„Бејби Надал“ незадржлив, Алакарас ке игра финале во Мајами - Канал 5

„Бејби Надал“ незадржлив, Алакарас ке игра финале во Мајами

Карлос Алкарас, феноменалниот шпански тинејџер кого Рафаел Надал го прогласи за свој наследник ќе игра во финалето на мастерсот во Мајами. 

„Бејби Надал“ незадржлив, Алакарас ке игра финале во Мајами

Популарно наречениот ,,бејби Надал“ во полуфиналето со 2-0 во сетови го елиминираше Пољакот Хуберт Хуркач. Алкарас во финалето ќе игра со норвежанецот Каспер Руд. Доколку Шпанецот победи утре, од понеделник ќе се пробие на 11-та позиција на АТП листата. Со неполни 19 години Шпанецот е втор најмлад тенисер со финале во Мајами. Рафаел Надал беше 29 дена помлад кога играше за трофејот во т.н. петти грен слем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби.

ВМРО-ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница настапи со визија, програма и проекти за развој на општина и за подобар живот на граѓаните.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт во кој ние ја потенциравме силата на единството, соживот и меѓусебната почит, инфраструктурните инвестиции, подобрите услови за живот, додека противниците искористувајќи ја демографската состојба повикуваа на етничко гласање.

Нашите опоненти се обединија и сите заеднички наместо натпревар на идеи, изборната трка ја претворија во ринг на поделби по разни основи.

ДУИ, СДС, Левица, за жал, и ВРЕДИ како тројански коњ од една страна, а ВМРО-ДПМНЕ од другата страна. Ние сами против сите, и благодарение на довербата која ни ја дадоа имаме значителен раст на бројот на гласовите кои, за жал, не беа доволни за Јованчо Радичевски да биде избран за градоначалник.

Од 3.000 гласа во првиот круг стигнавме до 4.200 гласа за ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг, додека споредено со парламентарните избори растот на гласови е 1.300.

СДС и политичката партија Левица во првиот круг овие предвремени локални избори целосно ги декласиравме, завршија на четврто и петто место, а како последна сламка за да му наштетат на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг се ставија во служба на ДУИ за одвлекување на гласови.

Тоа што предизвикува особена жал е што нашиот коалициски партнер, ВРЕДИ ја пропушти можноста во Брвеница да биде поразличен од ДУИ и да се издигне над етничкиот национализам, со што се покажа дека исто како и кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ.

Но, после овие избори, уште од утре граѓаните и Македонци и Албанци ќе очекуваат проекти и развој, а не национализам, ќе очекуваат резултати, а не демагогија кој од која партија е или на која етничка заедница градоначалникот припаѓа.

Затоа, Брвеница нема да биде заборавена, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира, да вложува и да гради за развој на општината и подобри услови за живот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Швајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион.

Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна

Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер