Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
2Кочоска на брифинг со новинарите уверуваше дека буџетот за 2027 година е развоен, а долгот во рамки на планираното
3Народната банка ја започна продажбата на 95,3 проценти од акциите на „АЛТА банка“, првата аукција закажана за 30 ноември
Свет„Амнести интернешнел“ повика земјите од ЕУ да престанат да му доставуваат оружје на Израел„Амнести интернешнел“ во писмо до Борел повика земјите од ЕУ да престанат да му доставуваат оружје на Израел.Организацијата за заштита на човекови права „Амнести интернешнел“ во писмо до високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел, во кое денеска имала увид агенцијата ДПА, ги повика земјите од Европската унија да престанат да му доставуваат оружје на Израел. Организацијата, исто така, побара од ЕУ да не вложува ниту тргува со израелските населби на окупираните палестински територии, што беше оценето за нелегално во неодамнешното мислење што го објави Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг. „Амнести интернешнел“ го испрати писмото пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел на кој ќе се разговара за војната во Газа меѓу Израел и Хамас, која започна со масакрот на Хамас врз израелските цивили во јужен Израел на 7 октомври. Во јули, МСП во необврзувачко советодавно мислење рече дека речиси 60-годишната окупација на палестинските територии од страна на Израел го прекршува меѓународното право и мора да заврши што е можно поскоро. Иако одлуката на т.н Светскиот суд не е обврзувачки, тој е значаен бидејќи има авторитет на меѓународното право и може да ја ослаби поддршката за Израел. Највисокиот суд на Обединетите нации соопшти дека израелските населби, кои се изградени на окупираните палестински територии, се нелегални. МСП, исто така, рече дека членовите на судот, вклучително и земјите од ЕУ, имаат одговорност да не ја поддржуваат окупациската политика или да не го прифаќаат статус квото создадено од Израел. „Амнести интернешнел“ во писмото до Борел наведува дека земјите од ЕУ „испорачувајќи оружје, технологија и опрема“ на Израел, не ја исполнуваат оваа обврска./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСекое десетто бебе на ГАК се раѓа предвремеСекое десетто бебе на Гинекологија се раѓа предвреме, а битката за живот во инкубаторот трае долго, бидејќи понекогаш се случува и да забораваат да дишат кога ќе се тргнат од апарат, но се почесто малите, но големи борци си заминуваат дома. Вака, со гордост во погледот, лекарите од одделот за неонатологија раскажуваат за третманот на децата кои пред време доаѓаат на овој свет, а по повод Светскиот ден посветен на прематурните новороденчиња. Годинава најмалото бебе родено на ГАК имало само половина килограм. Состојбата е значително променета во последните години и не е како порано по две бебиња да се третираат во еден инкубатор, велат од ГАК. Сега со донации има доволно инкубатори. Македонија сега има помала смртност кај предвремено родените бебиња споредено со европскиот просек, но сепак, фалат медицински сестри. Во моментов 40 тина бебиња се на одделот за неонатологија, но поради случаите на грип и морбили, посетата на родителите и блиските е ограничена, поради што здравствените власти апелираа на вакцинација со цел да се заштитат најранливите – бебињата кои во првата година не смеат да примаат МРП вакцина. Тагови: ГАК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЛицата со афазија добиваат прв клуб во државатаНа околу десет илјади луѓе им е потребна помош со состојба на афазија или нарушување на говорот, разбирањето, читањето и пишувањето настанато по мозочен удар или повреда на мозокот. Во рамките на Центарот за рехабилитација за говор се отвори центарот. Иницијатор е адвокатката Мирјана Марковска и Здружението за поддршка на лица со афазија ХОУП, која по состојба на мозочен удар, таа сака да им помогне на сите луѓе кои имаат афазија. Овој центар може да го посетат сите кои имаат ваква состојба заедно со нивните семејства, и да им се помогне и на другите членови на семејството за полесна комуникација. Со лицата ќе работат логопеди, психолози и кадар што е потребен за оваа состојба. Логопедите објаснуваат дека со правилни вежби им се помага многу на лицата со афазија, пред се на помладите луѓе кои се работо способни и имале мозочен удар или повреда на мозокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитовски бара мандат за дејствување: Ќе го решам проблемот со кравитеГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска повторно побара од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство итно да утврдат законски механизам со кој Општината ќе може да ја координира акцијата за отстранување на добитокот од улиците и имотите на граѓаните, во соработка со надлежните институции и под ветеринарен надзор. Според Митовски, правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот постојат повеќе од две години, но сè уште не се целосно спроведени. Тој истакна дека граѓаните предолго трпат материјални штети и дека е неопходна заедничка и координирана акција на надлежните институции во најможен краток период. -Се што барам од вас е да ми дадете законски мандат. Барем правен механизам што ќе ми овозможи да ја превземам организацијата и координацијата на терен заедно со сите надлежните останати институции и конечно да ги релоцирам животните од улиците и имотите на граѓаните. Ќе подготвам протокол и оперативен план и ќе ја спроведам акцијата за помалку од 10 работни дена, само најдете начин да добијам законски овласувања – изјави Сашко Митовски – Градоначалник на Крива Паланка. Од друга страна, директорот на АХВ, Јовица Андовски, вели дека минатата недела остварил средба со градоначалникот и дека веќе се подготвува оперативен план со конкретни надлежности, активности и рокови за решавање на проблемот. „Во постојана комуникација сме со градоначалникот. Знае тој дека го работиме оперативниот план со којшто целосно точно ќе се знае која институција за што ќе биде задолжена, со точни активности, законски рокови и очекуван исход. Овој оперативен план е во завршна фаза, очекувам во наредниот период да го споделиме со надлежните институции и заеднички со градоначалникот и другите институции коишто имаат надлежност да го разгледаме, додадеме некоја плус активност и во најкуси утврдени рокови, прецизни и надлежности да излеземе на терен и да го решиме проблемот – изјави – Јовица Андовски, директор на АХВ. Градоначалникот Митовски претходно побара и прогласување 30-дневна кризна состојба поради неконтролираното движење на повеќе од илјада грла добиток, кои предизвикуваат штети на земјоделските површини и приватните имоти, а претставуваат и опасност за сообраќајот. Сепак како што посочи тој планот минатата недела бил отфрлен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во меѓуврем проблемот со кравите во Крива Паланка беше во фокусот на повеќе регионални и светски медиуми, а новинската агенција Асошиејтед прес објави видео-сторија за состојбата во градот за проблемот кој трае повеќе од 15 години. Тагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter