Веб ТВ„Болката“ на официјална Софија е Втората светска војнаFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМО: Заменик министерот Шабани на свеченоста во Балканските медицински наменски силиЗаменик министерот Шабани на свеченоста во Балканските медицински наменски сили: Градиме модел на регионална соработка базиран на доверба, партнерство и заедничка одговорност.Заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (30 јуни) се обрати на свеченоста пред Командата на Балканските медицински наменски сили (БМНС), организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на позицијата „рамковна земја“ на БМНС. Со оваа свеченост, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека претседавањето со Управниот одбор го превзема Словенија. На свеченоста присуствуваше и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Во обраќањето, заменикот-министер истакна дека Балканските медицински наменски сили се доказ дека ако една е идеја заснована на доверба, партнерство и заедничка одговорност, таа може да прерасне во успешен и препознатлив модел на регионална соработка. „Во време кога безбедносните ризици стануваат сè покомплексни, а природните катастрофи, здравствените кризи и хуманитарните предизвици не познаваат државни граници, ниту една земја не може сама да ги изгради сите потребни капацитети. Токму затоа Балканските медицински наменски сили претставуваат пример како преку здружување на знаењето, ресурсите и способностите можеме да изградиме систем кој е посилен од збирот на неговите поединечни делови“, рече Шабани. Тој додаде дека фактот дека нашата земја е домаќин на Постојаната организација претставува признание и доказ за нашата улога како доверлив партнер, како држава која верува во дијалогот, соработката и заедничките решенија, а се осврна и на преземањето на функцијата командант на БМНС, како чин од особено значење за македонската Армија. „Ова не е само чест. Ова е голема одговорност. Одговорност да продолжиме да ги развиваме мултинационалните медицински способности, да обезбедиме квалитетна обука, современа опрема, интероперабилност и висока подготвеност на единицата за сите мисии и задачи што можат да произлезат во иднина. Убеден сум дека нашите професионалци ќе ја оправдаат довербата што им е укажана и ќе придонесат за понатамошното зацврстување на Балканските медицински наменски сили како респектабилен регионален капацитет, целосно усогласен со стандардите на НАТО, Европската Унија и Обединетите Нации“, рече заменикот-министер. На свеченоста се обратија и досегашниот и новопоставениот командант на БМНС, полковникот Вељко Милиќ и полковникот Драганчо Војнески. Полковникот Милиќ порача дека денес БМНС е меѓународна организација со дипломатски статус, чиј „централен оперативен капацитет е Полската болница од ниво РОЛ 2Б, составена од најмногу 100 припадници, високо квалификувани и посветени медицински професионалци од шесте земји учеснички.“ Полковникот Војнески, пак, укажа на угледот, достигнувањата и стратешкото значење што оваа организација ги изгради во текот на изминатата деценија. Додаде дека досегашното искуство покажува дека предизвиците со кои денес се соочуваме можат да се надминат единствено преку единство, координација и заедничка посветеност. На свеченоста се обрати и амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом која порача дека земјата активно да го поддржува развојот капацитетите и интероперабилноста на БМНС. Денеска беа одбележани и два значајни јубилеи – 15 години од покренувањето на иницијативата за формирање на БМНС и 10 години од воспоставувањето и отворањето на Постојаната организација на БМНС со седиште во Скопје, а беа доделени и плакети на лицата заслужни за развој на оваа иницијатива во изминатиот период.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе одложува влегувањето во затвор на Стевчо ЈакимовскиСе одлага почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој од здравствени причини го побарал тоа уште на 12 јуни.Откако Апелацискиот суд претходно ја потврди пресудата со која Јакимовски е осуден на една година затвор, Основниот кривичен суд Скопје го прифатил неговото барање за одлагање на издржувањето на казната. Сепак, конечната одлука за тоа до кога ќе трае одлагањето сè уште не е донесена, бидејќи судот не ги добил медицинските извештаи од двете приватни здравствени установи што ги навел Јакимовски. До донесувањето на одлуката, Јакимовски нема да биде упатен на издржување на затворската казна. Јакимовски инаку е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда. Во издржувањето на казната ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги поминал во куќен притвор.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалностМинистерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правотоМинистерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна динамика, професионален пристап и целосна посветеност на европската агенда. „За помалку од две години подготвивме околу триесет законски решенија, од кои тринаесет се директно поврзани со Реформската агенда. Овој законодавен циклус претставува најобемен реформски процес реализиран од Министерството за правда во толку краток временски период и е јасен доказ за институционалниот капацитет, одговорноста и решителноста со кои се спроведуваат реформите“, истакна министерот Филков. Тој нагласи дека реформите се реализираат во тесна координација со Владата, Европската комисија, експертската јавност и меѓународните партнери, со единствена цел – создавање функционален, ефикасен и европски правосуден систем. Во рамките на четвртото барање за ослободување средства од Реформската агенда, во областа „Владеење на правото“ се следат 17 реформски чекори, при што седум од нив се поврзани со донесување на 13 законски решенија што се во надлежност на Министерството за правда. Министерот информираше дека сите законски решенија се подготвени, четири веќе се донесени од Собранието, а останатите се наоѓаат во различни фази од законодавната постапка. Според тековната динамика, ќе биде пријавена реализација на осум реформски чекори, додека за уште два продолжуваат активностите за обезбедување поширока политичка поддршка, пред сè за Законот за јавното обвинителство и Изборниот законик. Пред амбасадорите беа презентирани и најзначајните реализирани резултати, меѓу кои донесувањето на новиот Закон за Судскиот совет, целосно усогласен со препораките на Оценската мисија на Европската Унија и Венецијанската комисија, како и новите Закони за судска служба и за јавнообвинителска служба, со кои се гарантираат правата на вработените, се унапредува системот на вработување и се воспоставува правично вреднување на трудот. Министерот Филков посочи дека се пополнети сите работни места во Агенцијата за управување со одземен имот, избрани се двајца нови членови на Судскиот совет согласно новиот закон, додека постапката за избор на третиот член е во завршна фаза. Дополнително, преку платформата на Европската комисија се евидентира континуирано зголемување на бројот на истраги, обвиненија, пресуди, конфискации и случаи на управување со одземен имот во предметите од областа на корупцијата, организираниот криминал и перењето пари. Во завршна фаза се и новиот Закон за јавното обвинителство, Законот за судски буџет, новиот Закон за кривичната постапка и новиот Кривичен законик, со кои ќе се комплетира најобемниот реформски пакет во правосудството во последните години и ќе се воспостави современа правна рамка усогласена со европските стандарди. „Реформите се инвестиција во иднината на државата. Со нив градиме посилни институции, поефикасно правосудство, повисока доверба кај граѓаните и побрза европска интеграција. Таму каде што е потребен политички консензус, очекувам одговорност и државнички пристап од сите политички чинители, затоа што европските реформи се обврска кон државата и кон идните генерации“, порача министерот за правда Игор Филков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24