Пејачка се сопна среде настап и удри со главата, не успеаја да ја спасат (Вознемирувачко видео)

Трагедија се случи на концерт, кога пејачката (31) починала откако паднала на сцената. Таа се сопна од фустанот и ја удри главата во бината.

Жртвата настапувала во локален пензионерски дом во Кина на 90-ти роденден на еден жител, а трагичниот инцидент се случил откако испеала две песни.

Пејачката пред трагедијата одела многу бавно, а потоа се сопнала од долгиот фустан и се струполила, пренесува Мирор.

По падот таа останала да лежи неподвижна на сцената. Неименуваната жена престанала да дише, а членовите на персоналот се обиделе да ја реанимираат пред шокираната публика.

Работниците ѝ правеле компресии на градите додека лежела под рефлекторите. На 12 април таа била префрлена во блиската болница во кинескиот град Чонгкинг, но и покрај максималните напори на лекарите, таа починала набрзо по пристигнувањето. Пејачката изјавила дека не се чувствувала добро претходно тој ден, според Need to Know, каде што е објавено и вознемирувачкото видео.

Ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Да се ​​потсетиме на трагедијата од август минатата година кога беше убиен пејачот Серџо Муриљо гон Алвес Фиљо додека се обидуваше да раздели пар кој се расправаше на неговиот настап во Бразил. Тој бил застрелан во главата.

Претходно оваа година, јужноафриканскиот рапер беше еден од двајцата мажи убиени во пукање во Дурбан, а трагедијата се случи пред неговиот настап, според Мирор.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер