премиера Слатки, ќе присуствува г-динот Фред Келемен, кинематографер од унгарска и германска националност. Потпишал многу филмови и видеа како режисер, а како кинематографер снимал за Бела Тар, Рудолф Томе, Гарин Торосијан, итн. Во 2011 година на „Браќа Манаки“ ја доби наградата Златна камера 300 за филмот Коњот од Торино. Како што објавија некои медиуми, годинава самиот инсистираше светска премиера да ја има на истиот Фестивал. Конечно, од македонскиот филм Соба со пијано го имаме Томи Салковски, кинематографер и продуцент, поранешен директор на ИФФК „Браќа Манаки“, кој го пријави учеството на фестивалот во ЕЦФФ / Интернационалното координативно тело на филмски фестивали. Претседател е и на Македонскиот секција на ИМАГО / Европската федерација на кинематографери. Од екипата на Соба со пијано ги најавуваме и режисерот Игор Иванов, актерите Торстен Фогес од Германија и Невена Ристиќ од Србија, домашните Наташа Петровиќ и Васил Зафирчев, потоа Ана Булајиќ Црчек, шминка на филмовите Гладијатор, Тит, Трето полувреме, Падот на црниот јастреб. Од програмата Нови визии, ни доаѓа авторот Том Шовал со дебитантскиот филм Младост, кој светска премиера имаше на Берлинскиот филмски фестивал. Исто така, ќе гостува и Мирослав Мандиќ од Адрија блуз кој ја имаше светската презентација на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, а во Битола ќе го има своето прво регионално прикажување. Освен што ќе биде член на жирито во главната програма, Амнон Злает од Израел доаѓа да претстави два свои филма. Падот на Касбах во програмата Нови визии и Уметност/насилство во документарната, за кој во Берлин ја доби наградата Cinema Fairbindet. Исто така, од документарната програма ќе пристигне и Жељко Мирковиќ, автор на Втората средба, кандидат за Оскар на Србија и САД и со крајно впечатлив синопсис. Годинава премиера во Битола ќе има документарниот филм Барајќи ја среќата на Марија Џиџева, при што ќе биде присутна режисерката, како и младоженците „актери“. Особена чест и предизвик ќе биде да се донесе и Кирил Ценевски, поради неговото мошне селективно присуство на филмски настани. Доделувањето на посебната Златна камера 300 „поради визијата но и храброста на голем борец“, се надеваме, ќе биде поттик повеќе да го удостоиме со почеста да се качи на фестивалската сцена. Најпосле, Фестивалот годинава врши подмладување, така што, ќе бидат присутни четириесетина студенти од академиите во Скопје, Љубљана, Белград. 34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност. Жири-комисиите што ќе ги одредат наградите се во состав од реномирани интернационални личности од светот на културата и уметноста. Покрај сценариото на гламурозната српска актерка Мирјана Карановиќ, на Сценариското катче „Браќа Манаки“ се одбрани уште пет проекти. Со мотото „Пушти ја светлината“ во 10 програмски целини Фестивалот донесува врвни 74 наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери и два кандидати за Оскар. Друштвото на филмските професионалци на Македонија одлучи првпат да воведе и посебна Златна камера 300 за особен развој на македонската кинематографија која ќе ја додели на режисерот Кирил Ценевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со можност за долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуален напад на три други.Неговиот случај предизвика бран реакции во Велика Британија, особено поради начинот на кој жртвите на сексуален напад се третираат на суд. По пресудата, се зголемуваат повиците за промени во законските правила што ги регулираат судењата за силување. Причина за ова беа некои од тврдењата изнесени за време на одбраната на Бренд, за кои шефот на лондонската метрополитенска полиција, Сер Марк Рол, рече дека се опасно блиску до обвинување на жртвата. Тој предупреди на широко распространетите предрасуди за тоа како треба да се однесува лице кое преживеало сексуален напад, нагласувајќи дека не постои универзален одговор на такво искуство. - Некои луѓе ќе се борат, некои ќе се замрзнат од страв. Некои веднаш ќе кажат некому што се случило, додека други ќе молчат со години. Нема еден начин да се одговори, рече Рол. Тој ја поддржа иницијативата на комесарката за права на жртвите, Клер Ваксман, која се залага судиите да имаат законска обврска да ги информираат поротниците за митовите и заблудите за силувањето и однесувањето на жртвите. Според нејзиниот предлог, ваквите предупредувања треба да бидат составен дел од секое судење за силување, а иницијативата би можела да биде вклучена во законот за судови и трибунали. Роле, исто така, очекува дека по пресудата на актерот, повеќе жени би можеле да бидат охрабрени да се јават доколку преживеале сексуално насилство. Расел Бренд е во озлогласен затвор Додека чека понатамошен развој на судскиот случај, Расел Бренд е во затворот Вандсворт, во југозападен Лондон, кој е познат по своите многу тешки услови. Поранешниот тенисер Борис Бекер претходно зборуваше за овој затвор, откако отслужи казна таму откако беше осуден за прикривање средства во вредност од околу 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање долгови по прогласувањето банкрот. Потсетете се дека Бекер беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година, а подоцна опиша колку тешко му било времето зад решетки. Тој рече дека бил опкружен со осуденици за најтешки кривични дела, вклучително и убијци, и дека еден затвореник дури му се заканил со смрт. - Вандсворт е навистина голем, многу валкан и исклучително опасен затвор. Има убијци, педофили, дилери на дрога, среќавате секакви луѓе. Сè се сведува на преживување. Кога ќе излезете од ќелијата, мора да се грижите за себе, бидејќи чуварите нема да го сторат тоа наместо вас - претходно рече Бекер. Поранешниот шампион на Вимблдон призна дека на почетокот се обидел да избегне контакт со очите со другите затвореници и да се држи настрана за да избегне проблеми. Жена во скандалот проговори на Би-Би-Си По пресудата на Бренд, се огласи и Џорџина Бејли, жената во центарот на скандалот Саксгејт во 2008 година. Во тоа време, Расел Бренд и водителот Џонатан Рос оставаа несоодветни и навредливи пораки на телефонската секретарка на нејзиниот дедо, актерот Ендру Сакс, познат по улогата во серијата „Фолти Тауерс“. Нивните пораки предизвикаа огромен јавен негод, што го натера Бренд да го напушти Би-Би-Си Радио 2, додека Рос беше суспендиран три месеци. Скандалот, исто така, доведе до промени во начинот на кој британскиот јавен сервис ја контролираше содржината на своите програми. Џорџина сега изјави дека верува оти правдата е задоволена по пресудата на Бренд. - Иако никогаш не ме силувал ниту нападнал, како што секогаш сум велела, не знаев што се случувало зад затворени врати меѓу него и жените што го обвинувале. Нивните сведоштва беа убедливи. Тој беше прогласен за виновен и сега сакам да ја исправи неправдата што ја направил - рече таа. Расел Бренд е татко на три деца, а за време на судењето, кое траеше речиси четири недели, поротата размислуваше околу осум часа пред да донесе одлука за неговата вина. Според британските медиуми, кратко пред да биде објавена пресудата, Бренд ѝ се обратил на својата сопруга Лаура Галагер со зборовите: „Лаура, те сакам“.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНапаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција. Footage from the final scene of the Krakow, Poland shooting. The mass-shooter laying on the ground. You can somewhat get a look at the idiots face in this video https://t.co/g3TSp9cxzk — OpticNoir (@OpticNoir) November 7, 2026 На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен. Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби. „Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа. „Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа. Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична. Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел. Ранетиот полицаец критично повреден, претрпел три прострелни рани Меѓу ранетите има двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба откако претрпел три прострелни рани. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — mirekm (@Sjuras17514) November 7, 2026 Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани. Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.Тагови: краков минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДали е ова следната претседателка на Германија? Следниот претседател на Германија најверојатно ќе биде сегашната претседателка на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер, објави синоќа „Билд“.Следниот претседател на Германија најверојатно ќе биде сегашната претседателка на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер, објави синоќа „Билд“, повикувајќи се на двајца високи функционери од конзервативната германска партија Христијанско-демократска унија (CDU). Ајгнер ќе биде номинирана за позицијата од страна на CDU и централно-левичарската Социјалдемократска партија (SPD), а одлуката официјално ќе биде објавена во понеделник. Баварскиот премиер и лидер на CSU, Маркус Зедер, ја предложи Ајгнер за кандидат уште во април. Премиерот на СПД во Бранденбург, Дитмар Војтке, ја опиша Ајгнер како „совршен кандидат“ кој ја познава германската политика „како прстите на раката“. Ајгнер е членка на Христијанско-социјалната унија (CSU), баварската сестринска партија на CDU, предводена од канцеларот Фридрих Мерц. Таа беше министерка за земјоделство помеѓу 2008 и 2013 година. CDU и CSU формираат заеднички парламентарен блок во Бундестагот, а во Европскиот парламент се дел од Европската народна партија. Иако ЦСУ долго време доминираше во баварската политика, ниту еден германски канцелар или претседател никогаш не дошол од нејзините редови. Позицијата претседател на Германија е во голема мера церемонијална, додека политичката програма на владата ја одредува канцеларот. Германија никогаш немала жена претседател (федерален претседател/бундеспрезидент), бидејќи сите 12 претседатели во 77-годишната историја на Сојузна Република Германија биле мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28