Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности

До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа. 

Како што вчера појасни претседателот на ДИК Александар Даштевски, кандидатите доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 8 мај заедно со парламентарните избори, одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија. Во тек се роковите за приговори до ДИК, кои можат да ги поднесат кандидатите за постапката на гласање и за сумирањето на резултатите.

До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа. Како што вчера појасни претседателот на ДИК Александар Даштевски, кандидатите доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

Првичните официјални резултати што вчера ги објави Државната изборна комисија покажуваат дека на гласање излегле 905.971 граѓанин односно дека одѕивот бил 49,93 проценти.

За Силјановска-Давкова гласале 363.086 гласови или 40.08 проценти, за Пендаровски 180.500 гласачи или 19,92 проценти, за Бујар Османи од ДУИ 121.088 или 13,07 проценти, за Максим Димитриевски од ЗНАМ 83.856 гласови или 9,26 проценти, за Арбен Таравари од албанската опозиција Вреди 83.393 гласови или 9,2 проценти, за Билјана Ваковска од Левица 41.331 глас или 4,56 проценти и за Стево Јакимовски од ГРОМ – 8.121 глас.

Од СДСМ побараа извинување од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова за навредите кон актуелниот претседател Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат, к

Гласањето на трите избирачки места во кумановско каде имаше прекин повеќе од три часа нема да се повтори бидејќи тоа, како што објаснија од ДИК, не влијае на конечните резултати, а ќе бидат разрешени и избирачките одбори на овие избирачки места.

– Врз основа на пристигнатите записници од ОИК доставени до ДИК и од увидот во истите и комуникацијата што ја имавме остварено во текот на вчерашниот ден со ОИК Куманово утврдивме дека избирачките одбори на овие три места немаат постапено соодветно на упатствата што ги носи ДИК, истакна Бобан Стојановски од ДИК.

Исто така ДИК ја задолжи и правната служба да утврди дали има основи за одговорност на избирачките одбори.

На изборите на 8 мај во избирачките одбори ќе има по седум члена наместо сегашните пет со цел подобра ефикасност во организацијата на работа, избегнување гужви на гласачкото место и избегнување на можноста од евентуални грешки.

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер