Стартот на „малиот маратон“ е пред Хотелот „Парк“, во 10 часот и 30 минути, додека финишот е на Градското пристаниште. Патеката е долга 2,5 километри.
Натпреварувачите на Илинденскиот пливачки маратон се поделени во две возрасни категории, од 10 до 16 години и од 16 години и постари. Годинава покрај маратонците од нашата земја, на стартот ќе се појават пливачи од Бугарија и Полска.
Рамо до рамо со учесниците ќе пливаат три дечиња од Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја” од Скопје.
Специјални гости на „малиот маратон“ ќе бидат директорот на Агенцијата за спорт и млади, Дарко Каевски, и првиот човек на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски.
Првиот маратон е одржан во далечната 1954 година, со вкупно сум пливачи, а рекордот го држи осумкратниот победник Александар Маленко (26.03.15 минути) поставен во 1997 година.

Датум на објава: среда, 02 август 2017 во 10:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар