СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Стојоски собори државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки стар 44 години

Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

Во Штип одржана манифестацијата „Велигденски игри без граници“

Во ЗОО парк „Бриони“ во Штип денеска се одржа манифестацијата „Велигденски игри без граници“ во која учествуваат деца од штипските градинки. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека во соработка со локалната самоуправа и градинките денеска по третпат се организира „Велигденски игри без граници“ и се надева дека ќе прерасне во традиција.

-По повод велигденските празници, ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во општината го организира третиот по ред настан „Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП „Исар“ учествуваме во организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат, рече Зајков.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

притисни ентер