Ергените ако се решат на брак  ќе добиваат градежно земјиште и пари од општинскиот буџет.  Проценките се дека за неколку години оваа општината со 12 села во кои живеат 6 илјади и 500 жители нема да постои.

Идната учебна година  во основното училиште ќе има само 6 првачиња..

За старите ергени- моми од ова и околните села нема. Тие пак или се мажат во град или во странство. Едни велат ергените од брак бегаат како ѓавол од темјан. Поради недостиг на средства за егзистенција, други тврдат парите не се проблем..
        
 80 одсто од населението се земјоделци работат и годишно произведуваат над 12 илјади тони пипер, илјада тони тутун, над 6 илјади тони пченица и други градинарски култури.

Инфраструктурно селата се поврзани со асфалтни патишта, а во некои села има  и централен водовод и солидни услови за живот.. 

          

Датум на објава: сабота, 10 август 2013 во 12:58
Зоран Момировски
Обновено во: 14:23

коментари

остави коментар