Кошаркарите на Кливленд синоќа пред својата публика го победија Голден Стејт на домашен терен со 137:116 (49:33; 37:35; 29:28 и 20:22). Шампионот водеше во текот на целиот натпревар откако во првата четвртина постигна 49 поени што претставува нов рекорд.

Триото на Кливленд - Џејмс, Ирвинг и Лов заедно постигнаа 94 поени. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „трипл-дабл“ 31 поен, 10 скокови и 11 асистенции. Кајри Ирвинг беше најефикасен во 40 поени, додека Кевин Лав постигна 23.

Кај гостите најефикасен беше Кевин Дурант со 35 поени.

Следниот натпревар од финалето се игра на 13 јуни (вторник) во 3 часот по македонско време.

Датум на објава: сабота, 10 јуни 2017 во 10:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар