„Амазон“ најави намалувања на трошоците и понатамошно вложување во вештачката интелигенција

Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси преку писмо ги извести акционерите за намалување на трошоците и покрај тоа што компанијата двојно ќе ги зголеми вложувањата во вештачката интелигенција.

Тој најавува можност за „намалување на услугата“ во малопродажбата во 2024 години, но и во наредните години.

„Амазон“ кон крајот на 2022 и во 2023 година имаше рекорден број отпуштања, при што беа елиминирани повеќе од 27.000 работни места. И оваа година се најавени кратења, а компанијата најави откази и во одделенијата „облак“ (cloud), „Прајм видео“ (Prime Video) и „Твич“ (Twitch).

Џеси во писмото предвидува дека услугата за компјутери во облак (AWS) на „Амазон“ ќе биде важен фактор во бумот на вештачката интелигенција ширум светот. Џеси ја презеде функцијата од основачот на компанијата Џеф Безос, кој поднесе оставка во средината на 2021 година. /МИА

МОН: Утре почнува второто полугодие од учебната 2024/2025

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие за основците и средношколците почнува утре, 20 јануари. 

Според календарите за работа, наставната година во основните и во средните училишта завршува на 10 јуни, освен за матурантите, за кои редовната настава завршува на 16 мај 2025 година.

По повод почетокот на вториот дел од учебната година, министерката за образование и наука Весна Јаневска на учениците, наставниците и родителите им посака успешно совладување на новите предизвици, нагласувајќи дека секој треба да придонесе во градењето пријателски и безбедни училишта, во кои владее култура на разбирање и соработка. Тоа се важни предуслови за стекнување квалитетни знаења, вештини и компетенции, кои младите ги оформуваат како одговорни граѓани и идни лидери на инклузивно, праведно и просперитетно општество.

Министерство за образование и наука

Стапи на сила примирјето во Газа

Прекинот на огнот во Газа стапи на сила во 11:15 часот (по локално време), соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Претходно, израелската влада потврди дека Хамас и доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот.

Почетокот на примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, требаше да започне во 8:30 часот (по локално време), но беше одложено бидејќи Хамас навреме не ги соопшти имињата на заложниците кои треба да бидат ослободени поради, како што наведоа „технички причини“.

Водици 2025: Елшани ја слави традицијата со гордост и заедништво

Елшани, малото живописно село во близина на Охрид, и ова утро го дочека големиот православен празник Богојавление – Водици во духот на вековната традиција. 

Жителите, како и секоја година, рано излегоа на утринската богослужба во црквата „Свети Пророк Илија“, каде се осветија водите како симбол на чистота и нов почеток.

Кулминацијата на празникот беше фрлањето на чесниот крст во изворските води, кај Клајнецот. Годинава, крстот го фати Петар Стевоски, кој претходно уште двапати ја имал честа да го направи тоа. Неговата радост беше очигледна, дополнета од наградите што ги доби – паметен часовник од Месната заедница и убава икона како благослов од црковниот одбор.

Според традицијата, тајфата на фаќачот ги посетува сите домови во селото, а жителите со искрена радост го даруваат крстот, внесувајќи топлина и заедништво во секој дом.

Прославата на Водици во Елшани традиционално продолжува со народен собир на сретсело, како и богати светијонски трпези кај овогодинешните кумови. Живата атмосфера, исполнета со песни, ора и звуците на традиционалните инструменти, го претвора празникот во вистинска магија и симбол на заедништво.

притисни ентер