Борисов потврди дека нема да се кандидира за премиер, Герб ќе предложи друг кандидат - Канал 5

Борисов потврди дека нема да се кандидира за премиер, Герб ќе предложи друг кандидат

-Нема да кажам ништо додека не излезе изборната комисија и не ги прочита сите министри на чело со премиерот. Денеска ви кажувам, јас нема да сум кандидат за премиер., вели Бојко Борисов, премиер на Бугарија во заминување.

 Борисов потврди дека нема да се кандидира за премиер, Герб ќе предложи друг кандидат

Се плашам само од Господ., изјави Борисов пред новинарите

Бестрашен, самоуверен и како што за себе вели, во моментов најподготвен за позицијата премиер, Бојко Борисов сепак потврди - нема да се кандидира за премиерска функција. Убедливиот победник на изборите, кој деновиве ќе го добие мандатот од Радев, забележително нервозен само соопшти дека ќе предложи кандидат со јасна европска и НАТО ориентација.

-Нема да кажам ништо додека не излезе изборната комисија и не ги прочита сите министри на чело со премиерот. Денеска ви кажувам, јас нема да сум кандидат за премиер., вели Бојко Борисов, премиер на Бугарија во заминување

Дел од медиумите веќе објавија дека сигурен кандидат за премиер ќе биде Даниел Митов, екс министер за надворешни во техничката влада на Георги Близнашки, вест која нема речиси никакво значење, со оглед дека шансите на ГЕРБ да формира влада се речиси никакви. Оттука, сите погледи и натаму се насочени кон шоуменот Слави Трифонов, чиј континуиран молк е несфатлив за Борисов.

-Секоја вечер во прајм тајм, г-н Трифонов држеше политички предавања со голема омраза кон власта, кон Плевнелиев, кон мене, кон сите. Така што не е случајно, новото појавување на политичката сцена. Треба да се преземе одговорност, изјави Борисов

Трифонов во моментов е позитивен на Ковид-19, а од изборите се огласи само два пати на фејсбук. Речиси сите политички партии, вклучително и ГЕРБ и бугарските социјалисти, директно или индиректно му понудија поддршка да формира кабинет. Иако во игра се неколку комбинаторики, најизвесна коалиција засега би можела да биде составена од Има таков народ на Трифонов, БСП, Демократска Бугарија и Исправи се, кои би имале комотни 135 мандати во Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Герасим Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче и затоа не може да коментира паушално

Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДС, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.

Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.

Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари.

На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДС предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Парни ваљак објави дека ги одложува сите концерти планирани за октомври и ноември. 

Одложени се концертите на „Парни ваљак“ во Словенија и Швајцарија- пејачот мора на операција

Причина е операцијата на гласните жици на која треба да се подложи пејачот Игор Дрвенкар, по што му треба време да се опорави.

Пораката на бендот до публиката

Бендот се обрати до публиката преку социјалните мрежи. „Поради оперативната интервенција на гласните жици на која мора да се подложи нашиот Игор и потребното време за закрепнување, принудени сме да влеземе во состојба на мирување во текот на 10-тиот и 11-тиот месец од оваа година и да ги одложиме сите концерти во тој период“, се вели во соопштението.

„Здравјето на Игор е наш прв приоритет, а сега најважно е што има доволно време за целосно закрепнување. Ви благодариме за разбирањето, поддршката и трпението. Се надеваме дека наскоро сите ќе се вратиме на сцената заедно, веќе во 12-тиот месец, каде што сите сме најсреќни - заедно со вас!“

Дрвенкар: Се надевам дека ќе се вратам во декември

Самиот пејач Игор Дрвенкар се обрати до јавноста со својата порака. „Драги мои, за жал, дојде време да престанам засега и да се посветам на моето здравје и целосно закрепнување. Знам колку сите се радувавме на концертите што нè очекуваат и верувајте ми, не ми е лесно што ќе мора да ги одложиме“, напиша тој.

„Да бидам на сцената, да пеам и да ги споделувам сите тие моменти со вас е нешто што навистина ме исполнува, и затоа оваа пауза ми е уште потешка. Но, здравјето сепак е на прво место и верувам дека ова е само кратка пауза по која ќе се вратиме уште посилни. Се надевам дека во декември повторно ќе бидеме заедно, ќе пееме со сета сила и ќе надоместиме за сè што пропуштивме. Ви благодарам од дното на срцето за вашето разбирање, поддршката и сите убави зборови. Се гледаме наскоро!“

YouTube video

Информации за билетите

Одложените концерти се настапот на 17 октомври во Домжале во Словенија (Спортска сала) и 7 ноември во Цирих (Stadthalle Dietikon). Бендот вели дека за сите информации за претходно купени билети и нови датуми, треба да ги контактирате организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, во Истанбул, каде што двајцата учествуваат на Меѓународниот самит за правда.

Шасивари - Нгефа: Меѓународниот дијалог отвора нови перспективи за соработка

Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда.

Различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества.

Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер